Топ-100
Back

ⓘ Џ. Р. Р. Толкин. Џон Роналд Руел Толкин - англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна ја ..




Џ. Р. Р. Толкин
                                     

ⓘ Џ. Р. Р. Толкин

Џон Роналд Руел Толкин - англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна јавност по неговите епски дела "Хобитот", "Господарот на прстените" и "Силмарилион".

Толкин предавал староанглиски јазик на колеџот Сент Џон во Оксфорд и на колеџот Пембрук во Оксфорд од 1925 до 1945 година. Тој исто така предавал англиски јазик и книжевност на колеџот Мертон во Оксфорд од 1945 до 1959 година. Толкин своевремено бил близок пријател со К. С. Луис, со кој заедно членувале во книжевното друштво познато како Инклингс. На 28 март 1972 година Толкин бил одликуван со Редот на Британската Империја од страна на кралицата Елизабета II.

По смртта на Толкин, неговиот син Кристофер Толкин објавил серијал дела кои се всушност необјавени ракописи на самиот Толкин, меѓу кои и познатото дело "Силмарилион". Овие, заедно со "Хобитот" и "Господарот на прстените", создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен "Арда" и "Средна земја". Помеѓу 1951 и 1955, Толкин го вовел поимот "Толкинов легендариум", сеопфатен поим за најголемиот дел од овие дела.

Иако голем број писатели објавиле дека од сферата на фантастиката пред времето на Толкин, големиот успех на "Хобитот" и "Господарот на прстените" довеле до широко распространување и популарност на епската фантастика како жанр. Така, ова довело до општото јавно мислење и поистоветување на Толкин како "татко на современата книжевна фантастика" - или поточно епската фантастика. Во 2008 година, весникот "The Times" го рангирал Толкин на шестото место на списокот на "50 најголеми британски автори од 1945 година". Од друга страна пак, "Форбс" го рангирал на 5. место од најпрофитабилни "починати познати личности" во 2009.

                                     

1.1. Животопис Потекло

Предците на таткото на Толкин се по потекло од средната англиска класа, занаетчии, кои произведувале и продавале часовници, рачни часовници и пијана во Лондон и Бирмингем. Семејството емигрирало од Германија во 18 век. Според семејната традиција, Толкинови пристигнале во Англија во 1756 година, како бегалци по инвазијата на Изборното Кнежевство Саксонија за време на Седумгодишната војна. Неколку семејства со презиме "Толкин" живеат во северозападна Германија, воглавно во Долна Саксонија и Хамбург.

Толкин верувал дека неговото презиме потекнува од германскиот збор tollkühn, што значи "избезумен". Како и да е, потеклото на името не е потврдено. Германски писател претпоставил дека ова презиме потекнува од германското село Толкинен во близина на Растенбург, а денес тоа село се наоѓа во Полска и се вика Толкини. Името на селото потекнува од старопрускиот јазик.

                                     

1.2. Животопис Детство

Џон Роналд Руел Толкин е роден на 3 јануари 1892 година во Блумфонтејн во Слободната држава Орање, денес покраина Фри Стејт во Јужноафриканската Република. Таткото на Толкин бил Артур Руел Толкин 1857–1896, англиски банкарски управител, а неговата мајка била Мабел Сафилд Толкин 1870–1904. Тие ја напуштиле Англија кога Артур бил унапреден како управител на канцеларијата на Британската банка во Блумфонтејн. Толкин имал еден помлад брат, Хилари Артур Руел Толкин, кој е роден на 17 февруари 1894 година.

Како дете, Толкин бил каснат од голем пајак, една врста тарантула, во неговата градина, настан за кој многумина веруваат дека влијаел врз неговите раскази, иако тој признал дека не се сеќава на таквиот настан и немал некоја омраза кон пајаците. За време на еден друг настан, млад семеен слуга, за кој Толкин сметал дека е убаво дете, го зел бебето и го однел да посетат африкански трла, наречени крал, и го вратил детето следното утро.

