Топ-100
Back

ⓘ Научен метод. Научниот метод или научниот процес е од фундаментално значење за научното истражување или при стекнувањето на ново знаење засновано на физички док ..




Научен метод
                                     

ⓘ Научен метод

Научниот метод или научниот процес е од фундаментално значење за научното истражување или при стекнувањето на ново знаење засновано на физички доказ од страна на научната заедница. Научниците користат набљудувања и просудување за да предложат пробни објаснувања за природните феномени, наречени хипотези. Според важечката претпоставка на методолошкиот материјализам, настаните што можат да се набљудуваат во природата можат да се објаснат само со природни закони, без да се претпостави постоењето или непостоењето на натприродното. Предвидувањата од овие хипотези се тестираат со различни експерименти, што треба да бидат повторливи. Важен аспект на хипотезата е дека мора да биде побивлива, со други зборови, таа мора да биде смислена така што хипотезата може да биде погрешна. Ако предлогот не е побивлив, тогаш тоа не е хипотеза, туку мислење или изјава надвор од опсегот на научното истражување.

Кога хипотезата е повеќепати верифицирана преку експеримент, се смета дека е теорија и новите предвидувања се засноваат на неа. Било какви грешни предвидувања, внатрешни противречности или празнини, или необјаснети феномени, започнуваат генерирање и размислување за поправки или алтернативни хипотези, кои исто така се тестираат, и така натаму. Било која хипотеза која е доволно убедлива за да може да се прават предвидувања, е тестирана на овој начин.

Непроверена хипотеза може доста да се користи меѓу специјалистите поради нејзината елегантност или некакво интиутивно чувство за нејзината валидност, или предвидување дека таа ќе e потврдена, иако таа не е формално прифатена сè додека убедлив експериментален доказ не биде презентиран.

Развојот на нова технологија е поврзан со развојот на знаењето според научниот метод, и може да служи како понатамошен тест за валидноста на поставените идеи и извор за нови алатки со кои се подобрува стекнувањето знаење, преку проширување на опсегот на набљудуваното или подобрување на квалитетот на набљудувањата. Понатаму, потребата да се разбере или искористи некој природен феномен во развојот на технологијата може да мотивира научно истражување на природата на тој феномен. Видете на пример, нафта.

Вообичаено гледиште е да се земат научните методи како основна логика на научната пракса, на пр., Карл Попер. Како и да е, истакнувањето на основната логика е оспорено од оние што ги истакнуваат социолошките аспекти погл. социологија на науката и социологија на научното знаење. Научните методи се средства користени од научните заедници за изградба на основано, докажано разбирање на нашиот природен свет.

Постои спор меѓу научните заедници за различните аспекти на ова разбирање.

                                     
  • себе научен аргумент, ниту пак е дел од научниот метод меѓутоа, сепак тој може да се основа како на научните аргументи, така и на научниот метод Консензусот
  • татко на оптиката и прв научник кој своите заклучоци ги базирал врз научен метод Најпознато пишано дело му е Книга за оптиката ел - Хајтам, чие име
  • Оваа статија се однесува на опитот како научен метод Во контекстот на теоријата на веројатноста, видете Опит теорија на веројатноста Опит, оглед, проба
  • за методот 1637 Декарт пишувал за научниот метод што се занимава со научен пристап, размислување, метод што тој го измислил. Тој исто така пишувал за
  • 1860. и познати како Кирхофови закони за спектроскопија се првобитниот научен метод за определување и анализа на хемиските особини на материи и гасови преку
  • период кога нештата се познати благодарение на заклучоците добиени со научен метод Затоа се вели дека филозофската антропологија е одговорна за проучување
  • бихејвиоралните науки. Во психологијата најчесто се користи експериментот како научен метод Истражувачите ги спроведуваат ескериментите преку што тестира одредена
  • го проширил методот за да се земат предвид можни ограничувања, добивајќи метод на Лагранжови мултипликатори. Лагранж го измислил методот на решавање диференцијални
  • била онаа во Антиохија. Александриската школа била позната по алегорискиот метод за разбирање на Библијата. Од неа произлегле неколку претставници, од кои
  • астрофизичар на Џонс Хопкинсовиот универзитет и Вселенско телескопскиот научен институт и е познат неговото истражување кое ги користи суперновите како