Топ-100
Back

ⓘ Анатомија на човекот. Анатомијата на човекот, која заедно со физиологијата и биохемијата, е основна медицинска наука чија првична цел е изучувањето на морфологи ..




Анатомија на човекот
                                     

ⓘ Анатомија на човекот

Анатомијата на човекот, која заедно со физиологијата и биохемијата, е основна медицинска наука чија првична цел е изучувањето на морфологијата на човечкото тело на возрасен човек. Анатомијата е поделена на голема анатомија и микроскопска анатомија. Големата анатомија е делот од анатомијата која ги проучува деловите од човечкото тело кои можат да се видат самостојно без никакви препарати, со еден збор, поглемите или покрупните делови. Микроскопската анатомија пак е делот од анатомијата кој ги проучува помалите делови од телото кои најчесто можат да се видат со помош на микроскоп, овдека спаѓаат и хистологијата и цитологијата. Анатомијата, физиологијата и биохемијата се комплементарно - основни медицински науки кои најчесто се изучуваат заедно.

Многу често анатомијата на човечкото тело е поврзувана со науки како ембриологијата, компаративната анатомија и филогенетиката, преку заеднички корени во еволуцијата. На пример, поголемиот дел од човечкото тело е поткрепено на античкиот сегментен шаблон кој се појавува кај сите рбетници.

Човечкото тело е составено од биолошки системи, кој пак се составени од органи, кој пак се составени од ткива, кој се составени од клетки и сврзни тиква.

Историјата на анатомијата, е карактеризирана веќе подолго време, од непрекинатото развивање на сфаќањата за функциите на органите и градбата на телото. Методите исто така драматично се развиваат, напредокот се потврдува со испитувањето на животните преку анализа на добро сочувани мртви тела од луѓе до комплексно развиените техники кој се појавија во дваесеттиот век.

                                     

1. Органски системи

Органски системи кај човекот се:

  • системот за движење, составен од:скелетен систем, мускулен систем и систем на зглобови и врски
  • дишниот систем
  • нервниот систем
  • системот за осетливост
  • системот за варење
  • системот за излачување
  • системот за циркулација
  • ендокриниот систем
  • лимфен систем
                                     

2. Делови на телото

Делови на телото кај човекот се:

  • глава лат. caput составена од: череп лат. cranium, лице лат. facies и черепна празнина лат. cavum cranii
  • врат лат. collum
  • екстремитети кои можат да бидат: долни лат. membrum inferius и горни лат. membrum superius
  • труп составен од граден кош лат. thorax, стомак лат. abdomen и карлица лат. pelvis со три празнини: градна лат. cavum thoracis, стомачна лат. cavum abdominis и карлична празниналат. cavum pelvis
                                     
  • предметот на проучување растение или животно анатомијата се дели на анатомија на растенијата, анатомија на животните и анатомија на човекот Анатомијата
  • градоначалник на Општина Тетово. При Фармацевтскиот факултет на ДУТ предава Анатомија на човекот и хистологија со ембриологија на човекот Односите помеѓу
  • Speaks With His Hands - песна на американската рап - група Паблик енеми Public Enemy од 1987 година. Анатомија на човекот Лакот Рака Прст Нокт Three - armed
  • полумесечеста бела зона која се нарекува лунула. Прсти Рака Нога Анатомија на човекот Маникир Педикир Feneis, Heinz 2000 Pocket Atlas of Human Anatomy
  • универзитетска професорка на Медицинскиот факултет во Скопје. Костандина Леонида Корнети - Пекевска е редовен професор по анатомија на Медицинскиот факултет
  • позната по тоа дека е творецот и еден од извршните продуценти на хит серијата Вовед во анатомија и нејзиниот спин - оф Приватна пракса. Во мај 2007, таа беше
  • Вовед во анатомија американска медицинско драматична телевизиска серија развиена од Шонда Рајмс, започна да се емитува на 27 март 2005 на ABC. Сезоната
  • објавувањето на списокот на 86 рудиментирани органи во својата книга Структура на човекот Индекс на неговото минато Анатомија на жабата Компаративна
  • традиции во современата биологија. Неговите полиња на интерес биле поврзани со споредбената анатомија и можностите за нивна еволуциона интерпретација. Најдобро
  • Ова е список на епизоди од серијата Вовед во анатомија која во Македонија се емитува на А1 телевизија. Датите на емитување на епизодите се од А1.

Users also searched:

...