Кога имал три години, тој заминал за Англија со неговата мајка и брат. Ова патување биле планирано како подолг престој меѓу поширокото семејство. Неговиот татко починал од ревматска треска пред да одат на патувањето. Овој немил настан го оставило семејството без приходи, па така мајката на Толкин со децата се преселила кај нејзините родители во Кингс Хит, Бирмингем. Многу набрзо, во 1896, тие се преселиле во Сархол денес Хол Грин, тогашно село во Вустершир, а денес предградие на Бирмингем. Тој обожувал да ја истражува околината, особено воденицата во Сархол и мочуриштето во Морсли, како и ридовите Клент, Лики и Малверн. Овие места подоцна инспирирале сцени од неговите романи, заедно со околните населени места, како што се Бромсгроув, Алкестер и Алвчрч.

Мабел Толкин ги учела своите деца дома. Роналд, како што бил познат во семејството, бил добар ученик. Таа го учела ботаника и така кај него се родила желбата да биде опколен со растенија. Младиот Толкин сакал да црта пејзажи и дрвја, но неговите омилени часови биле јазиците. Неговата мајка го учела основен латински уште од мали нозе.

Толкин можел да чита на четиригодишна возраст, а течно да пишува многу набрзо. Неговата мајка му дозволила да чита голем број книги. Тој не ги сакал "Островот на богатството" и "Пен Пајпер" и сметал дека "Алиса во земјата на чудата" била "забавна но вознемирувачка". Тој сакал приказни за американските староседелци и делата на Џорџ Мекдоланд. Дополнително на тоа, "Книгите со сказни" на Ендру Ланг биле особено важни за него и нивното влијание врз неговите подоцнежни дела е очигледно.

Мабел Толкин била примена во Римокатоличката црква во 1900 година, иако имало силни негодувања од нејзиното баптистичо семејство, и со тоа престанале да ја финансираат. Во 1904 година, кога Толкин имал 12 години, неговата мајка починала поради акутен дијабетес во Реднал. Таа имала околу 34 години кога починала. Девет години по нејзината смрт, Толкин напишал "мојата мила мајка беше навистина маченик, и не на секој Бог му дарува полесен пат до неговите дарови, како што е со Хилари и со мене, давајќи ни мајка која се уби од работа и проблеми за да нѐ обезбеди да ја зачуваме вербата".

Пред нејзината смрт, Мабел го потпишала старателството врз нејзините синови на еден близок пријател, кој прифатил да ги израсне децата како добри католици. Во писмо до неговиот син Мајкл од 1965 година, Толкин се потсетил на влијанието на овој човек кој пак Толкин секогаш го именувал како "татко Франсис", и објаснил за добрината и вербата која Франсис ја влеал кај Толкин.

По смртта на неговата мајка, Толкин пораснал во околината на Еџбастон во Бирмингем и учел во училиштето Кинг Едвард, а подоцна во Сент Филип. Во 1903 година, тој се стекнал со стипендија и се вратил во училиштето Кинг Едвард. Додека бил ученик таму, тој бил еден од кадетите на училиштето кои помогнале да се означи рутата за парадата за коронацијата на кралот Џорџ V.

                                     

1.3. Животопис Младост

Првиот контакт или обид за вештачки јазик бил за време на неговите тинејџерски години кога заедно со неговите братучеди Мери и Марџори создале "животински јазик". Во тоа време Толкин изучувал латински и старосаксонски. Нивниот интерес кон "животинскиот" набрзо исчезнал, но Толкин и Мери создале нов посложен вештачки јазик т.н. невбош. Следниот вештачки јазик кој бил започнат од Толкин бил "нефаријански" и овој е лично негова креација.

Во периодот околу 1909 година Толкин научил есперанто. На 10 јуни 1909 година тој ја напишал "Книгата на Фоксрук", тетратка од шеснаесет страници, каде се појавуваат "најраните примери за измислена азбука". Мали пасуси во книгата се напишани на есперанто.

Во 1911 година Толкин заминал на летен одмор во Швајцарија. Ова патување убаво го опишува во едно писмо од 1968 година, забележувајќи дека патувањата на Билбо Бегинс преку Маглените Планини е директно засновано на патувањето на Толкин со група пријатели од Интерлакен до Лаутербрунен.

Истата таа година Толкин започнал школување на колеџот Ексетер во Оксфорд. Првично студирал класика, но го сменил неговиот предмет во 1913 година во англиски јазик и книжевност. Тој завршил во 1915 година со одлични резултати.



