Топ-100
Back

ⓘ Албански јазик - јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои др ..




Албански јазик
                                     

ⓘ Албански јазик

Албански јазик - јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во македонската терминологија се користел терминот арнаутски јазик. Во речниците на Ѓорѓија Пулевски, јазикот се нарекува арбански.

Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата сѐ уште масовно го користат во Косово и делови од Македонија. Впрочем, сѐ уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.

                                     

1. Дијалекти

Постојат два диференцијални дијалекти на албанскиот: тоскански дијалект и гегски дијалект. Спорот со дијалектите и нивниот службен стгатус и денес не е разрешен во албанската научна и општествена јавност. Имено, денес службено и официјално се тврди дека албанскиот јазик е синтеза на двата дијалекти, што е насилно наметната теза од Енвер Хоџа и неговата политика. Денешниот албански јазик се заснова на тосканскиот дијалект и не е прифатливо за населението што користат гегски дијалект. Гегите и денес пишуваат и творат на гегски дијалект, но поради тоа и денес се прогонувани и казнувани таквите активисти. Поради тоа едонство за албанскиот јазик речиси и не постои, раздорот е голем. Во 1965 година од печат излезе книгата "Предавство" напишана на гегски дијалект и албанците од северна Албанија побараа таа верзија на албанскиот јазик и тој дијалект да бидат официјализирани и албанскиот јазик да се заснова на тој дијалект.

Разликите помеѓу двата дијалекти со огромни, дури и поголеми отколку некои словенски јазици како на пример словенечки јазик и српски јазик. Од вкупното албанско население на Балканот, околу две третини или мнозинство од албанците зборуваат на гегски дијалект. Тој дијалект е лексички побогат, почист и има поголеми изразни можности благодарејќи на влијанието на соседните македонски јазик и српски јазик.

                                     

2. Граматика

Именки

Член

Членот во албанскиот јазик е постпозитивен, односно се става на крајот од именката, исто како во македонскиот јазик. Албанскиот има само определен член и се користат следниве наставки:

  • -u за именки од машки род кои завршуваат на k, g и h, за сите други -i.
mal - mali планина - планината, ujk - ujku волк - волкот
  • -а или -ja за именки од женски род. Ако именката завршува на o или e, тогаш се користи членот -ja.
verture - vetura автомобил - автомобилот, pallto - palltoja палто - палтото
  • за именките од среден род малку на број се користи членот -t.

За разлика од македонскиот, албанскиот има само еден член и членот се користи и за лични имиња и топоними Shkup - Shkupi, итн.

                                     
  • образуваат на албански јазик па така има албански паралелки во средното и основното образование, како и високи образовни институции на албански јазик Денешниот
  • ТВ Алсат М албански Alsat M - македонска национална приватна телевизија која емитува програма на албански и македонски јазик од 1 март 2006 година
  • Кристал на македонски јазик. Во Горица било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња
  • населено со муслиманско и православно христијанско население со албански како мајчин јазик познато под името Шкрети, главно со македонско и во помал дел
  • Македонски јазик - јужнословенски јазик дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален
  • време обезбедува и курсеви на македонски, албански и англиски јазик Сите студенти го изучуваат англискиот јазик Почетната фаза на развојот на универзитетот
  • него се емитува програма на албански јазик на турски јазик како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик Од 2020 година на МРТ 2 се емитува
  • Телевизија Арт албански Televizioni Art е приватна телевизиска станица од Тетово која емитува првостепено програма на албански јазик но многу емисии
  • на Битолскиот конгрес во 1908 година латиницата е избрана за пишан албански јазик муслиманските активисти, под влијание на Младотурците, одржале демонстрации
  • Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците
  • која емитува програма на албански јазик Телевизијата е основана во 1993 година и е една од првите телевизии на албански јазик во Македонија. Програмата
Манастир Арденица
                                               

Манастир Арденица

Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Арденица или само манастир Арденица е православен манастир, кој се наоѓа на 18 километри јужно од Лушње, Албанија, покрај патот што ги поврзува Лушње и Фиер. Манастирот бил изграден од византискиот цар, Андроник II Палеолог во 1282 по победата против Анжујците во опсадата на Берат. Во манастирот во 1451 бил венчан Скендербег со Андроника Аријанити.

Users also searched:

...