Топ-100
Back

ⓘ Месџид ел-Харам е џамија која се наоѓа во Мека, Саудиска Арабија. Ова е најголемиот муслимански храм во светот. Во самиот нејзин двор се наоѓа и Ќабата. Самата ..




Месџид ел-Харам
                                     

ⓘ Месџид ел-Харам

Месџид ел-Харам е џамија која се наоѓа во Мека, Саудиска Арабија. Ова е најголемиот муслимански храм во светот. Во самиот нејзин двор се наоѓа и Ќабата. Самата плоштина на џамијата зазима место од 356 800 м 2 и се претпоставува дека може да собере околу 4 000 луѓе, како една од најголемите градби на човештвото. Според исламот, џамијата била изградена од страна на ангелите пред да биде создаден човекот, кога Бог наредил на земјата да биде определено местото за богослужба.

Се верува дека првата Ќаба била изградена од ангелите и дека Адам е првиот човек којшто ја изградил повторно. Во текот низ историјата самата џамија била многупати разрушувана и повторно изградена. Според исламот, таа била изградена од страна на Ибрахим и неговиот син Исмаил.