                                     

1.4. Животопис Брак

Толкин ја запознал неговата идна сопруга на негова 16-годишна возраст. Едит Мери Брет била постара три години. Тие се запознале кога Толкин и неговиот брат Хилари се преселиле во соседството на Едит. Кога Толкин наполнил 21 година, тој и напишал на Едит дека отсекогаш ја сакал и ја побарал за сопруга. Сепак, во тој момент Едит му изјавила на Толкин дека веќе таа прифатила да се омажи за одреден Џорџ Филд, брат не еден нејзин соученик. Едит, истовремено, изјавила дека таа прифатила бидејќи мислела дека е шанса "која е понудена на маса" бидејќи претходно се двоумела дали Толкин воопшто ја сака.

На 8 јануари 1913 година, Толкин патувал со воз до Челтенхем и на платформата ја сретнал Едит. Двајцата се шетале низ околината и на крај на денот Едит ја донела својата последна одлука и се одлучила да се мажи за Толкин. Многу набрзо ја одбила понудата на Филд. По прифаќањето за брак со Толкин, Едит објавила дека го напушта Баптизмот и се посветува на католицизмот, најмногу поради инсистирањето на Толкин. Ова го растревожило целото нејзино семејство.

Едит и Џон официјално се свршиле во јануари 1913 година во Бирмингем и се венчале во римокатоличката црква Сент Мери во Варвик на 22 март 1916 година.

                                     

1.5. Животопис Прва светска војна

Во август 1914 година, Обединетото Кралство влегло во Првата светска војна. Првично тој не сакал и не избрал да волонтира во Британската армија, што било шок за неговото семејство. За ова во едно свое писмо испратено до Мајкл, Толкин напишал дека "во тоа време момци се приклучуваа, или беа примани јавно. Тоа е лошо место за младо момче кое има преголема фантазија и мала физичка храброст".

Сепак Толкин "не го издржал јавниот притисок" и се приклучил на програмата, кога бил на списокот на волонтери но не се приклучил додека не го стекнал степенот. По завршувањето на студиите во 1915 година, тој бил назначен како привремен втор поручник во Ланкаширското мускетарство на 15 јули 1915 година.The London Gazette. 16 July 1915. p. 6968. Тој се обучувал со 13 баталјон цели 11 месеци. По нивната свадба, Толкин и сопругата се преселиле во куќа во близина на кампот. На 2 јуни 1916 година, Толкин примил телеграма со која тој се повикува да дојде во Фолкстоун и да се префрли на должност во Франција. Тој со тешко срце ја прифатил оваа покана.

На 5 јуни 1916 година, Толкин заедно со останатите волонтери и борци се качиле на брод и се упатиле кон Кале, Франција. Како и останатите војници кои доаѓале за првпат, Толкин бил испратен до базата во Етапл на Британските истражувачки сили. На 7 јуни му било известено дека бил назначен како сигнален службеник на 11 баталјон на Ланкаширското мускетарство. Баталјонот бил дел од 74. бригада на 25. дивизија на Британската армија.

Додека чекал да биде одведен до единицата, Толкин, од досада, ја напишал поемата "Осамениот остров". Поемата била инспирирана од неговите чувства додека патувал до Кале. Покрај тоа, тој создал мал систем на точки кои означувале негови локации и така Едит можела да увиди каде тој се наоѓал. Писмата биле проверувани од армиските челници и поради тоа овие детали биле тајни. На 27 јуни 1916 година го напуштил Етапл и се приклучил на баталјонот во Рибемпре во близина на Амјен

Толкин учествувал во Битката кај Сом во јули 1916 година. Овие дејства во кои учествувал Толкин биле многу стресни за неговата жена. На 27 октомври 1916 година, Толкин заедно со неговиот баталјон учествувале во Битката за заземање на ровот Реџина. Тогаш тој се разболел од треска и на 8 ноември 1916 година бил испратен во Англија. Голем број од неговите школски другари починале во војната, меѓу кои Роб Гилсон - школски другар. Неговиот баталјон скоро и да бил сосема уништен за време на битките.

По враќањето во Англија, Толкин бил ослабен и до завршувањето на војната тој го поминал времето низ болници и гарнизони, и тој бил медицински неспособен за воена служба.

