Топ-100
Back

ⓘ Есватини, или службено Кралство Есватини, до 2018 г. Свазиленд - држава во Јужна Африка. Се граничи со Јужноафриканската Република на север, југ и запад а додек ..




Есватини
                                     

ⓘ Есватини

Есватини, или службено Кралство Есватини, до 2018 г. Свазиленд - држава во Јужна Африка. Се граничи со Јужноафриканската Република на север, југ и запад а додека на исток се граничи со Мозамбик. Нацијата и државата се именувани по кралот од 19 век Мсвати II.

Есватини бил населен постојано уште од праисторијата. Денес, населението е дел од банту црнците наречени Свазијци. До Втората светска војна, Есватини бил протекторат на Обединетото Кралство и државата се изборила за независност во 1968. Есватини е членка на Јужноафриканската заедница за развој, Африканската Унија и Комонвелтот на нации.

Економијата на Есватини е главно заснована на земјоделството. Земјата се соочува со епидемија на СИДА и ХИВ, што ја прави земјата прва во светот со најмногу случаи на инфекција.

                                     

1. Историја

Артефактите индицираат човеково населување на Есватини уште од каменото доба, пред 200.000 години. Праисториските карпести уметности датираат од 25 000 година и продолжуваат сè до 19 век.

Најраните жители на оваа територија биле познати како ловците Коисан. Докази за употреба на железо и обработка на земјата има од 4 век и денешните народи, Сото и Нгуни, биле доселени во 11 век. Народот познат како Свази се доселиле во 15 век.

                                     

2. Географија и клима

Есватини е мало кралство кое не излегува на море. Есватини на север, запад и југ се граничи со Јужноафриканската Република и на исток се граничи со Мозамбик. Иако територијата на Есватини има 17.364 километри квадратни, кралството е поделено на четири географски региони.

                                     

3. Растителен свет

Вегетацијата Есватини е претставена со типична савана на запад, ксерофитските грмушки се вообичаени на исток. Флората е богата со богатство: познати се околу 2.400 видови - од лишаи и папрати до магноли и фикуси. Еден алое - 25 видови, 12 видови орхидеи, 10 - лилјани.

                                     

4. Политички систем

На чело на Есватини е кралот или локално именуван како "нгвенјама" Ngwenyama што во превод значи лав. Моментален крал на Есватини е Мсвати III кој го наследил престолот по смртта на неговиот татко кралот Собхуза II. Традиционално, кралот владее со неговата мајка или пак со нејзина замена наречена ндловукати "слоница". Кралот именува премиер на Есватини и членови на парламентот. Сентатот се состои од 30 членови, додека парламентот се состои од 65 членови. Избори во Есватини има секои пет години во месец ноември.

                                     

5. Административна поделба

Есватини е поделен на 4 окрузи. Окрузите потоа се делат на 55 околии "инкундли", а тие пак, на главатарства "умфакација".

Регионите се следниве:

  • Манзини
  • Лубомбо
  • Хохо
  • Шиселвени
                                     

6. Стопанство

Економијата на Есватини е составена од различни стопански гранки, па така има: земјоделство, шумарство и рударство со 13 % од БНП, индустриско производство со околу 37 % и услуги со околу 50 % од БНП.

Голем број од населението е вработено, околу 75 %. Во Есватини во подем е производсвото на текстил и земјоделски продукти.

                                     

7. Население, јазик и религија

Поголемот број од населението на Есватини се етнички свази, со мал процент на мешано население со белци. Во последно време во Есватини се доселуваат емигранти од Мозамбик и доселеници од Португалија. Најголема религија во Есватини е христијанството, но сепак тоа помешано со локални верувања и обичаи.

Јазик

Јазикот свази сисвати е дел од групата на банту-јазици кој се зборува во Есватини и ЈАР. Јазикот го зборуваат околу 2.5 милиони луѓе и се учи во училиштата. Тој е службен јазик во Есватини, заедно со англискиот и е еден од 11-те службени јазици на ЈАР.

Религија

Најголемата религија во Есватини е христијанството со околу 82.7% од вкупното население.

  • Без Религија - 120.190
  • Христијани - 1.049.390
  • Народна Религија - 11.900
  • Муслимани - 2.380
  • Хиндуисти - 1.190
  • Други - 4.760
                                     

8. Надворешни врски

Влада
  • Шеф на државата и кабинетот
  • Влада на Есватини
Општо
  • "Светска книга на факти" на ЦИА - запис за "Swaziland" англиски
  • Есватини - Проект "Отворен директориум" англиски
  • Swazi Live
  • Есватини на UCB
Туризам
  • Туризам во Есватини
Друго
  • Фотографии од Есватини
  • Есватини на Internet Cafe
                                     
  • Регионите се следниве: Лубомбо Манзини Хохо Шиселвени Географија на Есватини Демографија на Есватини ISO 3166 - 2: SZ Окрузи во Есватини - Statoids англиски
  • Грбот на Есватини го претставуваат различните симболи од културата на Есватини до 2018 г. Свазиленд Лавот го претставува кралот, а слонот кралицата - мајка
  • Религијата во Есватини има значајна улога во секојдневниот животот на луѓето во земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис на Pew Research
  • Знамето на Есватини било усвоено на 1 октомври 1968 г.. како знаме на Свазиленд, како што се нарекувала државата до 2018 г. Составено е од една средишна
  • превод: Господе Боже наш, благослови ја Свазија - национална химна на Есватини Таа е комбинација од свазиските и западните стилови на музика, и била
  • Според податоци од 2006 година, населението на Есватини изнесува 81 188 луѓе. 2005 0 - 14 години: 26, 4 мажи 10 839 жени 10 601 15 - 64 години: 67, 4
  • говори во Есватини порано Свазиленд и ЈАР од народот Свази. Се смета дека има 3 милиони говорници и е присутен во образованието во Есватини и некои јужноафрикански
  • .sz - највисок државен домен за Есватини и претставува кратенка од поранешното име на земјата - Свазиленд. Одговорна за управувањето е SISPA која ги дава
  • Амасвази се банту - народ во југоисточна Африка кој претежно живее во Есватини и ЈАР, со помал број и во Мозамбик, кој го зборува јазикот свази сисвати
  • 2020 - Свази политичар, деловен извршен директор и десетти Премиер на Есватини Пред неговото назначување, тој работел како извршен директор на Свази