Топ-100
Back

ⓘ Алгоритам - определен број на јасно дефинирани кратки и прости инструкции за извршување на одредена задача, или решавање на зададен проблем. Пишувањето на прогр ..




Алгоритам
                                     

ⓘ Алгоритам

Алгоритам - определен број на јасно дефинирани кратки и прости инструкции за извршување на одредена задача, или решавање на зададен проблем. Пишувањето на програми може да биде тежок процес, посебно ако се прави без да се следаат добри препораки или упатства. Структурното програмирање е еден принцип за развој на програми кои го "разбива" кодот на помали делови што соосдветствува на решавањето на сложен проблем со негово делење на поедноставни проблеми. Со овој процес се дава одредена структура на развојот на програми, од каде потекнува и името на овој пристап. Информациите кои треба да бидат процесирани од страна на програмот се чуваат во податочни структури - Data structures поддржани од соодветниот програмски јазик. Податочните структури ги групираат податоците. Добар избор на податолни структури може да поедностави изработка на некоја програма и обратно. Изборот на податочната структура влијае на јасноста, проширливоста, брзината и мемориските побарувања за одредено програмско решение.

За изумител на првобитниот алгоритам се смета персискиот математичар и научник Мухаме ел-Хорезми 780-850, додека пак алгоритамот во денешна смисла прв го изложил Давид Хилберт во 1928 г.

Пример: Споредувањето на наоѓање на телефонски број за позната адреса или наоѓање на адреса за познат телефонски број искључиво со користење на хартиен телефонски именик. Податочните структури можат да бидат статични да трпат промени само на вредностите како arrays или records и динамични. Типични акции кои се извршуваат над податочните структури се: изнајдување, пребарување, пребројување, вметнување, сортирање и бришење. Ако не се знае како да се реши некој проблем, тогаш е сосема извесно дека нема да се знае ниту да се напише програм кој ќе го решава тој проблем.

H. L. Mencken: Every complex problem has a simple easy-to-understand wrong answer. Пред да се започне со пишување на програм треба да се разбере проблемот и да се создава чекор по чекор решение или алгоритам. За да биде корисен, алгоритамот треба да нуди решение за генерален, добро специфициран проблем. Алгоритамски гледано еден проблем се специфицира со утврдување на сите можни влезни податоци со кои тој алгоритам ќе работи, поведениа или постапки за обработка на истите, како и сите можни излезни податоци кои алгоритмот ќе ги креира. Битно е да се направи разлика помеѓу правилно поведение за група влезни податоци и правилно поведение за сите можни влезни податоци. Според тоа алгоритам е процес кој прима било кој можен влез и го трансформира во посакуван излез. За да се опишат алгоритмите потребно е да се користи некаква нотација за опишување на последователните чекори кои треба да се извршат при реализација на алгоритамот. Такви нотации може да бидат: говорен јазик – македонски, англиски; псевдокод; програмски јазик. Псевдокод може да се дефинира како програмски јазик кој не води сметка за синтаксата. Тој е попрецизен од говорните јазици, но понепрецизен од програмските јазици. Еден можен пристап за опис на алгоритам би бил: опишување на идејата во говорен јазик, опишување на концептот на алгоритмот во псевдокод, детализирање на алгоритмот во конкретен програмски јазик.

                                     

1. Ефикасност и квалитет

Алгоритмите треба да бидат коректни, ефикасни и лесни за имплементација. Коректноста на алгоритмите треба да се докаже. Важно е да се разбере дека изказот" решението е очигледно" најчесто води во заблуда и создавање на грешни алгоритми. Не постои алгоритам за наоѓање на алгоритми. Смислувањето на алгоритам е обично многу потешко од пишување на програм за познат алгоритам. Искусен дизајнер на алгоритми е всушност експерт за ефикасност на алгоритмите. Ефикасни се оние коректни алгоритми кои за дадени влезни податоци завршуваат побрзо од други коректни алгоритми кои работат со истите влезни податоци. При тоа треба се напомене дека наоѓањето на најефикасен алгоритам не е секогаш од пресудно значење. Имено статистички гледано само 20% од кодот на даден програм се извршува 80% од времето додека тој програм е стартуван. Од тука следи дека на вкупната ефикасност на програмот значително влиае само 20% од кодот, па доволно е само тој да се оптимизира. Иако брзината на извршување на некој алгоритам реално зависи од хардверот над кој тој се извршува, па забрзување на алгоритмот може да се постигне со негово извршување на побрз хардвер, тоа може да биде лимитирано со технички ограничувања не постоење на побрз хардвер. Од претходното следи, дека за да се подобрат перформансите на алгоритмот мора да се напише подобар алгоритам. За да се споредат алгоритмите потребно е да се користи модел на извршување кој не зависи од хардверот. Вообичаено се препоставува дека алгоритмите се извршуваат на хипотетички компјутер наречен" Random Access Machine" или RAM. При тоа се претпоставува дека:

  • Постои неограничена меморија.
  • Секоја едноставна операција +, *, -, =, if, call се извршува во една временска единица.
  • Јамките циклусите, процедурите и функциите се извршуваат во онолку временски единии колку што содржат итерации.

Во овој модел времето потребно за извршување на алгоритмот за дадени влезни податоци е еднакво со бројот на извршување на едноставните операции при процесирањето на дадените влезни податоци.

                                     
  • ПСУ Алгоритам Центар е приватно средно училиште во Македонија. Основано е на 11 март 2008 година во Скопје. Гимназијата АЛГОРИТАМ како верифицирано и
  • Смит Вотермановиот алгоритам е алгоритам кој служи за локално порамнување на секвенци, т.е., за утврдување на слични региони меѓу две нуклеотидни или
  • Дајкстрин алогиртам - вид пребарувачки алгоритам во граф што може да реши еден проблем во вид на најкраток пат во даден граф со ненегативни вредности
  • Белман - Фордовиот алгоритам е алгоритам кој ги пресметува најкратките патеки од едно изворно теме во насочен тежински граф. Името на овој алгоритам доаѓа од Ричард
  • Во компјутерските науки, Примовиот алгоритам е алчен алгоритам што ја наоѓа минималната патека на дрво во еден граф. Ова значи дека ќе најде подмножество
  • Нидлман Вуншовиот алгоритам е алгоритам кој се користи во биоинформатиката за порамнување на нуклеотидни или белковински секвенци. Овој алгоритам претставувал
  • Алгоритам на Томасуло - хардверски алгоритам за компјутерска архитектура за динамичко распоредување на инструкции што овозможува нивно нередоследно извршување
  • Алгоритам за класификација претставува метод на машинско учење со кој се врши класификација на класите во рамките на одредено множество на податоци. При
  • алгоритми. Ова е теоретски оптимален алгоритам за преместување на страници. Познат е и како OPT, clairvoyant 1 алгоритам за преместување или правецот за преместување
  • еднонасочна математичка функција понекогаш таа се нарекува раздробувачки алгоритам до произволна количина на податоци. Ако постојат промени во влезните

Users also searched:

алгоритми примери, какви особини мора да има секој алгоритам, поим за алгоритам, примери за алгоритам, што е алгоритам,

...
...
...