Додека Толкин се закрепнувал во Литл Хејвуд, Стафордшир, тој започнал да работи врз неговите дела "Книга на изгубените приказни", започнувајќи со "Падот на Гондолин". "Изгубените приказни" е обид на Толкин да создаде митологија за Англија, проект кој го напуштил без да го заврши. Во 1917 и 1918 година полека почнал да закрепнува и имал доволно сила да отслужи во домашните кампови. Токму во овој период Едит го родила нивниот прв син, Џон Франсис Руел Толкин.

На 6 јануари 1918 година Толкин бил унапреден како привремен поручник.

                                     

1.6. Животопис Меѓувоен период

Толкин бил демобилизиран и ја напуштил армијата на 3 ноември 1920 година и го зачувал чинот поручник.

Неговата прва граѓанска работа по војната бил Оксфордкиот англиски речник, каде работел воглавно врз историјата и етимологијата на германските зборови кои започнуваат на буквата "w". Во 1920 година тој почнал да работи во Универзитетот во Лидс и тогаш станал најмладиот универзитетски професор во таа институција. Додека работел во Лидс, тој го создал "Зборовниот фонд на средноанглискиот". Во меѓувреме додека бил во Лидс тој го превел "Сер Гавејн и зелениот витез" заедно со Е. В. Гордон. Тој исто така ги превел "Сер Гавејн", "Бисер" и Сер Орфео". Во 1925 година, тој се вратил во Оксфорд како професор по англосаксонски.

Интересно е да се наведе дека во 1919 година работел и како приватен тутор наставник на поголем број дипломци, најмногу поради фактот што женските колеџи во тоа време имале голема потреба од добри наставници.

Додека работел во Оксфорд, во Колеџот Пемброук, тој го напишал делото "Хобитот", и првите два дела на "Господарот на прстените". Во 1932 издал и филолошки есеј именуван како "Ноденс".

Во 1920-те години, Толкин започнал со превод на современ англиски на староанглиското дело "Беовулф". Тој го завршил преводот во 1926 година и никогаш не го објавил. Преводот бил уреден и објавен во 2014 година од неговиот син Кристофер Толкин, после 40 години од смртта на Толкин или после 90 години од самиот превод.



                                     

1.7. Животопис Втора светска војна

За време на Втората светска војна, Толкин бил назначен како криптоаналитичар или "откривач на кодови". Во јануари 1939 година тој бил запрашан дали би бил подготвен да работи во криптографското одделение на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство во случај на национална итна состојба. Тој се согласил со ова официјално барање и започнал со работа на 27 март и зел учество во припремен курс обука организиран од страна на британската влада.

Во 1945 година Толкин се преселил во Колеџот Мертон во Оксфорд и предавал англиски јазик и книжевност. Тој работел на ова работно место сè до неговото пензионирање во 1959 година. Долги години бил и надворешен испитувач на Универзитетскиот колеџ во Даблин. Во 1954 година се стекнал со почесен степен од Националниот универзитет на Ирска.

Во 1966 година биле објавени неговите преводи на Книгата според Јона за Ерусалимската Библија.

                                     

1.8. Животопис Пензионирање

За време на неговиот пензионерски живот, од 1959 година па сѐ до неговата смрт, Толкин се стекнал со зголемена јавна заинтересираност кон неговите дела и се стекнал со книжевна слава. Во 1961 година, К. С. Луис го номинирал него за Нобелова награда за книжевност. Продажбата на книгите биле доста профитабилни па така зажалил што не се пензионирал порано. Првично, тој пипувал ентузијастични одговори кон неговите читатели и нивните прашања, но подоцна бил незадоволен од забрзаната слава на неговите дела со контракултурното движење кое настанало во 1960-те години. Во едно писмо од 1972 година, тој напоменал дека станал култна фигура, но исто така изјавил дека "дури и носот на најскромниот идол. не може да остане нескокоткан од милиот мирис на темјанот!"

Вниманието на неговите обожаватели станало толку големо што Толкин морал да го отстрани неговиот личен телефонски број од јавните именици, па дури тој и Едит морале да се преселат во Борнмаут, место кое тогаш било крајбрежен ресорт ценет од британската средна класа. Неговиот статус како најпродаван автор му дал лесен пристап до елитната класа во Британија, но сепак му недостигало друштвото од старото Инглингс. Сепак Едит била презадоволна од новиот статус.

