Топ-100
Back

ⓘ ГПС. Глобален систем за позиционирање или ГПС е единствениот целосно функционален глобален навигациски сателитски систем. Користејќи група од најмалку 24 сатели ..




ГПС
                                     

ⓘ ГПС

Глобален систем за позиционирање или ГПС е единствениот целосно функционален глобален навигациски сателитски систем. Користејќи група од најмалку 24 сателити што пренесуваат прецизни микробранови сигнали, системот овозможува GPS приемниците да ја пресметаат нивната местоположба, брзина, правец и време. Други слични системи се рускиот ГЛОНАСС, најавениот европски Галилео, предложениот COMPASS на Кина и ИРНСС на Индија.

GPS системот е развиен од Американскиот Департмент за Одбрана и е официјално именуван NAVSTAR GPS. Групата од сателити е управувана од 50-тиот Space Wing на Американското Воено Воздухопловство. Цената на одржувањето на системот е приближно 750 милиони американски долари годишно, вклучувајќи ја замената на стари сателити и истражување и развивање.

                                     

1. Поедноставен метод на функционирање

Типичниот GPS-приемник ја пресметува неговата позиција користејќи сигнали од четири или повеќе GPS сателити. Четири сателити се потребни бидејќи на процесот му е потребно многу прецизно локално време, повеќе точно од тоа што може да обезбеди било кој нормален часовник, па приемникот внатрешно го пресметува времето како и позицијата. Со други зборови, приемникот користи четири мерења за да се пресметаат четири променливи - x, y, z, и t. Овие вредности се претвораат во повеќе разбирливи форми, како што е географска ширина/должина или локација на мапа, и потоа презентирани на корисникот.

Секој GPS сателит има атомски часовник и непрекинато праќа пораки кои го содржат тековното време на почеток на пораката, параметри за калкулирање на локацијата на сателитот ефемеридата, and и општата состојба на системот the almanac. Сигналите патуваат со позната брзина - брзина на светлината низ просторот. Приемникот го користи времето на пристигнување за да го пресмета растојанието до секој сателит, од каде што ја детерминира позицијата на приемникот користејки геометрија и тригонометрија вид. трилатерација.

Иако четири сателити се потребни за нормално фукционирање, во некои посебни случаи може да се потребни и помалку. На пример, ако една променлива е веќе позната на пример, брод на море знае дека неговата надморска височина е 0, радиоприемникот ја пресметува неговата позиција користејќи само три сателити. Приемниците користат и други податоци за да дадат поверодостојни одговори кога помалку од 4 сателити се видливи.

                                     
  • на дел од името на екипата. Гармин, американско - швајцарски компанија за ГПС е исто така делумен спонзор. Помеѓу 2009 и 2014 година, ЕФ Едукејшн - Нипо
  • кои се користат во ГПС треба да се синхронизирани. Во ГПС системите, а треба да се земе предвид и гравитационот поле на Земјата. ГПС системите работат
  • digital assistant, PDA, календар на настани, медиумски плеер, видео игри, ГПС навигација, дигитален фотоапарат и дигитална видеокамера. Паметните телефони
  • телевизиски емитувања и во глобални навигациски сателитски системи како ГПС Принципот на работа на атомски часовник се заснова на атомска физика се
  • поместување z на растојание d по формулата d c H z. Еден гигапарсек Гпс Gpc изнесува милијарда парсеци и претставува најголемата мерка за растојание
  • локацијата. Освен тоа што се подоверливи, тие често се и поточни од ГПС приемниците. Имено, ГПС може да биде недостапен заради надморската висина, засолнатост
  • Ултраистакнати планини - Peaklist англиски посет. 26 октомври 2011 г ГПС - насоки за Винсоновиот Масив 7 Summits. Посетено на 2007 - 01 - 29. англиски
  • работа на Охридското Езеро, опремен со кран и чекрк, радар и ехо - сондер со ГПС профајлер темепература, пХ, спроводливост, О2 ПАР фото активна радијација
  • Централна банка на Иран посет. 24 март 2009 г Демавенд на Ризницата ? ГПС - карта на Демавенд Историја на Демавенд англиски Демавенд Глобална програма
  • нешто што не можат планинарите да го измерат без користење на софистицирана ГПС опрема. Поглед на величенствениот Монт Еверест од манастирот Ронгбук Монт