Топ-100
Back

ⓘ Боански јазик. Боанскиот е монголски јазик, мајчин јазик на Боанците. Јазикот се зборува во Кина. Според податоците од 1985 година, јазикот го зборувале околу 8 ..




                                     

ⓘ Боански јазик

Боанскиот е монголски јазик, мајчин јазик на Боанците. Јазикот се зборува во Кина. Според податоците од 1985 година, јазикот го зборувале околу 8.000 луѓе, што опфаќа 75% од Боанците и некои други етнички групи. Јазикот има неколку дијалекти кои се под одредено влијание од кинескиот и тибетскиот јазик. Најчесто проучуван дијалект е тонгренскиот. Нема писмо со кое се пишува овој јазик.

                                     

1. Фонологија

Фонологијата на боанскиот е под силно влијание на тибетскиот јазик. Согласките имаат свои призвучни парови. Во своите зборови, има присуство на согласни групи.

                                     

2. Граматика

Боанскиот јазик, како и останатите монголски јазици, е аглутинативен јазик. Јазикот има пет падежа: номинатив, акузатив-генитив, датив-локатив, аблатив и инструментал. Морфологијата на глаголите е доста сложена. Евидентноста се бележи со исказан начин како "определен" или "неопределен" со наставка или помошен глагол. Сегашната определеност се користи за искажување природни феномени, додека сегашната неопределеност се користи за искажување навики на животни. Идноста, продолженоста и перфектот исто така имаат бележниви за евидентност и често се користат за да се означи негација.

Основниот зборовен редослед на јазикот е подмет-предмет-прирок, но зачестена е топикализацијата на предметот. Бонанскиот е познат по двојното бележење на сврзничкиот глагол. Монголскиот сврзен глагол, кои имаат неколку различни значења, доаѓа на крајот на реченицата, а проследено од боанскиот зборовен редослед. Сврзниот глагол

ова СвГ комуна-ГЕН автомобил НЕП.СвГ

Ова е автомобилот на комуната.” Buhe & Liu 1985: 65

                                     

3. Наводи

  • Buhe & Liu Zhaoxiong, eds. 1982. Bao’anyu jianzhi. Beijing: Renmin Chubanshe.
  • Chen Naixiong, ed. 1985. Bao’anyu cihui. Huhehaote: Neimenggu Chubanshe.
  • Üjiyediin Chuluu Chaolu Wu November 1994. "Introduction, Grammar, and Sample Sentences for Baoan" PDF. SINO-PLATONIC PAPERS. University of Pennsylvania, Philadelphia.

Users also searched:

...