Топ-100
Back

ⓘ Света Гора, офиц. Автономна Монашка Држава Света Гора - третиот крак на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија. Тоа е автономна област на третиот крак од п ..




                                               

Трирачица

Богородица Трирачица или едноставно Трирачица - позната чудотворна икона во српскиот православен манастир Хиландар на Света Гора, Грција. На неа е претставена Богородица со младиот Исус во положба на хоџетрија и е покриен со риза. Таа е најважната икона на Српската православна црква. На задната страна на иконата е сликарството на Свети Никола.

Света Гора
                                     

ⓘ Света Гора

Света Гора, офиц. Автономна Монашка Држава Света Гора - третиот крак на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија. Тоа е автономна област на третиот крак од полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува еден од најзначајните православни центри во светот. Света Гора или Атос воедно е име и на познатата планина на полуостровот по која е наречена монашката држава. Во областа се сместени на 20 православни манастири и поголем број скитови, во рамките на автономна држава под грчки суверенитет. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Полуостровот, како дел од поголемиот полуостров е долг 60 км, а широк 7-12 км и има површина од 390 км 2.

                                     

1. Легенда

Според една легенда, Пресвета Богородица пловела заедно со Свети Јован Богослов кон Јопа во Кипар, во посета на Свети Лазар. Кога бродот со кои пловеле бил истуркан од бурата надвор од курсот, на тогаш паганската Света Гора, тие биле присилени да допрат во близина на пристаништето Климент, во близина на денешниот манастир Ивирон. Богородица излегла на брегот, и воодушевена од убавината на природата која ја видела таму, ја благословила и го замолила Господ да ја претвори во нејзина градина. Така според преданието се чул глас кој велел: "Нека ова место биде твое наследство и твоја градина, рај и небо на спасението за сите оние кои го бараат спасението!" Од тој момент планината е посветена на Мајката Божја, како нејзина градина, во која не е дозволено да стапне ниту една друга жена.

                                     

2. Историја

Света Гора, како манастирска заедница формално била основана во 963 година, кога монахот Атанасиј го основал манастирот Голема Лавра, најголемиот и најзначајниот манастир до ден денес. Манастирот бил заштитен од византискиот цар во текот на следните векови. Четвртата крстоносна војна во XIII век донела нови, римокатолички владетели кои ги присилиле монасите да бараат заштита од папата Инокентиј III до обновувањето на Византија. Исто така, каталонски платеници во XIV век вршеле кражби на Света Гора.

Кога во XV век дошло до конечен крај на Византија, власта над Света Гора ја презела Османлиското Царство. Од самиот почеток тие наметнале огромни давачки на монасите, но не интервенирале на никаков политички начин. Бројот на монасите и нивното богатство опаѓало во следните векови, но во XIX век Света Гора повторно заживеала, преку поклоничките патувања и доаѓањето на монаси од другите православни земји, при што секоја од нив ја преземала грижата за дел од манастирите. По завршувањето на Првата балканска војна и протерувањето на Турците постоел конфликт помеѓу Русија и Грција околу суверенитетот, за подоцна и формално полуостровот да потпадне под грчка власт по завршувањето на Втората светска војна.

Според грчкиот Устав, планината Света Гора е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири кои од своја страна ја сочинуваат Светата заедница која управува со територијата, а главниот град и админстративниот центар, Кареја, е седиште на гувернерот како претставник на грчката власт. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на Вселенскиот патријарх од Цариград. Покрај манастирите постоја уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Сите личности кои го живеат манастирскиот подвиг на таа територија, стануваат грчки државјани без никакви формалности, по нивното монашење. Мирјаните можат да ја посетат Света Гора, но со посебна дозвола и благослов.

Ниту една жена нема пристап на Света Гора. Дури и животните женки се забранети.

                                     

3. Јазици

Грчкиот јазик е во општа употреба во сите грчки манастири, но во некои манастири се говорат и други јазици; на пример, во Свети Пантелејмон се говори руски, во Хиландар - српски, во Зограф - бугарски, а во скитите Продрмос и Лаку романски. Голем дел од тамошните монаси говорат и англиски јазик.

                                     

4. Уметничко богатство

Светогорските манастири имаат богати ризници на средновековни богатства, како икони, литургиски одежди, крстови, путири, кодекси и други Христијански документи, свети мошти и друго. Во минатото не постоеле организирани студии и архивирање на богатството, но во скоро време Европската унија основа фонд кој започна со каталогизација, заштита и реставрација на ова богатство. Исто така, повеќето православни земји започнаа да се грижат за уметничкото богатство на своите манастири на Света Гора.

                                     

5. Света Гора како тема во уметноста и во популарната култура

Света Гора се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:

  • "Поздрав на Атос" Pozdrav Atosu - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.
                                     

6. Надворешни врски

  • Официјално мрежно место англиски
  • Света Гора: Светата Планина - Историја, култура, географија.
  • Вселенска патријаршија во Цариград - Духовниот татко на републиката.
  • Open Directory Project: Света Гора - Врски за монашката република.
  • Пријатели на Светата Гора
  • Виртуелна тура со 360° фотографии од Света Гора бугарски англиски
  • Света Гора - Монашкиот живот изложби руски англиски
  • Монаштвото во третиот милениум
                                     
  • Црна Гора во името во Кара - Даг, и овој израз сè уште може да се најде во употреба до ден денес. Скопска Црна Гора или уште позната и како Света Гора поради
  • дел од возвишенијата наречени Белоруски Срт. Изворното име на ридот е Света Гора Святая гара сменето во 1958 г. по блискиот град, а во чест на основачот
  • српски: Хиландар грчки: Χιλανδαρίου е српски православен манастир на Света Гора Егејска Македонија. Основан е во 1198 година од страна на Свети Сава
  • манастир, кој се наоѓа во северозападниот дел на Автономната Монашка Држава Света Гора на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија, Грција. Истиот e на 9 - то
  • во Егејско Море навлегуваат три помали полуострови: Касандра, Лонгос и Света Гора Атос Поголемиот дел од полуостровот му припаѓа на истоимениот округ
  • црквата Св. Ѓеорѓи во Цариград. Подоцна бил избран за епископ во Херсовои Света Гора а во 1767 година станал еписко во Солун. Бил избран за Вселенски патријарх
  • Ιβήρων, Monḗ Ibḗrōn - источноправославен манастир во монашката држава Света Гора во северна Грција. Ивирон е основан кон крајот на 10 век на местото на
  • царот Давид, манастирот Света Марија, сионската горница, Собата на Холокаустот како и католичките гробишта. До Сионската гора се оди преку т.н. Папски
  • на Света Гора Во април 1598 година бил повторно избран за патријарх и на престолот останал сè до јануари 1602 година, кога се вратил на Света Гора За
  • јуни 1350 до 1353 година и од 1354 до 1363 година. Калист I бил монах од Света Гора и поддржувач на Григориј Палам. Починал во Цариград во 1363 година. Ништо
  • поделени на 54 окрузи. Во регионот Македонија постои еден автономен регион - Света Гора Αγίον Όρος монашка држава под грчки суверенитет. Сместена е на најсточниот
  • Богородица појаснување Црквата Света Марија е црква која се наоѓа во Ерусалим, Израел, поточнно на сионската гора надворешно од стариот дел, блиску
  • составот на СФРЈ и Србија и Црна Гора Досега, Црна Гора нема освоено ниту еден медал. Националниот комитет на Црна Гора бил формиран во 2006 година, а

Users also searched:

...