Топ-100
Back

ⓘ Калмички јазик. Калмичкиот ојратски, или попознат само како калмички е монголски јазик кој се зборува воглавно во Русија. Калмичкиот се смета или за засебен јаз ..




Калмички јазик
                                     

ⓘ Калмички јазик

Калмичкиот ојратски, или попознат само како калмички е монголски јазик кој се зборува воглавно во Русија. Калмичкиот се смета или за засебен јазик, или како дијалект на ојратскиот јазик. Јазикот е мајчин јазик на Калмиците и се зборува во Калмикија, Русија, каде е службен јазик. Калмиците се потомци на Ојратите кои се доселиле во северозападниот дел на басенот на Каспиското Езеро. Според УНЕСКО, јазикот е дефинитивни загрозен. Јазикот се пишува на кирилица.

                                     

1. Географска распространетост

Повеќето Калмици живеат во Калмикија, Русија, каде јазикот е службен. Мала група Калмици живеат и во Франција и САД, но употребата на јазикот е во пад. Бројот на говорници во дијаспората не е познат. Калмичкиот се смета за загрозен јазик.

                                     

2. Класификација

Од синхронска перспектива, калмичкиот е најистакната варијанта на ојратскиот јазик. Калмичкиот е многу сличен со ојратските дијалекти во Монголија и Кина и во морфолошка и во фонолошка смисла. Разликата меѓу дијалектите е во зборовниот фонд, бидејќи калмичкиот имал влијание од рускиот и од туркиските јазици

Главни карактеристики на калмичкиот се аглутинацијата и самогласната хармонија. Има заеднички елементи со уралските и туркиските јазици, што укажува на далечен заеднички предок.

                                     

3. Писмо

Писмената традиција на ојратскиот потекнува од 11 век која се користело ујгурското писмо. Официјалната калмичка азбука, јасното писмо, било создадено во 17 век од калмичкиот будистички монах Заја Памдит. Во 1924 година ова писмо било заменето со кирилицата. Во 1930 година се користела латиницата, а во 1938 година се сменила пак во кирилица. Азбуката на калмичкиот е:

                                     
  • Буквата ја користат следниве јазици: татарски јазик калмички јазик туркменски јазик и дунгански јазик Буквата потекнува од кириличната буква Ж со одредени
  • Буквата ја користат башкирски јазик калмички јазик казашки јазик киргиски јазик монголски јазик јакутски јазик и бурјатски јазик Буквата потекнува од кириличната
  • користи башкирски јазик калмички јазик казашки јазик калдински јазик лапонски јазик јакутски јазик татарски јазик и сахаски јазик Потекнува од кириличната
  • писмо: ᡆᡕᡅᠷᠠᡑ ᡘᡄᠯᡄᠨ Oyirad kelen калмички Өөрд, Öörd монголски: Ойрад, Oirad е монголски јазик За ојратскиот јазик и неговите дијалекти, сè уште постои
  • Калмикија рус Республика Калмыкия, калмички - Хальмг Таңһч е автономна република во составот на Руската Федерација. Површина: 76, 100 км2 Граници: внатрешни:
  • бајадски дијалект, калмички јазик хошутски дијалект, алашански дијалект околу 300, 000 гов. јужномонголски источен југурски јазик шира - југурски околу

Users also searched:

...