Топ-100
Back

ⓘ Класна борба. Класната борба е борба помеѓу општествените класи кои го сочинуваат едно општество. Во основата на концептот лежи тезата дека општеството е поделе ..




Класна борба
                                     

ⓘ Класна борба

Класната борба е борба помеѓу општествените класи кои го сочинуваат едно општество. Во основата на концептот лежи тезата дека општеството е поделено на класи и дека помеѓу класите може да постои класна соработка или класна борба. Застапниците на класната борба, инсистираат на тврдењето дека класната соработка, во најмала рака долгорочно, е во корист само на експлоататорската класа и дека всушност експлоататорската класа, иако го прикрива тој факт, сепак води класна борба против експлоатираната класа. Поради тоа, застапниците на класната борба инсистираат на потребата и експлоатираната класа да води класна борба против своите експлоататори.

Класната борба може да се подели на:

  • мирна или насилна и
  • економска, политичка или идејна.

Мирната класна борба значи водење на класна борба со мирољубиви средства, но при тоа мора да се има предвид дека постои разлика помеѓу мирна класна борба и класна соработка. Од друга страна, типичен пример за насилна класна борба е револуцијата.

Економската класна борба се одвива на економското поле во врска со одредување на висината на наемнината, условите за работа и слично, политичката класна борба подразбира учество на изборите со цел влијаење или освојување на политичката власт во одредена држава, додека идејната класна борба се води на идеен план и подразбира борба за идејната определба на луѓето. Идејната класна борба од гледна точка на експлоатираната класа подразбира борба за изградба на класна свест.

Помеѓу застапниците на класната борба постојат длабоки несогласувања во врска со типот класна борба што треба да се води.

                                     
  • соодветна класна свест на класната положба. Оттука, градењето и зацврстувањето на класната свест, како основен елемент на идејната класна борба застапниците
  • помеѓу овие класи не се хармонични, туку антагонистички и доведуваат до класна борба помеѓу нив. Постојат основни и споредни класи, кои се различни во различен
  • протести, антиглобалистички демонстрации, маршеви и разни облици на класна борба Се состои од луѓе облечени во црно, воглавно младина, кои се најчесто
  • класна борба помеѓу нив. Во капиталистичкото општество основни, иако не и единствени, класи се капиталистичката и работничката класа. Нивната класна борба
  • феудалци во задушувањето на антифеудалните движења. Најостар вид на класна борба во времето на феудализмот претставувале селските востанија. Нив ги имало
  • парламентаризмот и политичката акција за сметка на револуционерната класна борба Централната организација на работниците од Шведска SAC На шведски Sveriges
  • како марксизам - тврдат дека човечките општества се развиваат преку класна борба Во капитализмот, ова се манифестира во конфликт помеѓу владејачките
  • одредени мистериозни настани Никола Карев како матурант од Бугарската машка класна гимназија, на крајот на учебната 1900 1901 година. Споменикот на Никола
  • Додека Луксембург ја поддржуваше реформистичката активност во смисла на класна борба целта на овие реформи била да се изврши револуција. Таа нагласуваше
  • и веруваат дека феминистичката борба против сексизмот и патријархатот е есенцијална компонента на анархистичката борба против државата и капитализмот

Users also searched:

...
...
...