Топ-100
Back

ⓘ Универзитет Св. Климент Охридски – Битола. Универзитет Свети Климент Охридски - високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, о ..




Универзитет Св. Климент Охридски – Битола
                                     

ⓘ Универзитет "Св. Климент Охридски" – Битола

Универзитет "Свети Климент Охридски" - високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, основан на 25 април 1979 г.

Со основањето на универзитетот била остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од југозападниот регион на Македонија, односно Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Македонија.

На 8 декември 1994, на денот на Св. Климент Охридски, универзитетот го добил своето денешно име. Универзитетот ја прославил својата 35-годишнина на 25 април 2009.

Универзитетот членува во разни меѓународни образовни здруженија, вклучувајќи ги EUA и BUA, а носител е и на Повелбата Еразмус+.

Научни полиња и области

Природни науки

- Компјутерски и информатички науки

Техничко – технолошки науки

- Транспортно инженерство

- Електроенергетика, електроника, електротехника

- Електроенергетски и комуникациски системи

- Применето инженерство заштита на животната и работната средина

- Машинство

- Мехатроника

- Графичко инженерство

Медицински науки и здравство

- Сестринство

- Нутриционизам гастрономија

- Диететика

- Здравствена грижа

- Форензички науки

Биотехнички науки

- Прехранбена технологија и биотехнологија

- Преработка на анимални производи

- Агрономија, растително производство и заштита на растенија

- Ветерина

Општествени науки

- Економски науки

- Образование

- Правни науки

- Туризам и угостителство

- Безбедност

- Политички науки

- Организациски науки и управување

Хуманистички науки

- Наука за јазикот

Наука за книжевност

                                     

1. Образовни установи

Денес универзитетот вклучува 12 високообразовни институции и 4 придружни членки:

  • Хидробиолошки завод
  • Правен факултет
  • Технолошко-технички факултет
  • Технички факултет
  • Научен институт за тутун
  • Ветеринарен факултет
  • Факултет за биотехнички науки
  • Факултет за информатички и комуникациски технологии
  • Институт за старословенска култура
  • Педагошки факултет
  • Висока медицинска школа
  • Факултет за туризам и угостителство
  • Факултет за безбедност
  • Економски факултет
  • Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи

Придружни членки

  • Студентски дом "Кочо Рацин"
  • Институт за старословенска култура - Прилеп
  • НУУБ "Св. Климент Охридски"
  • Хидробиолошки завод - Охрид
                                     

2. Меѓународно научно списание - Хоризонти

Хоризонти е меѓународно научно списание на Универзитетот "Св.Климент Охридски" – Битола, коешто се објавува во две серии според посебни групи научни подрачја: Серија А од подрачјето на општествените и хуманистичките науки и Серија Б од подрачјето на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки.

Научното списание Хоризонти е класифицирано во базата EBSCO.

Хоризонти е современо научно списание во кое се почитуваат принципите на научна непристрасност и издавачка принципиелност што се поттик, посебно за младите научници и истражувачи.

                                     

3. Студии и наставници

Универзитетот реализира наставно-образовен процес од 50 додипломски студиски програми, 49 студиски програми за последипломски студии и 10 студиски програми за докторски студии. На високообразовните установи на универзитетот студираат повеќе од 13.000 студенти, а наставнообразовниот процес го реализираат 219 наставнички, 93 соработнички и 215 административно-технички кадар. Дејноста на научно-истражувачката дејност ја остваруваат 54 научни работници.

                                     

4. Надворешни врски

  • Општина Битола - Прославена 35-годишнината на УКЛО
  • Мрежно место на матичната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски."
  • Официјално мрежно место на Универзитетот "Св. Климент Охридски"
                                     
  • Методиј Скопје Универзитет Св Климент Охридски Битола Универзитет Гоце Делчев Штип Државен универзитет во Тетово Тетово Универзитет на Југоисточна
  • Универзитетска библиотека Св Кли мент Охрид ски службено позната како: Националната установа Универзитетска библиотека Св Кли мент Охрид ски - универзитетска
  • Технички факултет - Битола еден од факултетите при Универзитетот Св Климент Охридски Битола во Битола Почетоците на факултетот датираат од 1961
  • Елица Манева Битола 1 декември 1947 - македонски археолог и универзитетски професор. Манева е родена во Битола на 1 декември 1947 година. Дипломирала
  • манастир, во Митрополијата во Битола во црквата Рождество на Пресвета Богородица - Скопје, во црквата Св Климент Охридски - Скопје и во Поречкиот манастир
  • економско планирање и програмирање Како членка на Универзитетот Св Климент Охридски - Битола Институт за тутун - Прилеп организира последипломски студии
  • Ветеринарниот факултет во Битола е најновата едниница на Универзитетот Св Климент Охридски Битола Со Уписот на првата генерација студенти, овој факултет
  • институција во градот Прилеп, како составен дел на Универзитетот Св Климент Охридски Факултетот е основан во 1960 година. Економскиот факултет во Прилеп
  • биотехнологија  и Нутриционизмот. во рамките на Универзитетот Св Климент Охридски - Битола Факултетот развива дејност во неколку области: Додипломски
  • Талеска превод на англиски Весна Милевска Национална Установа Универзитетска Библиотека Св Климент Охридски Битола МАНУ Почина академик Томе Бошевски
  • Факултет, Универзитет Св Климент Охридски Битола во 1992 година. Од јуни 1999 година до 2005 година е вработен во ЈП Стрежево - Битола како одговорен
  • Црквата Св. Ѓорѓија Црквата Св. Варвара Црквата Св. Димитриј Црквата Св Климент Охридски Црквата Св. Константин и Елена Црквата Св. 40 Севастиски Маченици

Users also searched:

европски универзитет,

...
...
...