Топ-100
Back

ⓘ Високо образование ..




                                               

Декан

Првично декан бил главешина на дружина од десет војници или калуѓери. Подоцна, во средниот век називот се задржал во манастирите кои често биле многу големи и во кои можело да има и по стотина калуѓери. За полесно управување, калуѓерите биле организирани во групи по десет чиј поглавар бил калуѓер наречен "деканус". Кога од некогашните манастирски училишта се развиле универзитетите, називот "декан" продолжил да се користи за разни административни челници во тие образовни установи.

                                               

Европски кредит трансфер систем

Европски кредит трансфер систем - ЕКТС или Европски систем на пренос и акумулација на бодови претставува бројчен систем за квалитативно вреднување на работата на студентите што била вложена за стекнување знаења, способности и вештини што се предвидени со програмата за студирање, односно со конкретниот предмет во рамките на таа програма. Системот е еден од составните елементи на Болоњскиот процес, а со него е овозможено споредување на различните наставни програми на универзитетите и пооделните високошколски установи во Европа и признавање на дипломите. Иницијално, системот бил воведен за да ...