Топ-100
Back

ⓘ Република Конго. Не ја поистоветувајте оваа држава со Демократска Република Конго. За други значења видете Конго. Конго или официјално Република Конго или уште ..




Република Конго
                                     

ⓘ Република Конго

Не ја поистоветувајте оваа држава со Демократска Република Конго. За други значења видете Конго.

Конго или официјално Република Конго или уште позната како Конго-Бразавил или Мало Конго е држава во Централна Африка. Државата се граничи со Габон на запад, со Камерун на северозапад, со Централноафриканската Република на север, со Демократска Република Конго на запад и југ и со Ангола или поточно со ексклавата Кабинда на југозапад. На југозапад државата излегува на Атлантскиот Океан. Главен и најголем град е Бразавил, додека службен јазик е францускиот.

Порано државата била француска колонија. По независноста, регионот Средно Конго во 1960 година станал Република Конго. Прво државата била со комунистички систем и била позната како Народна Република Конго, но во 1991 година се променила во повеќепартиски систем. Вкупната површина на Република Конго изнесува 342.000 километри квадратни каде живеат 3.686.000 жители.

                                     

1. Историја

Најраните жители кои живееле на територијата на денешен Конго биле мали народи кои подоцна во голема мера биле раселени и апсорбирани од народот Банту, за време на нивната експанзија. Старата култура од овие простори дошла под големо влијание на европските колонизатори, по првото престигнување на португалските трговци. Овие простори за португалскиот крал биле од голема важност, главно поради затворениот средоземноморски пат од страна на Отоманското Царство и Вецијанската република. Ова бил единствениот начин за престигнување и тргување со далечните земји од Азија. Кон крајот на 15 век, во периодот од 1482-1483 година, португалската експедиција за првпат се сретнала со властите на Кралство Конго, предводени од страна на капетанот Диого Као. Во почетокот, односите помеѓу двете земји биле добри и корисни за двете земји. Во следниот период следувала христијанизацијата на местното население. Кралот Нзинга станал првиот христијански крал под името Жоао I од Конго. Во времето на неговиот син, во земјата христијанството било распространето и прифатено целосно, при кое биле изградени голем број на христијански цркви. Односите помеѓу двете кралства главно се влошиле по 1510 година. Со откривањето и колонизирањето на Бразил, потребите на Португалија се зголемиле во голема мера, главно потребите од трговија со робови. Притисокот на кралот на Конго се зголемил. Така, по жалбата на кралот на Конго кон неговиот португалски колега, и неговото одбивање, односите помеѓу двете земји се заостриле кои довеле до конфликт. Се проценува дека околу 300.000 робови од Конго биле изнесени за потребите на Португалија.

Во периодот од 15 век до 16 век, на територијата на денешен Конго постоеле две земји: Теке и Лоанго.

                                     

1.1. Историја Француска колонијална ера

Во 1880 година, овие земји биле заземени од страна на француските колонијални сили. Така местото било наречено Француско Конго до 1910 година, кога станал дел од Француска Екваторска Африка под името Середен Конго. Бразавил бил избран за главен град. Економскиот развој во текот на првите 50 години од колонијално владеење на Конго, главно бил во центарот на искористување на природните ресурси.

                                     

1.2. Историја Независност

Во 1958 година била објавена автономија на Конго, на 15 јули 1968 година била прогласена независноста на земјата. Во текот на јануари 1970 година, по десетгодишни преврати, на власт дошол Националниот револуционерен совет по кое земјата била објавена за народна република. Во текот на 1990 година бил изгласен нов устав на земјата и воведен повеќепартиски систем. Во 1992 година на власт дошле опозициските партии, по кое била објавена Република Конго за официјално име на земјата. Денеска, земјата е член на ООН и ОАЕ Организација за африканско единство.

                                     

2. Географија и клима

Република Конго се наоѓа во Централна Африка во близина на екваторот. На југ и на исток од државата се наоѓа Демократска Република Конго, на запад е Габон, на север е Централноафриканската Република и Камерун и на југозапад е Кабинда, односно Ангола. На југ, исто така, државата излага на Атлантскиот Океан. Главен град на државата е Бразавил, кој се наоѓа во јужниот дел од земјата на реката Конго. Градот се наоѓа веднаш до главниот град на ДР Конго Киншаса, односно двата града ги дели реката Конго.

Југозападниот дел од земјата е рамница со голем број на речни корита, додека внатрешноста е плато. Шумите во Конго е во зголемена сеча и трговија.

Климата во Конго е екваторска со просечна дневна температура од 24 степени. Вкупната површина на Република Конго е 342.000 километри квадратни каде живеат околу 3.686.000 жители.

