Топ-100
Back

ⓘ Оаза на морињата. МБ Оаза на морињата е крстосувач - најголемиот патнички брод на светот со капацитет од 5.400 патници. Бродот бил дизајниран под името Проект Г ..




Оаза на морињата
                                     

ⓘ Оаза на морињата

МБ "Оаза на морињата" е крстосувач - најголемиот патнички брод на светот со капацитет од 5.400 патници. Бродот бил дизајниран под името "Проект Генеза". Бил порачан во февруари 2006. Кобилицата била поставена на 11 декември, 2007 во Акер Јардс во Турку, Финска. Во мај 2008 бил преименуван "Оаза на морињата" по одржаниот натпревар за именување на бродот. Кога ќе се заврши во доцна 2009, бродот ќе тргне на крстарење низ Карибите од Еверглејдсското пристаниште во Форт Лодердејл, Флорида. Во блиска иднина ќе се започне со изградбата и на бродот "Allure of the Seas".

"Оаза на морињата" ќе биде првиот брод со следниве удобности: апартмани со високо приземје, амфитеатар со крајбазенски изведби, спусна жичарница и рингишпил. Ќе биде најголемиот крстосувач на светот при неговото завршување во 2009.

Покрај соседството наречено Централен парк, бродот ќе има и соседство наречено Шеталиште, кое е така обмислено за да ги потсеќа патниците на пристаништата од минатото. Централната атракција ќе биде рачно изработениот рингишпил. Во соседството ќе има и амфитеатар "АкваТеатар" кој ќе биде најголемиот базен на брод во светот и крај него ќе се одржуваат разни активности и манифестации.

Спусната жичарница ќе виси на висина од девет спратови над шеталиштето, а таму ќе има и два ѕида за искачување. Патниците ќе имаат на избор да отседнат во 28 двокатни апартмани со високо приземје и прозори од земја до таван.

                                     

1.1. Соседства Шеталиште

Шеталиштето The Boardwalk е инспирирано од разните пристаништа ширум светот. Ова место ќе пружа по нешто за сите возрасти. Таму патникот ќе може да се глед водни спектакли АкваТеатар, да се провози на првиот бродски рингишпил, првата спусна жичарница на море, да купува во пет различни продавници, како и да ги посети петте ресторани и барови.

                                     

1.2. Соседства Кралска променада

Кралската променада The Royal Promenade ќе ги има многу од нештата кои можат да се најдат на бродовите од класата Војаџер и Слобода, меѓу кои рестораните и продавниците, но ќе има и новости. Ова ќе бидат плафонските стакла кои ќе пропуштаат природна светлина низ Централниот парк над местото, како и бар кој се подига и оди помеѓу три палуби нивоа на бродот Rising Tide bar.

                                     

1.3. Соседства Централен парк

Централниот парк Central Park било првото соседство разоткриено за јавноста. Тоа ќе биде на отворено небо, полно со раскошни градини и патеки. Местото ќе има три продавници и шест ресторани/барови.

                                     
  • патнички брод сѐ до 2009 г. со изградбата на бродовите од класата Оаза од истиот сопственик. Слобода на морињата е изграден од бродоградилиштето Акер Јардс
  • Поради тоа нивната вода се користи за наводнување на пустинското земјиште кое е претворено во зелена оаза на плантажи од памук и други култури. За таа намена
  • сурфери. Исто така, во Жиронда е роден Жак Ив Кусто истражувач на морињата и сите форми на живот во вода. Големата дина во Пила во Аркашонскиот Залив близу
  • од 34 тајни јурисдикции кои ќе бидат предмет на Одлуката за запирање на злоупотребата на даночната оаза донесени од Американскиот Конгрес. Во Бахамите

Users also searched:

...