Топ-100
Back

ⓘ Јакупица или Мокра Планина - планински масив во Централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Караџица, Даутица, Голешница, Китка, Мумџица, Сала ..




Јакупица
                                     

ⓘ Јакупица

Јакупица или Мокра Планина - планински масив во Централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Караџица, Даутица, Голешница, Китка, Мумџица, Салакова Планина и Осој. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови, валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори - врела и др. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2.540 метри. Други важни врвови се: Караџица, Попово Брдо, Остар Брег, Убава, Остар Врв и Даутица.

Релјефот е пресекуван од бројни чисти и брзи планински реки. Големи области се покриени со букови, дабови и игнолисни шуми. Исто така, постојат очигледни траги на исконски глацијација од делувалниот период. Во последно време голем број на институции имаат дадено предлог Јакупица, како и целиот масив Мокра Планина да станат национален парк.

Овој планински масив е лесно достапен од главниот град Скопје или од градот Велес и многуте села во оваа област.

На чисти и јасни денови, од врвот Солунска Глава се верува дека може да се види градот Солун во Грција, па оттука доаѓа и врвот.

                                     
  • револуционер Ѓорче Петров, запишал дека Црн Врв е соединет со основите на Јакупица преку гребенот Темна Бука, над којшто се издигнува пирамидалниот врв Убово
  • Големото Салаковско Езеро претставува ледничко езеро на планината Јакупица во Македонија. Езерото е широко 38, 5 метри, а долго 46, 4 метри, со најголема
  • предел во Централна Република Македонија, во Општина Чашка. Првенец на Јакупица е реката Бабуна. Почетокот и е југоисточно под врвот Солунска Глава од
  • крајна јужна огранка на најголемиот македонски планински масив Мокра или Јакупица Се протега по речиси меридијански правец север - југ со мало отклонување
  • Солунска Глава или Мокро - планински врв во Македонија на планината Јакупица дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина, со височина од
  • кои се природно завирени од издашен извор на вода, високо на планината Јакупица под врвот Кале поради што многу често во некои пишани изданија, карти и
  • страна на Кадина река. По течението на реката Алгица, и на западниот дел на Јакупица се среќава еден од ретките видови на борот кривул. Кадина Река Петрушевски
  • географска положба. Ги поседува најубавите и привлечни предели на планините Јакупица Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро - запад
  • алпинизам. Дел од резерватот Фазан - претставник на фауната Маргаритка Јакупица Езеро Козјак Хаџи Пецова, Стефанка Михаило Зиков, Пене Пенев, Душан Манаковиќ
  • како своевидно продолжение на Бегово Поле, на допирот на северната падина Јакупица и трите разгранувања Караџица, Шашковица и Елјагица кои всушност се испуштаат
  • Мумџица е северна огранка на најголемиот македонски планински масив Мокра Јакупица Нејзината највисока точка изнесува 1606 метри надморска височина, а височината

Users also searched:

...