                                     

3. Политички систем

Политичкиот систем на Конго е во рамките на претседаелска република. Претседателот на Република Конго е шеф на државата и шеф на владата, како и на повеќепартискиот систем. Извршната власт е во рацете на владата на Република Конго. Законодавната власт е во рацете на владата и на дводомниот парламент на Република Конго. Пред граѓанската војна во 1997 година, систем на управување на Конго беше сличен со тој од Франција. По земањето на власта од страна на Денис Сасу Нгуесо се донел нов устав и се усвоиле сегашните политички структури.

                                     

4. Административна поделба

Република Конго е поделена на 12 департмани кои пак се поделени на 7 општини, а општините на 86 окрузи.

Департманите на Република Конго со нивните административни центри се:

  • Куилу Лоанго
  • Бразавил
  • Лекуму Сибити
  • Западен Кивет Ево
  • Кивет Овандо
  • Буенза Мадингу
  • Понт Ноар Понт Ноар
  • Нијари Долизи
  • Плато Џамбала
  • Пул Кинкала
  • Ликула Импфондо
  • Санга Уесо
                                     

5. Стопанство

Економијата на Република Конго е мешавина од земјоделство и производство. Индустрискиот сектор се заснова на производство на петролеум и услуги. Владата на Република Конго има проблеми со буџетот и голем број на административни работници. Во 2008 година 65% од БНП и 92% од извозот бил во нафтениот сектор.

                                     

6. Население, јазик и религија

Населението на Република Конго е сконцентрирано во југозападниот дел од земјата, додека северните делови не се населени. Сепак, Конго е една од најурбанизираните држави во Африка, каде 70% од населението живее во урбани средини како во градовите Бразавил или Поинт Ноар. Поради урбаното население, руралните средини се зависни од актовностите на владата за нивно подобрување.

Населението во етничка и лингвистичка смисла е разновидно. Според Етнолог во државата се зборуваат околу 62 јазици но овие јазици можат да бидат групирани во три големи категории. Најголема етничка заедница е народот Конго и скоро сочинуваат половина од населението. Втопра најголема заедница се народот Батаке кои сочинуваат 17% и живеат северно од Бразавил и понатака следуваат Буланги со 12%

Пред војната во 1997 година околу 9.000 странци живееле во Конго, но денес има мал број останато. Пигмејците сочинуваат околу 5 до 10 % од населението.

Религиски, населението е измешано од христијани и анимисти и се околу 50%. од вкупното население

  • Други - 44.430
  • Без религија - 363.600
  • Муслимани - 48.480
  • Христијани - 3.470.360
  • Народна религија - 113.120


                                     

7. Култура

Писменоста во Република Конго е на висок степен, особено кај машкото население. Јавното образование е теоретски бесплатно и задолжително за деца под 16 години, но во пракса трошоци постојат. Покрај основното образование, во државата постојат и високообразовни институции.

                                     

8. Надворешни врски

Влада
  • Влада на Република Конго
  • Претседател на Конго
  • Шеф на држава и кабинет
Општо
  • Република Конго на UCB
  • Република Конго - Проект "Отворен директориум" англиски
  • Република Конго на BBC
  • "Светска книга на факти" на ЦИА - запис за "Република Конго" англиски
Култура
  • Пигмејци од Конго и Камерун
  • Конгоанска книжевност
                                     
  • поистоветувајте оваа држава со Република Конго За други значења видете Конго Конго француски: Congo или официјално Демократска Република Конго République Démocratique
  • Знамето на Демократска Република Конго е официјалното знаме на оваа африканска држава кое било усвоено на 20 февруари 2006 година. Тоа е сино знаме со
  • Република Конго е поделена на 12 департмани фр. départements Департманите се основани во 2002 г., заменувајќи ги дотогашните региони. Буенза Мадингу
  • Демократска Република Конго се дели на 10 покраини и еден град - покраина: Град - покраина Географија на Демократска Република Конго Демографија на Демократска
  • Според податоци од 2007 година, населението на Демократска Република Конго изнесува 65 890 551 луѓе. 2005 0 - 14 години: 47, 4  15 - 64 години: 50, 1  над
  • Знамето на Република Конго е официјалното знаме на оваа африканска држава. Знамето е усвоено на 18 август 1958 година, но за време на социјализмот во
  • Фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго ја претставува Демократска Република Конго на меѓународни фудбалски натпреварувања и е под контрола
  • Најраните жители кои живееле на територијата на денешен Конго биле мали народи кои подоцна во голема мера биле раселени и апсорбирани од народот Банту
  • Централно Конго француски: Kongo central - покраина во Демократска Република Конго и единствената што излегува на море. Покраината Долно Конго првобитно
  • Конго може да се однесува на: Река Конго Конгоански слив Република Конго Конго - Бразавил Народна Република Конго 1970 1991 Демократска Република

Users also searched:

...