Топ-100
Back

ⓘ Остров е копно опколено од сите страни со вода од море, езеро или река. Неговото потекло може да биде вулканско, корално, или, пак, островот може да биде продол ..




                                               

Грб на Норфолшкиот Остров

Грбот на Норфолшкиот Остров се состои од штит околу кој се наоѓаат лав и кенгур како држачи. Над штитот има стилизиран шлем, а подоле се наоѓа натписот "INASMUCH".

                                               

Сина Пештера (Бишево)

Сината Пештера ― подводна морска пештера сместена во мал залив наречен Балун, на источната страна на островот Бишево и околу 8.3 км од Комижа, на хрватскиот Јадран. Сместена е во средишниот далматински архипелаг, 5 км југозападно од островот Вис. Пештерата е едно од најпознатите природни убави места на Јадранот и популарна ревијална пештера поради блескавата сина светлина што се појавува во одредени периоди од денот.

                                               

Пипи Долгиот Чорап

Пипи Долгиот Чорап - главниот лик на истоимениот роман на шведската писателка Астрид Линдгрен. Пипи била именувана од ќерката на Линдгрен, Карин, која побарала од нејзината мајка убава приказна кога таа страдала од пневмонија. Пипи е необично девојче. Таа е најсилната во светот, има пеги на лицето и црвените плетенки ѝ стојат во вис, груба е и нема животно искуство. Таа пораснала без родители и живее во куќа наречена Вила Вилекула, заедно со нејзиниот забележан коњ и нејзиниот мајмун наречен Господин Нилсон шведски: Herr Nilsson. Нејзината мајка е во рајот, а нејзиниот татко Ефрем Долгиот ...

Остров
                                     

ⓘ Остров

Остров е копно опколено од сите страни со вода од море, езеро или река. Неговото потекло може да биде вулканско, корално, или, пак, островот може да биде продолжување на некој континент или врвови на подводни планини. Една заедничка карактеристика на сите острови е тоа што климата на нив е во голема мерка условена од близината на морето.

Сите острови на Земјата се класифицирани во неколку групи:

  • Океански острови. Тоа се островите кои се наоѓаат далеку од континентите и кои имаат различно потекло. Се појавуваат како резултат на некои процеси кои настануваат на и во Земјината кора, како што се издигнувањето до површината на водата на некој дорсал подводен планински венец, при што високите гребени на подводната планина го образуваат островот, кој најчесто е со доста груб релјеф и големите набирања на првобитните натконтиненти, кои не се споиле со сегашните. Океанските острови се обично со големи димензии. Едни од најголемите океански острови се Мадагаскар и Нов Зеланд.
  • Корални острови. Овие острови имаат биолошко потекло. Се нарекуваат и атоли. Тие се последица на големата активност на коралите. По изумирањето, нивните скелети создаваат една структура која служи како основа за развој на нови корали. На ваков начин може да се постигне голема дебелина. Најдлабоките делови потонуваат и овозможуваат структурата да расте во горниот дел каде има повеќе светлина. Колебањето на нивото на морето овозможува гребенот да излезе на површина, а потоа ерозијата создава почва погодна за растенијата. Тоа се ниски острови, многу малку над нивото на морето. Се создаваат и кога средишната лагуна на некој атол ќе се исуши. Таков пример се островите Голема Барера од австралиските гребени.
  • Континентални острови. Вакви се островите кои се наоѓаат во непосредна близина на некој континент, од кој се одделени со не многу длабок проток. Тие, всушност, во геолошка смисла, се продолжение на континентот. Ова го докажуваат некои фосили и видови на карпи. Пример за ваков вид на острови се Британските, кои се наоѓаат на континенталната платформа во Западна Европа, а се одделени од остатокот од континентот со протокот Ла Манш, чијашто максимална длабочина изнесува околу 100 m.
  • Вулкански острови. Тие се директен резултат на вулканска активност која се јавува кај дорсалите или во други центри од овој вид распрснати во океаните. Овие острови најчесто се јавуваат како собрани во огромни појаси, притоа создавајќи вулкански појаси. Ваков вид на острови се создаваат и денес, како што е случај со островот Суртси, близу Исланд, кој се оформил во 1963 година, во текот на една ерупција. Ваквите острови се многубројни во Тихиот Океан, многу од нив се со интензивна еруптивно-вулканска активност. Друг пример се Канарските Острови, кои се оформиле во текот на последните етапи од набирањето на Атлантскиот Дорсал.

Единствен остров во Македонија е Голем Град во Преспанското Езеро.

Список на десетте најголеми острови во светот:

                                     

1.1. Островот како тема во уметноста и во популарната култура Островот како тема во музиката

  • "Дама од островот" Lady Of The Island - песна на американската фолк-рок група Крозби, Стилс и Неш Crosby, Stills & Nash од 1969 година.
  • "Островот на Гилиган" Gilligans Island - песна на американската хардкор панк група Хускер Ду Hüsker Dü од 1982 година.
  • "Островот на мртвите" - симфониска поема на рускиот композитор Рахманинов.
  • "Остров" англиски: Island - песна на американската хеви-метал група Мастодон Mastodon од 2004 година.
  • "Острови во струјата" Islands in the stream - песна на Доли Партон и Кени Роџерс од 1983 година.
                                     

1.2. Островот како тема во уметноста и во популарната култура Островот како тема во филмот

  • "Острови во струјата" Islands in the stream - филм на американскиот режисер Френклин Шафнер од 1977 година.
                                     
  • Северен Остров англиски: North Island, маорски: Te Ika - a - Māui - еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров Островот
  • Јужен Остров англиски: South Island, маорски: Te Wai Pounamu - еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Северниот Остров Маорското
  • Велигденскиот Остров рапанујски: Rapa Nui, шпански: Isla de Pascua - Полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан на најјугоисточната точка на Полинезискиот
  • Терирторијата Божиќен Остров е територија на Австралија во Индискиот Океан. Островот се наоѓа 2600 километри северозападно од Перт, Австралија, 500 километри
  • Норфолшкиот остров или само Норфолк норфолшки: Norfuk Ailen е мал остров во Океанија помеѓу Австралија, Нов Зеланд и Нова Каледонија. Задно со двата
  • Островот Џарвис или Џарвисов Остров англиски: Jarvis Island е мал остров во Тихиот Океан, на половина пат помеѓу Хаваите и Куковите Острови. Островот
  • Бејкеровиот Остров или Бејкер англ. Baker Island е атол во Пацификот кој припаѓа на американските острови. Има површина од 1, 5 км2 и се наоѓа југозападно
  • видете тука. Пенаншкиот Остров или само Пенанг е малезиски остров кој се наоѓа во државата Пенанг. Порано бил познат под името Остров на Принцот од Велс
  • Четемскиот Остров англиски: Chatham Island, мориорски: Rekohu, маорски: Wharekauri е во голема мера најголемиот остров од групата Четемски Острови
  • Хауленд англиски: Howland Island е ненаселен корален остров кој се наоѓа во Тихиот Океан. Островот е дел од Островите Феникс и истиот е дел од островските
  • Оклендов Остров англиски: Auckland Island - глевниот остров на ненаселениот архипелаг Оклендски Острови во јужниот Тихи Океан кој му припаѓа на Нов Зеланд
  • Малденовиот Остров порано познат како Индепенденс, е низок и ненаселен атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во Кирибати. Атолот има

Users also searched:

...
...
...