Топ-100
Back

ⓘ Работничко самоуправување бил систем на управување со претпријатијата и другите установи во ФНРЈ од страна на самите вработени. Во комунистичките економии управ ..




Работничко самоуправување
                                     

ⓘ Работничко самоуправување

Работничко самоуправување бил систем на управување со претпријатијата и другите установи во ФНРЈ од страна на самите вработени.

Во комунистичките економии управувањето и планирањето на економијата не се одвивало според пазарни услови и со потполна автономија на економските субјекти, туку напротив, преку централизирано планирање и управување со секој деловен субјект посебно од страна на централната администрација. Ваквиот начин на управување со економијата се покажал како гломазен и неефикасен, особено во постарите комунистички општества, како СССР. Системот на работничкото самоуправување бил воведен од страна на комунистичкото раковоство на ФНРЈ со цел да се подобри ефикасноста на економијата.

На 26 јуни 1950. година бил донесен Закон за работничко управување, со кој управувањето на деловните субјекти претпријатијата, а од 1952 и на установите, било пренесено на работничките совети.

Замената на административниот со самоуправниот систем се одвивала постапно и во неколку правци: 1) преку воспоставување на органите на работничкото самоуправување, кои постепено преземале се повеќе функции; 2) преку постепено намалување на функциите на државните органи и укинување на некои од нив и 3) децентрализирање на надлежностите на државните органи, односно пренесување на некои функции од повисоките на пониските државни, републички па и локални органи.

Работничкото самоуправување во почетокот вовело ентузијазам кај работниците и позитивни економски ефекти, но подоцна се изобличило и станало инструмент на комунистите за наметнување на својата власт во управувањето со економијата, што конечно довело до економски колапс на економијата на СФРЈ.

Работничкото самоуправување било единствен пример во светската економска пракса кајшто сите економски субјекти во државата биле управувани од работниците и поради тоа било атрактивно за теориски проучувања.

Економската теорија како еден од проблемите кои постојат при работничо самоуправување го посочува ефектот на "бесплатно возење", односно тоа што некои работници може и да не придонесуваат доволно да бидат исто наградени поради фактот што имаат дел од сопственоста.

                                     
  • совети. Земјата и фабриките биле експроприрани и било воспоставено работничко самоуправување Економијата која ја наметнале махновистите во Украина била заснована
  • здруженија од страна на работните колективи, познат и како Закон за работничко самоуправување од 1950 година. Овој устав е од особено значење бидејќи со него
  • општество, кои подоцна ќе значат и формулирање на теоријата за работничко самоуправување и воопшто на титоизмот како посебна комунистичка теорија. Во насока
  • Слично како и неговиот јунак Лазар, кој сев повикувалсе на таквото работничко самоуправување сака да го ревитализира запуштениот рудник, отстранувајќи ги
  • критични кон некои аспекти од анархосиндикализмот според кој работното самоуправување од страна на работниците е од фундаментално значење за целите како и
  • живот засновани на комуната Под комуна Прудон подразбираше локално самоуправување или според буквалниот превод, општина наместо комунистичко уредување
  • рускиот писател Фјодор Достоевски тврди дека социјализмот не е само работничко прашање... туку, тоа е претежно атеистичко прашање. Социјалист Socialist
  • анархосиндикализмот се работничката солидарност, директната акција и работничкото самоуправување Работничката солидарност значи дека анархосиндикалистите сметаат дека
  • експериментот самоуправување Периодот во кој КПЈ ја остваруваше нејзината најприоритетна задача, односно борбата за работничко самоуправување траеше дваесеттина
  • импресивна репутација, Петар не беше среќен во Англија. Тој сметаше дека нема работничко движење во Англија, ниту пак дека имаше некоја поголема општествена организација
  • му објавија војна на СССР. 1950 Во ФНРЈ е донесен Законот за работничко самоуправување 1950 Студена војна: САД решиле да интервенираат во Корејската

Users also searched:

...
...
...