                                     

1.9. Животопис Длабока старост

Едит Толкин умрела на 29 ноември 1971 година, на 82 години. Според Сајмон Толкин,

Толкин бил одликуван од страна на кралицата Елизабета II со орден на Редот на Британската Империја во 1972 година и се стекнал со инсигнијата на Редот на Бакингемската палата на 28 март 1972 година. Истата година Универзитетот во Оксфорд го назначил Толкин како почесен "доктор по науки".

На надгробната плоча на својата жена напишал Лутиен Lúthien. Кога Толкин умрел 21 месец подоцна, односно на 2 септември 1973 година, на 81 година, тој бил закопан во истиот гроб како и неговата жена, а до неговото име сакал да стои и името Берен Beren:

Имињата на надгробните плочи се од неговиот легендариум, па така значењата се следниве: Лутиен била најубавата девојка од Децата на Илуватар. Таа сакала да се откаже од својата бесмртност за да биде со својата љубов, смртникот Берен. Откако Берен бил заробен од Моргот, Лутиен одјавала да го спаси него. Откако Берен бил убиен од демонскиот волк Карбарот, Лутиен, отишла до советот на Валарите и побарала да се оживее Берен.

                                     

2. Семејство

Едит и Џон Толкин имале четири деца:

  • Присилија Мери Ен Руел Толкин 18 јуни 1929
  • Мајкл Хилари Руел Толкин 22 октомври 1920 - 27 февруари 1984
  • Кристофер Џон Руел Толкин 21 ноември 1924
  • Џон Франсис Руел Толкин 17 ноември 1917 - 22 јануари 2003,

Толкин бил многу посветен на неговите деца. Така на пример, од деталите од семејниот живот забележано е дека секогаш им праќал илустрирани писма од Дедо Мраз кога биле мали. Секоја година додавал ликови на писмата.

                                     

3.1. Погледи и ставови Религија

Толкин бил голем верник и посветен католик. Тој влијаел, покрај неговата сопруга, врз К. С. Луис, при што Луис се приклучила кон Римокатоличката црква, а претходно бил атеист.

Според неговиот внук Сајмон Толкин, Толкин во последните години од неговиот живот изразил разочарување поради литургиските реформи и промени кои настанале по Вториот ватикански совет.

                                     

3.2. Погледи и ставови Политика

Толкин бил голем антикомунист и се залагал за национализмот. Тој првично го подржувал националистичкиот водач Франциско Франко за време Шпанската граѓанска војна, особено откако слушнал дека комунистичките организации во Шпанија палеле цркви и убивале свештеници и калуѓерки. Толкин исто така бил современик на Јосиф Сталин. За време на Втората светска војна Толкин го опишал Сталин како "крвожеден стар убиец".

Толкин бил голем критичар на Сојузничките сили за употреба на тактики за тотална војна против цивили од Нацистичка Германија и Империјална Јапонија.

Исто така реагирал со бес против големата антигерманска пропаганда за време на војната.

Толкин бил шокиран од употребата на атомска бомба за нападите на Хирошима и Нагасаки.

                                     

4.1. Филологија Толкин како филолог

Академската кариера и неговото книжевно делување се неделиви од неговата љубов кон јазиците и филологијата. Тој специјализиран англиска филологија додека студирал и во 1915 година дипломирал со старонордиски јазик како специјален предмет. Тој работел за Оксфордскиот речник на англискиот јазик од 1918 година и нему му се препишуваат работите кои се изведени врз зборовите кои започнуваат на буквата "w.". Во 1920 година тој станал професор по англиски јазик на Универзитетот во Лидс, каде поради него се зголемил бројот на студенти кои ја изучуваат лингвистиката. Тој предавал исто така и староанглиски јазик, историја и дела, како и текстови од средноанглискиот период. Дополнително на тоа, предавал и текстови и творештво од готски, германски, староисландски и средновелшки јазик. Тој имал и основно познавање на фински.

                                     

4.2. Филологија Создадени јазици

Паралелно со неговата професионална јазична кариера, Толкин бил фасциниран и бил привлечен кон создавањето вештачки јазици и писма. Ова создавање на вештачки јазици дури и го засенил неговиот професионален живот и бил нашироко познат по создавањето вештачки свои оригинални јазици. Најразвиен вештачки јазик кој го создал се квења или елвски и синдарински јазик. Овие јазици се во основата на неговиот легендариум. Јазикот и граматиката според Толкин се прашање на естетика и еуфонија, па така квења првично бил создаден имајќи предвид фоноестетски елементи. Фонолошки бил заснован на латинскиот, со голем број елементи од фински, велшки, англиски и грчки. Покрај овие два, во книгите има и повеќе јазици, меѓу кои јазикот на Џуџињата и Темниот говор.

