Топ-100
Back

ⓘ Кимет Фетаху е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик од Албанија. Своето образование го стекнува во Албанија, но поради својата стр ..




                                     

ⓘ Кимет Фетаху

Кимет Фетаху е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик од Албанија. Своето образование го стекнува во Албанија, но поради својата стручност е испратен на специјализирање во Кина, од областа на геологијата и металургијата. Денес работи како професор и шеф на катедрата на Рударско-геолошкиот факултет во Тирана, a се занимава и со широка општествена дејност. Тој станува активен во организирањето на Македонците особено по падот на диктаторскиот режим во Албанија, во 1990 година. Така, во 1991 година тој ја формира организацијата на Македонците од Албанија "Братство", која во 1993 година е преименувана во "Мир". Неговите постапки за афирмација на правата на етничките Македонци во Албанија на почетокот се осудувани од страна на јавноста и властите на Албанија, но со јакнењето на демократската свест, денес состојбата е поинаква. Кимет Фетаху е почитувана личност во Албанија, како експерт во својата област, но и како етнички Македонец.

Меѓу другото, битно е да се спомене дека д-р Фетаху е претседател на друштвото "Мир" на Македонците од Голо Брдо, координатор на македонските организации во Албанија, и директор на албанскиот Центар за етнички истражувања. Бил и независен кандидат за пратеник во албанскиот парламент од реонот на Голо Брдо.

                                     
  • на Голо Брдо во Република Албанија. Претседател на ова друштво е г. Кимет Фетаху Голо Брдо Мала Преспа Пустец Организација Преспа Официјално мрежно место
  • Албанија се организирани во здружение наречено Мир чијшто претседател е Кимет Фетаху И покрај тоа што Македонците се официјално признаени како малцинска
  • Македонци во Албанија Кимет Фетаху Едмонд Темелко Вкупен број 5.512 неофицијално 180.000 Подрачја со значајно население Мала Преспа, Голо Брдо, Гора

Users also searched:

...