Топ-100
Back

ⓘ Административна поделба на Филипините. Филипините првостепено се поделени на: Покраини и независни Градови Барангаи Општини и составни градови и Други администр ..




Административна поделба на Филипините
                                     

ⓘ Административна поделба на Филипините

Филипините првостепено се поделени на:

  • Покраини и независни Градови
  • Барангаи
  • Општини и составни градови и

Други административни поделби од управен аспект се:

  • Судски региони.
  • Законодавни окрузи на представничкиот дом
                                     

1. Локални владини единици

Провинции

Сите региони освен Метро Манила се окарактеризирани како покраини. На чело на секоја покраина стои управник. Постои 81 покраина.

Градови и општини

Другите единици кои не се провинции се независни градови. Тие не се водат под провинциските влади и не учествуваат во нивните локални избори.

Општините се секогаш под покраинска управа, освен во регионот Метро Манила, и активно учествуваат во локалните избори на локалните влади.

Барангаи

Барангаите се градови со посебни управителства кои можат да бидат и поголеми градови и кои имаат сопствена самоуправа. На чело на секој барангај стои "капетан".

                                     

2. Други поделби

Региони

Регионите се посебни административни еинки во кои се групирани провинциите. Сите региони освен Автономниот Муслимански Регион Минданао немаат политичка моќ.

Законодавни окрузи

Филипините се исто така поделени на законодавни окрузи, кои можат да опфаќаат една покраина или повеќе. Може да биде и еден град, а и повеќе во група.

Правни региони

Филипините имаат 13 правни региони, кои служат како полесно воспоставување на правниот систом.