Толкин сметал дека јазиците се неделив дел од митологијата. Покрај тоа, тој учествувал и во меѓународните вештачки јазици, па така, во 1930 зел учество во конгресот за есперанто.



                                     

5. Творештво

Од големиот број дела и раскази напишани од Толкин, Силмарилион, Хобитот и Господарот на прстените се издвојуваат. Овие дела му донеле светска слава и голем број приврзаници.

"Господарот на прстените"

"Господарот на прстените" е најважното дело во Толкиновиот Легендариум, но и едно од најпознатите дела на светската литература од ХХ век. Своевидно продолжение на неговото претходно дело Хобитот, Господарот на прстените претставува раскажана сага во која се забележани настаните и пресвртите во еден свет, во еден, за него, мрачен период. Пишувана долга низа години 1937-1949, а конципирана веројатно и многу порано, оваа книга е издадена во три тома во периодот 1954-1955.

"Хобитот"

"Хобитот, или Таму и пак назад", подобро познат по насловот "Хобитот" е фантастична новела и детска книга. Книгата била издаден на 21 септември 1937 година и притоа добила позитивни критики. Весникот New York Herald Tribune ја прогласил за најдобра детска новела. Книгата останува популарна и модел за класика во детската литература.

"Силмарилион"

"Силмарилион" е збирка дела што по смртта ја приредил и објавил неговиот син Кристофер Толкин во 1977 година, со помош на Гај Гавриел Кеј, кој е познат како писател на фантастична проза. "Силмарилион", преку појаснувања и доближувања на дејствијата и ликовите од другите дела на Толкин, ја појаснува идејата за обемна, но поради смртта на авторот недовршена приказна за дејствијата на универзумот кој се погрижил за постанокот на Средната Земја. Таа посебна, фантастична земја е всушност дом на приказните за чудесните битија: хобити, џуџиња каради, виленици, волшебници, за првите луѓе, но и за зли битија кои посакуваат да ја преземат власта и да ја уништат секоја убавина во тој свет, во настани опишани во романите "Хобит" и "Господарот на прстените".

                                     

5.1. Творештво Фикција

  • 1954 "Двете кули" The Two Towers - втор дел од "Господарот на прстените"
  • 1953 "Доаѓањето на Беортнот, син Беортхелмов" The Homecoming of Beorhtnoth Beorhthelms Son - драма
  • 1955 "Враќањето на кралот" The Return of the King - трет и последен дел од "Господарот на прстените"
  • 1949 "Фармер Џајлс од Хем" Farmer Giles of Ham - басна
  • 1945 "Балада на Аотру и Итрун" The Lay of Aotrou and Itroun, поема
  • 1945 "Ниглов лист" Leaf by Niggle - краток расказ
  • 1937 "Хобитот" The Hobbit - роман
  • "Господарот на прстените" The Lord of the Rings
  • 1954 "Дружината на Прстенот" The Fellowship of the Ring - прв дел од "Господарот на прстените"
  • 1962 "Авантурите на Том Бомбадил" The Adventures of Tom Bombadil - збирка поеми
  • 1967 "Ковачот од Голем Вотон" Smith of Wootton Major - краток расказ
  • 1966 "Толкинов читач" The Tolkien Reader - колекција на претходно издадени дела
  • 1964 "Дрво и лист" Tree and Leaf - во книга издадени "Ниглов лист" и "За басните"
  • 1967 "Патот продолжува и продолжува" The Road Goes Ever On со Доналд Сван
                                     

5.2. Творештво Аудио записи

  • 1967 "Поеми и песни од Средната земја" Poems and Songs of Middle-earth
  • 1975 "Џ. Р. Р. Толкин ги чита и пее неговите "Хобитот" и "Господарот на прстените" J. R. R. Tolkien Reads and Sings his The Hobbit & The Lord of the Rings
                                     

5.3. Творештво Посмртни изданија

Голем број од делата на Толкин биле издадени посмртно, најмногу од неговиот син Кристофер Толкин:

                                     

6.1. Оставина Ракописи

Пред неговата смрт, Толкин преговарал за продажба на ракописите, скиците и другите материјали кои биле поврзано со тогаш неговите објавени дела, меѓу кои "Хобитот", "Господарот на прстените" и "Фармерот Џајлс од Хем". Тој преговарал со Одделот за специјална колекција и универзитетска архива на Универзитетот Маркет во Милвоки, Висконсин, САД. По неговата смрт сите документи поврзани со Силмиларион биле дадени на Бодлијановата библиотека при Универзитетот во Оксфорд.

