Топ-100
Back

ⓘ Алжир е република во Северозападна Африка и најголема независна држава на континентот. Со површина од околу 2.381.741 км 2, Алжир е најголема држава во Африка. ..




Алжир
                                     

ⓘ Алжир

Алжир е република во Северозападна Африка и најголема независна држава на континентот. Со површина од околу 2.381.741 км 2, Алжир е најголема држава во Африка. Главен град е Алжир. Алжир својата независност ја добива во 1962 година. Населението се состои од Арапи и Бербери. Религијата е муслиманство. Службен јазик е арапски, но доста се говори и француски.

                                     

1. Историја

Во текот на својата историја, денешната територија на Алжир била под власта на различни народи, култури и режими.

Рана историја

Фенекијците 1000 п.н.е. и Римјаните биле најзначајните окупатори на Алжир, сè до доаѓањето ан Арапите во текот на 8 век.

                                     

1.1. Историја среден век

Во текот на средниот век, берберската династија Фатимиди, по потекло од Алжир, го зазел Египет и покрај тоа што по краток период ја напуштила Северна Африка. Во следните години земјата била во составот на Османлиското Царство. Денешните граници на земјата биле оформени во тоа време.

                                     

1.2. Историја Отомански Алжир

Отомански Алжир претставувал територија на Отоманското Царство. Територијата на денешен Алжир од страна на Османлиите била освоена во 1525 година од страна на Хајредин Барбароса. Во следните векови Алжир станал центар на османлиската власт во Југоисточна Европа и Средоземјето. Земјата била заземена по француската инвазија во 1830 година.

По 1496 година, Шпанската империја ги зазела бреговите на Северна Африка. Орук Барбароса и Хајредин Барбароса во 1516 година својата база на операции ја преместиле во Алжир и следната година, во 1517 година побарале помош од Отоманското Царство. Во 1518 година Орук бил убиен во текот на една битка со шпанските сили. Хајредин го наследил како воен командант на Алжир. Во времето кога во Османлиското Царство на власт бил Сулејман I, тој му наредил експедиција на Хајредин Барбароса да ги нападне бреговите на Северна Африка а во замена Барбароса да стане владетел на овие простори односно вазал на Османлиите.

Синот на Барбароса, Хасан Паша бил првиот вазал кој бил директно назначен за управител на Алжир во 1544 година кога неговиот татко се повлечел. Во следните години Алжир станал ваза во војната со Шпанија, како и за османлиските напади во Мароко. Во 1580 година Алжир формално станала дел од Отоманското Царство по признавањето на Шпанија. Во следните години во земјата била организирана административната власт каде на чело стоел паша кој имал мандат од три години.

И покрај крајот на непријателствата со Шпанија во 1580 година, во следните години следувале голем број на напади врз христијани кои биле заробувани и продавани како робови. Пиратството собирало голем број на приходи за Алжир и империјата. Поради ова во текот на следните векови следувале неколку експедиции од европските сили кои завршувале неуспешно. Во 1816 година дошло до војна меѓу Алжир и САД познати како Прва берберска војна и Втора берберска војна.



                                     

1.3. Историја Француска инвазија

Француската инвазија на Алжир била голема воена операција предводена од страна на Кралство Франција на чело со Шарл X врз Отомански Алжир во 1830 година.

Како формална причина за француискиот напад било блокирањето на акжирското пристаниште во 1827 година. По три години дошол уште еден инцидент каде еден француски брод бил бомбардиран. Така, инвазијата на Алжир започнала на 5 јули 1830 година со поморски бомбардирања. Французите многу бргу ги поразиле силите на Хусеин Деј кој бил владетел на Алжир, но отпорот продолжил. Конфликтите продолжиле во следните 45 години.

За време на Наполеоновите војни Алжир имал голема корист од трговија со Медитеранот каде биле увезени големо количество на храна од Франција која алжирските власти го купиле со кредит. Французите го ограничиле своето тргување бидејќи Медитеранот бил управуван од страна на Велика Британија. Владетелот на Алжир се обидел да ги зголеми даноците кое довело до нестабилност во земјата и започнување на Првата берберска војна и Втората берберска војна.

Во 1827 година Хусеин Деј побарал од Франција да го плати долгот од 1799 година кога Наполеон го нападнал Египет. Следувала блокада на пристаништето на Алжир каде најголеми загуби претрпиле француските трговци бидејќи тие не биле во можност да тргуваат со Алжир, додека пак берберските пирати биле во можност да ја избегнат блокадата. Францускиот крал одлучил да организира казнена експедиција на бреговите на Алжир и да ги уништи берберските пирати. Конфликтот завршил со анексија на Алжир од страна на Франција.

Во следните години земјата била населена од страна на Французи, Италијанци. Новодојденото население добило статут на полноправни француски граѓани, за разлика од муслиманското население кое немало скоро никакви права.

                                     

1.4. Историја Современа историја

Во текот на 1954 година во Алжир започнала партизанска војна против француските власти. Во 1959 година Алжир ја постигнал својата независност, за да во 1962 година ја објави истата. Од 2010 до 2012 г. се одржувале големи протести во земјата поради невработеност, корупцијата и лошите услови за живот. Овие немири се карактеризирани со судири помеѓу народот и власта, која се повикува на законот, кој вели дека сите протести што не се одобрени од власта се противзаконски.

                                     

2. Административна поделба

Алжир се дели на 48 покраини "вилаети", 553 окрузи "дајри" и 1.541 општини "баладии". Сите покраини, окрузи и општини се наречени по нивните административни центри.

Територијалната поделба е неколкупати од осамостојувањето на земјата. При воведувањето на нови покраини, редните броеви од старите се запазуваат, па затоа нивниот редослед не е сосем азбучен.

                                     

3. Население, јазик и религија

Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Алжир изнесува 32 930 091 луѓе.

Старосна структура

2006

  • 0–14 години: 28.1% мажи 4 722 076 / жени 4 539 713
  • над 65 години: 4.8% мажи735 444 / жени 834 554
  • 15–64 години: 67.1% мажи11 133 802 / жени 10 964 502

2009

  • 0–14 години: 25.4% мажие 4 436 591 / жени 4 259 729)
  • над 65 години: 5.1% мажи 798 576 / жени 928 709
  • 15–64 години: 69.5% мажи 11 976 965 / жени 11 777 618

Етнички состав

Околу 99 % од населението на Алжир е составено од Арапи и Бербери, а во земјата живеат и околу 25 000 Французи.

Религија

  • 97 % - муслимани сунити
  • 3 % - друѓи христијани и евреи