Топ-100
Back

ⓘ Орде Чопела. Јордан Чопела или Орде Чопела - македонски комунист, учесник во НОБ. Одликуван е со Орден народен херој на Југославија на 2 август 1949 година. ..




Орде Чопела
                                     

ⓘ Орде Чопела

Јордан Чопела или Орде Чопела - македонски комунист, учесник во НОБ. Одликуван е со Орден народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.

                                     

1. Животопис

Јордан Чопела е роден во Варош, во семејство на печалбари. Многу млад се запишал во соколаната и бил еден од најдобрите вежбачи на справите, поради што бил испратен на слет во Софија, во 1930 година. Во 1933 и 1934 година служел војска, а потоа се оженил, и имал две ќерки. На изборите во 1938 година, Јордан бил активен агитатор.

Во 1940 година станал член на Комунистичката партија на Југославија. Активен бил во здружението на тутунопроизводителите. Поради учеството во организирање на штрајк против Монополот, со цел да се зголемат откупните цени на тутунот, му била испратена покана за воена служба. Таму, исто така, организирал бунт поради квалитетот на храната и бил осуден на три месеци затвор.

                                     

2. Учество во НОБ

Чопела бил активно вклучен во Народноослободителното движење за време на Втората светска војна во Македонија. На 16 јули 1941 година во неговиот стан во Прилеп е формирана Прилепска воена комисија. По директива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, во јануари 1942 година престојувал во Битола, каде што требало да подготви партизански одред во Битолско.

На 8 април 1942 година во Битола Јордан Чопела бил предаден, и по куса борба бил смртно ранет од страна на бугарската фашистичка полиција. Починал на 9 април 1942 година.

За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.

Во негова чест, едно од средните училишта во Прилеп го носи неговото име.

                                     
  • Орде Чопела - средно училиште во Прилеп, Општина Прилеп. Формирано во 1957 г. како средно земјоделско училиште по името Кузман Јосифовски - Питу, а подоцна
  • провалата во Битола во април 1942 година, непосредно по убиството на Орде Чопела бугарската полиција извршила упад во куќата каде била сместена техниката
  • Прилеп. Кире Гаврилоски - Јане 1918 - 1944 Илија Игески - Цветан 1920 - 1944 Орде Чопела 1912 - 1942 Борка Талески 1921 - 1942 Кузман Јосифоски - Питу 1915 - 1944
  • МК и МВШ во домот на Марко Ристески на кој присуствувале Вера Ацева, Орде Чопела Ѓоре Дамески, Марко Ристески и Борка Талески. На состанокот се донесува
  • припадници во работничкото движење во Македонија помеѓу двете светски војни Орде Чопела 1912 - 1942 - народен херој на Македонија од Втората светска војна
  • комунист, учесник во НОВ 3 мај - Торвалд Стаунинг, дански премиер 9 мај - Орде Чопела македонски комунист, учесник во НОВ 23 мај - Ташко Караџа, македонски
  • говорат за ѕверствата направени од страна на окупаторот врз првоборците Орде Чопела Трајко Тарцан, Ристе Секирчанец, Трајко Брко, Киро Шими и Цена Џинорозот
  • Јосифовски Питу СОУ Ѓорче Петров СОУ Ристе Ристески - Ричко и СУ Орде Чопела на кои постојат голем број на стручни насоки. Од високото образование
  • Лазар Колишевски Мара Нацева Методија Шаторов - Шарло Мирче Ацев Ордан Чопела Орце Николов Раде Јовчевски - Корчагин Кочо Рацин Светозар Вукмановиќ
  • некои илегална дејци во Битола. Во судирот со полицијата загинал Јордан Чопела - Кулакот, а некои биле уапсени. По оваа провала, партислата организација
  • Михајло Апостолски  Лазар Колишевски  Љупчо Арсов  Наум Наумовски  Орде Чопела Орце Николов  Раде Јовчевски - Корчагин  Рампо Левков - Левката 

Users also searched:

...