Топ-100
Back

ⓘ Демографија на Намибија. 2000 0-14 години: 43% мажи: 384 900 жени: 375 282 над 65 години: 4% мажи: 28 905 жени: 37 794 15-64 години: 53% мажи: 468 942 жени: ..




Демографија на Намибија
                                     

ⓘ Демографија на Намибија

2000

  • 0-14 години: 43% мажи: 384 900 / жени: 375 282
  • над 65 години: 4% мажи: 28 905 / жени: 37 794
  • 15-64 години: 53% мажи: 468 942 / жени: 475 504

2003

  • 15-64 години: 54% мажи: 517 469 / жени: 522 549
  • 0-14 години: 42.5% мажи: 414 559 / жени: 404 346
  • над 65 години: 3.5% мажи: 30 038 / жени: 38 486
                                     

1. Етнички состав

Според население, Намибија е втора најслабо населена држава во светот, веднаш зад Монголија. Мнозинството население на Намибија е од црната раса. Повеќе од половина од населението се припадници на народот Овамбо и живеат во северниот дел од земјата. Покрај нив, во Намибија живеат и Хереро и Химба, кои зборуваат сродни јазици.

Поголем дел од народите кои живеат во Намибија се припадници на големата група Банту, но има и припадници на останати поголеми етнички групи како на пример Коисани кои се потомци на првичните жители на Намибија. Исто така, во Намибија живеат и Анголци кои се бегалци во државата. Покрај сите овие, има и мешано население кои сочинуваат околу 6.5% од вкупното население. Во 2006 година во Намибија живееле 40.000 Кинези Белото население во Намибија е од португалско, холандско, германско, британско и француско потекло кои сите заедно се околу 7% од населението.

                                     

2. Религија

Најголема религија во Намибија е Христијанството кое е застапено со околу 80 % од населението. Покрај Христијанството, 10 % од населението се припадници на некои од локалните африкански религии, 3 % се припадници на малата исламска заедница и остатокот е класифициран како непознат.

                                     

3. Јазици

Службен јазик на територијата на Намибија е англискиот јазик. До 1990 година, германскиот и африканс биле исто така службени јазици. Одреден период пред Намибија да ја добие својата целосна независност, властите во Намибија одлучиле државата да биде монолингвална, чекор кој намерно бил преземен како споредба со ситуацијата во ЈАР. Поради тоа, англискиот останал единствен службен јазик, додека како признати јазици кои се зборуваат во Намибија се африканс, германски јазик и ошивамбо јазик.

Половина од Намибијците зборуваат ошивамбо како мајчин јазик, додека повеќето од населението разбираат и африканс. Помеѓу младото население, јазик кој најмбогу го разбираат е англискиот. Бидејќи ниту англискиот ниту африканс не се мнозински мајчин јазик, тие се најмногу зборувани втори јазици низ земјата. Од белото население во земјата, 60% зборуваат африканс, 32% германски, 7% англиски и 1% португалски.

                                     
  • на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на
  • и Бангладеш 135 милиони. Религиозност и интелигентност Демографија на атеизмот Список на земјите по нерелигиозност Crabtree, Steve. Религиозноста
  • Оваа статија ги прикажува земјите по население односно густина населеност на квадратен километар. Списокот ги вклучува дефакто суверените земји и независните
  • Берлин германски: Berlin - главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од 3, 45 милиони жители, Берлин е најголемиот
  • Статијава дава три списока на земјите во светот според сиров нателитет родност Под сиров наталитет се подразбира бројот на родени за даден период, поделен

Users also searched:

...