                                     

6.2. Оставина Автограми

Интересен момент од меморабилијата на Толкин се неговите автограми. За разлика од останатите автори, писатели и поети, Толкин многу ретко ги потпишувал своите дела. Имајќи ја предвид неговата голема популарност, своерачно потпишаните писма или први изданија на негови трудови и дела достигнале голема вредност меѓу аукционерите. Поради ова неговиот автограм е многу ценет, а како резултат на тоа се појавуваат и фалсификувани копии. Така, се верува дека првото укоричено издание на "Хобитот" со своерачен потпис на Толкин наводно било проценето на 85.000 американски долари.

                                     

6.3. Оставина Спомен-плочи

Во Англија денес постојат седум сини спомен-плочи во чест на Толкин и местата каде престојувал или творел: една е во Оксфорд, една во Борнмаут, четири во Бирмингем и една во Лидс. Една од плочите во Бирмингем е посветена на Воденицата Сархол и нејзината инспирација и влијание врз Толкин и неговите дела. Плочата во Лидс е посветена на Толкин и неговата кариера како професор. Плочата во Оксфорд е посветена на местото каде Толкин ги напишал "Хобитот" и двата дела од "Господарот на прстените".

Покрај горе напоменатите плочи, постојат уште две:

  • спомен-плоча на Сендфилд Роуд во Хедингтон, Оксфорд, каде Толкин живеел од 1953 до 1968.
  • спомен-плоча во Харогејт, каде Толкин се закрепнувал во треска во 1917.
                                     

7. Надворешни врски

  • Биографија на Толкин англиски
  • Журнал на Инклингс англиски
  • Дела од Џ. Р. Р. Толкин на LibriVox аудиокниги во јавна сопственост англиски
  • The Tolkien Estate англиски
  • Аудио записи на Толкин од 1929 за јазици. англиски
  • Мрежно место за Толкин англиски
  • Дела од Џ. Р. Р. Толкин на проектот "Гутенберг" англиски
  • Филм на BBC за Толкин англиски
  • Дополнителни ресурси за Толкин англиски
  • Дела од или за Џ. Р. Р. Толкин на Семрежниот архив англиски
                                     
  • англиски: Black Speech е измислен јазик создаден од англискиот писател Џ Р Р Толкин Јазикот е измислен поради стилските и книжевните потреби за неговите
  • Silmarillion - збирка дела од Џ Р Р Толкин што по неговата смрт ја приредил и објавил неговиот син Кристофер Толкин во 1977 година, со помош на Гај
  • Бугарија и североисточна Грција Арда, река во Италија Арда, река во Португалија Арда, село во Бугариија Арда, свет во творештвото на Џ Р Р Толкин
  • нордискиот крал во делото Хејмскрингла Во своите фантазиски дела, Џ Р Р Толкин на крајот го именувал својот волшебник Гандалф по Двергрите но првично
  • која живее непријателот Саурон во измислениот свет на делата на Џ Р Р Толкин наречен Средна земја. Мордор се наоѓа на југоисток од Средна земја
  • пауер метал, вклучувајќи средновековна фантазија, епска фантазија Џ Р Р Толкин како доминантен извор на инспирација религиозни митолошки приказни
  • разузнавачки романи, научна фантастика и фантазија пример се делата на Џ Р Р Толкин Сепак, не сите вакви романи се авантури. Портал: Книжевност Книжевност
  • Baggins е главниот лик и носител на дејството во романот Хобит на Џ Р Р Толкин и еден од споредните ликови во романот Господарот на прстените. Тој
  • признал дека им должи на делата на Џ Р Р Толкин Џек Венс и Тед Вилијамс. Според Мартин: Иако се разликувам од Толкин на важни начини, јас не сум на второ

Users also searched:

...