Топ-100
Back

ⓘ Село. Ова е статија за тип на населено место. За средината рурала, видете: Село средина Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физи ..




                                               

Ени Чифлик

Ени Чифлик - може да се однесува на следниве села: Ени Чифлик Драмско - село во Драмско, Егејска Македонија денешна Грција Ени Чифлик Пиринско - село во Петричко, Пиринска Македонија денешна Бугарија

                                               

Св. Дух (Крушица)

Св. Дух - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Крушица. Наоѓалиштето претставува осамен наод од римско време. Според Н. Вулиќ, во близината на селската црква имало два фрагмента од надгробни плочи од гнајс со грчкинатписи.

                                               

Црвена Стена (Малино)

Црвена Стена - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Малино. Наоѓалиштето претставува неропола од доцноантичко време. На 500 м југоисточно од селото, во непосредната близина на патот кон Св. Николе, во лозјето на Ѓ. Паунчев се наоѓаат плочи од гробни конструкции.

                                               

Рид (Крушица)

Рид - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Крушица. Наоѓалиштето претставува средновековна црква од старохристијанско време. На 200 м североисточно од селото има мала височинка на која се констатирани остатоци од сакрален објект и некропола. На теренот има крст од камен песочник и гробница околу кои се собираат мештаните на празникот Св. Илија.

                                               

Машатл’к (Каратманово)

Машатл’к - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Каратманово, Општина Лозово. Претставува некропола од римското време. На 1.5 км југозападно од селото при орање биле откриени камени плочи од гробни конструкции.

                                               

Срма (Каратманово)

Срма - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Каратманово, Општина Лозово. Во нивите на К. Иванов, Г. Ангелов и Т. Иванов, кои лежат на северозападниот раб од селото, се среќаваат фрагменти од керамички садови и тегули, а се најдени и камени плочи од гробни конструкции.

                                               

Чифлик (Ѓуземелци)

Чифлик - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ѓуземелци. Наоѓалиштето претставува населба од среден век. На 100 м јужно од селото, во нивата на Б. Илиев со орањето биле откриени темели од повеќе објекти. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал.

                                               

Думанлија (Каратманово)

Думанлија - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Каратманово, Општина Лозово. Претставува населба од римското време. Во нивите што лежат 2 км западно од селото се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и градежен камен.

                                               

Ќерамидница (Ѓуземелци)

Ќерамидница - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ѓуземелци. Наоѓалиштето претставува населба од неолитско време и доцноантичко време. На 500 м југоисточно од селото, во нивата на Борис Ѓорѓиев се среќаваат фрагменти од керамички садови од различна временска и културна провениенција.

Село
                                     

ⓘ Село

Ова е статија за тип на населено место. За средината рурала, видете: Село средина

Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Селото може да биде споено или надворешно и има население. Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.

                                     

1. Селски населби во Македонија

Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1.645 села.

Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:

  • Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите ;
  • Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села ;
  • Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите карактеристики на селото.
  • Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите ;

Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.

  • Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20.5% од сите села.
  • Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58.4% од сите села.
  • Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села 21.1% од сите.

Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.

                                     

2.1. Селото како тема во уметноста и во популарната култура Селото како тема во народната книжевност

  • "Селанецот што го надитрил аптекарот" - македонска народна приказна.
  • "За еден селанец кој имал злобна жена" – полска народна приказна.
  • "Селанецот и оџата" - македонска народна приказна.
  • "Селаните сакале да ги продадат коњите па ги продале жените" – полска народна приказна.
  • "Си поминав низ село" - македонска народна песна.
  • "Селанецот, волкот и јагнето" - македонска народна приказна.
                                     

2.2. Селото како тема во уметноста и во популарната култура Селото како тема во книжевноста

  • "Селска хроника" - песна на Никола Јонков Вапцаров.
  • "Селани" - песна на македонскиот поет Јован Котески.
  • "Селска сиромаштија" - песна на македонскиот поет Јован Котески.
  • "Село" - песна на рускиот поет Генадиј Ајги од 1986 година.
  • "Селото Степанчиково" руски: Село Степанчиково и его обитатели - роман на рускиот писател Фјодор Достоевски од 1859 година.
  • "По селото" - песна на рускиот поет Михаил Исаковски.
  • "Сабота в село" Il sabato del villaggio - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.
  • "Гостин од село" - расказ на македонската писателка Оливера Николова.
  • "Село" - песна на рускиот поет Александар Пушкин.
  • "Мртво село" - песна на македонскиот поет Јован Котески.
  • "Селска мака" - песна на македонскиот поет Кочо Рацин.
  • "Приказни од моето село" - книга на македонскиот писател Ванчо Николески.
  • "Село" Pueblo - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.
  • "Село зад седумте јасени" - роман на македонскиот писател Славко Јаневски од 1952 година.


                                     

2.3. Селото како тема во уметноста и во популарната култура Селото како тема во музиката

  • "Во наше село" - песна на македонската етно група "Synthesis".
  • "Село" англиски: The Village - песна на британската поп-рок група "Њу Ордер" New Order од 1983 година.
  • "Селска песна" англиски: Country Song - песна на британската поп-рок група "Хепи мандис" Happy Mondays од 1988 година.
  • "Селски живот" англиски: Country Life - албум на британската рок-група "Рокси Мјузик" Roxy Music" од 1974 година.
                                     
  • Ново Село - село во Општина Ново Село во околината на градот Струмица, и административен центар на општината. Ново Село е седиште и најголема населба
  • меша со истоименото село во јужниот дел на Општина Штип. Ново Село - населба во градот Штип и многу познато некогашно село Ново Село се наоѓа во урбаното
  • Црква или Гробишта - археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Ново Село Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 1 - 2 км северно
  • Томино Село - село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Маалската структура на селото и поделеноста
  • Ново Село - село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар. Селото се наоѓа во крајниот североисточен дел на територијата
  • Село - село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, Охридско. Селото Ново Село се наоѓа во областа Дебрца. Најблиски соседни села на селото Ново село се
  • Агино Село понекогаш се среќава и само како Агино - село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово. Агино Село се наоѓа на најјужниот дел
  • Ново Село - село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар. Селото се наоѓа во јужниот дел на Горни Полог
  • Герамидница - археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Ново Село Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 км северно од
Средни Рид (Мечкуевци)
                                               

Средни Рид (Мечкуевци)

Градиште - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Мечкуевци. Наоѓалиштето претставува можна вила рустика од римското време. Во нивата на еден жител, што се наоѓа на околу 3.5 км од селото, има многу градежен материјал, а откопан е и еден питос.

Над Бавчи (Кнежје)
                                               

Над Бавчи (Кнежје)

Над Бавчи - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Кнежје. Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичкото време. Во близината на северниот крај на селото, во нивите на тројца жители биле откриени остатоци од темели на повеќе градби, а по површината има делови од керамички садови и питоси.

Бресје (Милино)
                                               

Бресје (Милино)

Бресје - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Милино. Наоѓалиштето претставува населба од младото камено време. На 2.5 км северозападно, во нивата на еден жител со површина од 200 × 100 м, се среќаваат делови од керамички садови, претежно со монохромна темна боја, кои по фактурата и профилацијата на облиците се слични на доцно младокамената керамика од населбата Барутница во Амзабегово.

Users also searched:

...
...
...