Топ-100
Back

ⓘ Меѓународна матура. Организацијата на Меѓународна матура е создадена 1968 година и е признаена како водач во меѓународно-насоченото образование во светот. Тоа е ..




                                     

ⓘ Меѓународна матура

Организацијата на Меѓународна матура е создадена 1968 година и е признаена како водач во меѓународно-насоченото образование во светот. Тоа е непрофитабилна, мисионерска организација која е прифатена во 1595 училишта во целиот свет. Оваа организација нуди четири вида програми во над 121 држава во светот и има околу 200 000 ученици. Програмите се:

  • "Diploma Programme" - програма, наменета за учениците од трета и четврта година на средно образование;
  • "Primary Years Programme" - програма, наменета за учениците од пониските одделенија на основното образование;
  • "Career-related Programme" - програма, наменета за учениците од повисоките класови.
  • "Middle Years Programme" - програма, наменета за учениците од повисоките одделенија на основното образование, како и прва и втора година на средно образование;

Организацијата на Меѓународна матура има свој огранок и во Република Македонија, и тоа во гимназијата "Јосип Броз Тито" - Скопје. Во својата програма опфаќа две паралелки - една од трета и една од четврта година средно образование, а дава можност да се изучуваат следниве предмети: математика ВН, хемија СН, филозофија СН, англиски ВН, ликовно СН, македонски ВН, и географија СН. ВН го означува предметот како предмет кој се изучува на високо ниво, односно ниво кое бара повеќе од учениците. СН означува стандардно ниво на изучување на предметот.

Македонскиот огранок на Меѓународна матура не дозволува бирање на предмети на изучување, за разлика од другите меѓународни паралелки.

                                     
  • По завршувањето на основното училиште, студентите полагаат тест наречен матура Тестот опфаќа предмети што се предаваат во основното училиште. На тестот
  • пет години одобруваат пристап до завршен испит наречен државен испит или матура Овој испит се полага во јуни и јули и со него може да се запишеш на факултет

Users also searched:

...