Топ-100
Back

ⓘ Сенегал е држава во Северозападна Африка, опкружена е на север со Мавританија, на исток со Мали, на југ со Гвинеја и со Гвинеја Бисао и на запад со Атлантскиот ..




Сенегал
                                     

ⓘ Сенегал

Сенегал е држава во Северозападна Африка, опкружена е на север со Мавританија, на исток со Мали, на југ со Гвинеја и со Гвинеја Бисао и на запад со Атлантскиот Океан. Зелен ’Рт се наоѓа на околу 560 километри од сенегалскиот брег. Гамбија скоро во целост лежи во внатрешноста на Сенегал, опкружена е со оваа држава од исток, север и југ; од нејзината западна страна се наоѓа реката Гамбија, која е долга околу 300 километри на тоа копно. Површината на Сенегал е 196.712 км 2. Главен и најголем град е градот Дакар.

                                     

1. Главен град

Дакар е главен град на Сенегал. Градот е сместен на Капвертскиот Полуостров, на брегот на Атлантскиот Океан. Според пребројувањето од 2005 година, избројано е дека во градот има 2.4 милиони луѓе, од кои постојани жители биле само 1 милион.

                                     

2. Историја

Во текот на 6 век, територијата на денешен Сенегал бил населен од страна на народите Волоф и Серер, а во 9 век пристигнале Тукулорите чија држава станала доминантна на овие простори. Во 11 век до Сенегал пристигнал исламот преку Алморавидската династија. Од 14 век била формирана државата на народот Волоф, а во 16 век се распаднала на повеќе делови. Контактите со европските колонизатори започнале кон 15 век, главно од Португалските морепловци и трговски. Во следниот, 17 век, Французите станале најголема сила на овие простори, по кое следувало француското колонизирање на земјата. По крајот на светските војни бројот на сенегалското население се зголемило, а со тоа се појавиле и првите движења кои се бориле за независност. Својата независност земјата ја стекнала на 20 август 1960 година.

                                     

3. Образование

Според членовите 21 и 22 од уставот усвоен во јануари 2001 година го гарантира правото на образование на сите деца. Образованието е задолжително и бесплатно до 16 години. Министерството за наука изјавило дека државата нема капацитет во државните училишта да ги прими сите деца кои треба да започнат со образование секоја година.

Писменоста во државата е релативно на високо ниво. Особено тоа се забележува кај женската популација.

                                     

4. Политика

Сенегал е претседателска држава. Од 2001 година претседателот се избира по пат на избори на секој 5 години до таа година се избирал исто така на избори, но на секои 7 години, од страна на полнолетни жители на државата. Првиот сенегалски претседател бил Леополд Седар Сенгор, кој по професија бил писател. Леополд бил наследен од страна на Абду Диоф. Трет претседател на Сенегал бил Абдулаје Вејд, кој по професија бил адвокат. Сегашен претседател е Маки Сал, кој бил избран на изборите во март 2012 година.

Војска

Сенегалската војска ја сочинува персонал кој брои 19.000 и е распореден во армија, морнарица, воздушни сили и жандармерија. Сенегалската војска најголемата помош, најмногу опрема и поддршка ги добива од Соединетите Американски Држави и Франција. Германија исто така ја поддржува оваа држава, но во помала мера во споредба со претходно наведените држави.

                                     

5. Спорт

Спортот е прилично популарен во Сенегал. Борењето и фудбалот се најпопуларни спортови во државата. Сенегал ќе биде домаќин на летните олимписки игри за млади 2022 година, кои ќе се одржат во главниот град. Со ова оваа држава ќе стане првата африканска земја која ќе биде домаќин на олимписките игри.

                                     

5.1. Спорт Борење

Борењето е најпопуларен спорт во Сенегал и овој спорт е станат државна опсесија. Познат е по тоа што во овој спорт многу млади луѓе гледаат спас од сиромаштијата и е единствен прилично развиен спорт кој не се развивал под влијание на западните држави.

                                     

5.2. Спорт Фудбал

Фудбалот е популарен спорт во Сенегал. Во 2002 година репрезентацијата на оваа држава завршил на второто место во Африканскиот куп на нации и станал еден од само трите африкански тимови кои стигнале до четврт-финалето на светско првенство, така што го победиле бранителот на титулата Франција во првиот натпревар. Најдобар играч на сенегалската репрезентација е Садио Мане, играчот на англискиот премиерлигаш Ливерпул. Најголем број од првотимците на репрезентацијата играат за клубови од Европа. Репрезентацијата на Сенегал се квалификувал и на Светското првенство 2018 година кое се одржало во Русија, каде што се натпреварувале во групата Х против Јапонија, Колумбија и Полска.

                                     

5.3. Спорт Кошарка

Кошарката е исто така популарен спорт во Сенегал. Државата традиционално е една од најдоминантните африкански репрезентации во овој спорт. Кошаркарската репрезентација на Сенегал била најдобро пласирана африканска репрезентација на Светското првенство во 2014 година, на кое што за првпат во историјата обезбедиле настап во плејоф.

Во 2016 НБА објавила дека ќе отвори елитна академија во Африка, поточно во Сенегал.

                                     
  • Сенегал е поделен на 14 региони фр. régions Со секој од нив управува генерален совет Conseil Régional кој се бира на локални избори во окрузите.
  • Регионите во Сенегал се поделени на вкупно 45 департмани, а тие на 103 окрузи. Овие два вида на единици немаат адмиинстративна улога. Службениците од
  • Грбот на Сенегал е службен грб на државата кој е во употреба од 1960 - те години. Грбот е составен од штит кој е поделен на два дема во црвена и златна
  • Знамето на Сенегал е националнот знаме на оваа западноафриканска република. Знамето е усвоено на 20 август 1960 година и е составено од три вертикални
  • Сенегал има испратено спортисти на сите Летни олимписки игри одржани од 1964 година. За разлика од повечето соседни земји, Сенегал нема пропуштено ниту
  • Религијата во Сенегал има значајна улога во секојдневниот живот на земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис е исламот со 92 додека
  • Реката Сенегал во Западна Африка тече низ државите Гвинеја, Мали, Сенегал и Мавританија. Долга е околу 1 700км, со површина на сливот од околу 440 000
  • Во текот на 6 век, територијата на денешен Сенегал бил населен од страна на народите Волоф и Серер, а во 9 век пристигнале Тукулорите чија држава станала
  • Горен Сенегал и Нигер француски: Haut Sénégal et Niger - француска колонијална територија во федерацијата на Француска Западна Африка во периодот од
  • Според податоци од 2006 година, населението на Сенегал изнесува 11 987 121 луѓе. 0 - 14 години: 40.8 мажи 2 467 021 жени 2 422 385 15 - 64 години: 56.1
  • .sn - највисок државен домен за Сенегал Следниве второстепен домени се достапни за третостепени имиња: art.sn com.sn edu.sn gouv.sn org.sn perso.sn univ

Users also searched:

...