Топ-100
Back

ⓘ Новозеландски долар - парична единица на Нов Зеланд. Во оптек е и на Куковите Острови, Ниуе, Токелау и Питкерн. Оваа парична единица се бележи со симболот за до ..




                                     

ⓘ Новозеландски долар

Новозеландски долар - парична единица на Нов Зеланд. Во оптек е и на Куковите Острови, Ниуе, Токелау и Питкерн.

Оваа парична единица се бележи со симболот за долар $, или пак со NZ$ за да се разликува од другите доларски валути. Неформално се нарекува "киви долар" и се дели на 100 центи. Тој спаѓа во 16-те најтргувани валути на светот.

                                     

1. Историја

На 10 јули 1967 г. доларот ја заменил новозеландската фунта во сооднос 2 долара = 1 фунта со децимализацијата на паричната единица во Нов Зеланд. Новозеландскиот долар првично вредел повеќе од американскиот, но истата година ова се променило, со девалвацијата на британската фунта. Меѓутоа новозеландскиот долар девалвирал уште повеќе.

                                     

2.1. Монети Историја

Во 1967 г. биле пуштени во оптек монети со вредност од 1, 2, 5, 10, 20 и 50 центи. Монетите од 1 и 2 цента биле бронзени, додека останатите биле купроникел. Монетите од 5, 10 и 20 биле со иста големина како претходните, еквивалентни на 6 пени, 1 шилинг и 1 флорин. За таа цел сѐ до 1970 г. монетите од 10 центи на себе имале додатна легенда "Еден шилинг". На реверсот на сите монети стоел портретот на кралицата Елизабета II од Арнолд Мачин, со легендата ELIZABETH II NEW ZEALAND.

Во 1986 г. Нов Зеланд го прифатил новиот портрет на кралицата од Рафаел Маклуф за сите монети. Монетите од 1 и 2 цента биле исфрлени од употреба на 1 мај 1990 г. Заради отсуството на овие монети плаќањата се заокружуваат на најблиските 5 центи 10 центи во 2006 г., метод наречен шведско заокружување.

Во 1990 г. биле произведени алуминиумско-бронзени монети од 1 и 2 долари, кои ги замениле постоечките банкноти со тие вредности. Во 1999 г. пак, бил прифатен поновиот портрет на кралицата од вајарот Ијан Ренк-Бродли, а легендата била преуредена да гласи: NEW ZEALAND ELIZABETH II.

На 11 ноември 2004 г. Банката на резеври најавила предлог да се исфрлат од употреба монетите од 5¢, а постоечките монети од 50, 20 и 10 центи да се направат помали обложен челик за да бидат полесни. Овие планови се оствариле, па така преодниот период започнал на 31 јули 2006, со тоа што досегашните монети биле искористливи до 31 октомври 2006. Старите монети од 50, 20, 10 и 5 сега веќе не важат, но истите сепак можат да се сменат во самата Резервна банка.

                                     

3. Банкноти

Во 1967 г. биле издадени банкноти со децимализирана вредност од 1, 2, 5, 10, 20 и 100 долари. Во 1983 г. била издадена и банкнота од 50 долари, додека пак банкнотите од 1 и 2 долари биле отфрлени во 1991 г. Првите две серии на банкноти 1967-81 и 1981-92 се разликувале само по портретот на кралицата на аверсот.

Во 1992 излегла нова серија на банкноти. Освен на банкнотата од 20 долари, сите други банкноти веќе немале портрет на кралицата. Меѓутоа доколку се погледнат на светлина, сите банкноти имаат прикриен портрет на кралицата.

                                     

3.1. Банкноти Пластични банкноти

Започнувајќи со 1999 г., сите новозеландски банкноти се пластични полимерни банкноти наместо книжни. Ваквите банкноти имаат предност над книжните: фотокопијата лесно по допир се разликува од оригиналот, а и многу луѓе се благодарни дека банкнотите не се оштетуваат во машина за перење. Истите се многу тешки за кинење без помош на сечило.

Резервната банка очекува овие пластични банкноти да траат најмалку четири пати подолго од книжните. Нивната сигурност е во огромна мера подобрена и затоа тие се многу тешки за фалсификување.

                                     

4. Надворешни врски

  • Национална банка на Нов Зеланд - Графикони за моменталниот девизен курс на NZ$ англиски
  • Резервна банка на Нов Зеланд - издавач на парите англиски
  • Новозеландски долар Банкноти англиски германски француски