Топ-100
Back

ⓘ Ото Бауер - австриски лев социјалист и еден од најистакнатите теоретичари на австромарксизмот. Бауер студираше на Универзитетот во Виена каде што се здоби со ти ..




Ото Бауер
                                     

ⓘ Ото Бауер

Ото Бауер - австриски лев социјалист и еден од најистакнатите теоретичари на австромарксизмот.

Бауер студираше на Универзитетот во Виена каде што се здоби со титулата доктор на право во 1906. Својата прва книга, "Социјалдемократијата и националното прашање", ја објави во 1907. Иако бил политички активен и во текот на студиите, неговиот постепен подем во Социјалдемократската партија на Австрија започна по стекнувањето со докторската титула. Меѓу другото, во 1907 година Бауер го основа "Дер кампф", теоретското списание на партијата.

Во текот на Првата светска војна, Бауер бил мобилизиран уште во 1914 г. и испратен на Рускиот фронт. Таму бил заробен, но во 1917 е ослободен и се вратил во Австрија. По смртта на водачот на Социјалдемократската партија на Австрија, Виктор Адлер, во 1918, Бауер застанува на чело на партијата. Од ноември 1918 до јули 1919 австриските социјалдемократи формираа коалициона влада со Христијанско социјалната партија во која Бауер бил министер за надворешни работи.

Кога Енгелберт Долфус, со помош на елементи од Христијанскосоцијалната партија и на Хајмверот, во 1933 воспостави авторитарна корпоративна диктатура, активностите на австриските социјалдемократи беа сериозно ограничени. По задушувањето на бунтот против владата во февруари 1934, Бауер бил принуден да пребегне во странство. Тој продолжи да го организира отпорот на социјалдемократите против диктатурата во Австрија прво од Брно во Чехословачка, а потоа од Париз. Умира во Париз на 57-годишна возраст, само четири месеци по инкорпорирањето на Австрија во Третиот рајх од страна на Адолф Хитлер т.н. "аншлус".

                                     

1. Творештво

Основни дела на Ото Бауер се:

  • "Фашизмот" 1936
  • "Кризата на демократијата" 1936.
  • "Социјалдемократијата и националното прашање" 1908
  • "Светската револуција" 1919
  • "Патот до социјализам" 1919
  • "Болшевизам или социјалдемократија?" 1920
  • "Новиот курс на Советска Русија" 1921
                                     
  • се приклучија кон социјалдемократската интернационала. Водечки претставници на австромарксизмот беа: Виктор Адлер, Ото Бауер Карл Ренер и Макс Адлер.
  • македонски комунист 26 април Едмунд Хусерл, австриски филозоф 4 јули Ото Бауер австриски политичар 17 октомври Карл Кауцки, марксистички теоретичар
  • се вбројуваат Феликс Клајн, Давид Хилберт, Ото Блументал, Ерих Хеке, Хајнрих Бенке, Ханс Грауерт, Хајнц Бауер Херберт Аман, Жан - Пјер Бургињон, Волфганг
  • Република Чиле Азми Бишара 1956 - арапско - израелски политичар Бруно Бауер 1809 - 1882 теолог, Библиски критичар и филозоф Јурек Бекер 1937 - 1997
  • резбар и вајар Петер Кох, директор на Nickelhütte Aue GmbH Александер Бауер поранешен партнер во фабриката Curt Bauer KG Мелхиор Лотер 1470 1549
  • р. 1955 - глумец Карл - Хенинг Ререн р. 1956 - германски физичар Габи Бауер р. 1962 - новинарка Анте Целк р. 1963 - претприемач Михаел Ренкел р
  • простор и др. Од роднокрајното песништво, чии претставници Ф. Гризе, Ј. М. Бауер и др. се бавеле и со преработка на селски мотиви, се развива едностраната
  • Должноста била создадена во Северногерманскиот Сојуз во 1867 година, кога Ото фон Бизмарк станал првиот канцелар. Со обединувањето на Германија во 1871
  • 1880 година Heimg funden. Божиќ комедија. UA: Vienna 1885 Челик и камен. Бауер парче. UA: Виена 1886 година Местото на честа. Народна песна со вокали во
  • Појавата на критичките текстови на Давид Фридфрих Штраус, Фојербах и Бруно Бауер и евидентното раздвојување на Хегеловите училишта, ја изразуваа растечката
  • Берта Папенхајм, 1859 - 1936 Сесилија М. Ана вон Либен Дора Илда Бауер 1882 - 1945 Фрау Еми вон Н. Фани Мозер Фраулеин, Елизабет вон Р. Илона
  • Фридрих - германски сликар. 1847 Џеси Џејмс - американски отпадник. 1881 Ото Бауер - австриски социјалдемоктратски политичар. 1912 Џон Кејџ - американски
  • Марија Кири - Склодовска - полско - француска хемичарка и физичарка. 1938 Ото Бауер - австриски социјалист. 1944 Благој Јанков - Мучето - народен херој на

Users also searched:

...