Топ-100
Back

ⓘ Бернардо Бертолучи - италијански режисер, сценограф и продуцент кој има режирано филмови со светски успех: Последниот кинески цар, Последно танго во Париз, Чај ..




Бернардо Бертолучи
                                     

ⓘ Бернардо Бертолучи

Бернардо Бертолучи - италијански режисер, сценограф и продуцент кој има режирано филмови со светски успех: "Последниот кинески цар", "Последно танго во Париз", "Чај во пустината", "Малиот Буда" итн.

                                     

1. Животопис

Бернардо Бертолучи е роден во Парма, во областа Емилија-Ромања, на 16 март 1941 година. Неговиот татко, Атилио Бертолучи, бил професор, поет, истакнат критичар на уметноста, филмски критичар и антрополог. Неговата мајка била Австралијанка, со ирски и италијански корени. Бертолучи почнал да пишува од својата петнаесетта година, и по неколку години ја освоил престижната литературна награда Вијареџио.

На почетокот на своето школување тој студирал на факултетот за модерна литература во Рим, а потоа ги напушта студиите за сметка на киното, станувајки асистент на својот близок пријател Пјер Паоло Пазолини, правејќи ги воедно и првите чекори во седмата уметност, филмот. Благодарение на Пазолини, како и на интересот од страна на продуцентот Дел Лука, Бертолучи за првпат работел како асистент на првиот филм од фријулијанскиот регион, Акатоне во 1961 година, кога воедно ја сретнал и неговата идна сопатничка, глумицата Адријана Асти.

Следната 1962. година, со Тонино Черви како продуцент и Пазолини како сценарист го реализира првиот долгометражен филм, "Мрачниот убиец", во кој се зборува за мистериозно убиство на проститутка. Брзо се одделува од светот и поетиката на Пазолини, за да ја следи својата поединечна идеја за киното заснована на личности кои се наоѓаат пред нагли промени на нивниот свет. Tаквата тематика е практично присутна во сите дела на Бертолучи. Со краткиот филм од 1964 година, "Пред револуцијата", станал познат.

Бернардо Бертолучи работел и како копродуцент за неколку филмови со американски, шведски, француски и германски филмски куќи.

                                     

1.1. Животопис Последно танго во Париз

Неговото име посебно е одбележано во 1972 година, со скандалот за филмот "Последното танго во Париз" кој ја одбележува и самата епоха. Во овој филм глумат Марлон Брандо, Марија Шнајдер, Масимо Ѓироти и Жан-Пјер Лео. Главниот протагонист е Паул, кој со своите афери го уништува животот на својата сопруга. Во текот на една сцена, Паул ја силува Џини. Марлон Брандо и Бертолучи разговарале и се договарале за таа сцена, но не ѝ објасниле ништо на тогаш деветнесетгодишната Марији Шнајдер. Во 2007 година, таа изјавила дека при снимање на сцената се чувствувала како навистина да била силувана, и се чувствувала понижено. Во 2013 година, Бертолучи изјавил дека намерно не ѝ кажале каква ќќе биде сцената, за да снимат вистински бес и фрустрација. Марлон Брандо пак, го негирал ова и изјавил дека еротските сцени биле симулирани.

Поради скандалот што го предизвикал овој филм, Марија Шнајдер станала самоубиствена и почнала да се дрогира. Подоцна, таа станала гласноговорник на движењето за правата на жените, особено на филмот. Сите копии од овој филм во Италија биле уништени. Италијанскиот суд го осудил Бертолучи на затворска казна од пет години и четири месеци, а Апелациониот суд во Болоња, во 1978 година, побарал да се зачуваат три копии од филмот во националната кинотека, со забелешка тие филмови никогаш да не бидат пуштени во јавност.

                                     

1.2. Животопис Светска слава

Бернардо Бертолучи стекнал светска слава со филмот 1900 од 1976 година, во кој се прикажува фармер од областа Емилија-Ромања, од почетокот на XX век до Втората светска војна. Во филмот глумат: Роберт де Ниро, Жерар Депардје, Стенли Хајден, Берт Ланкастер и Доминик Санда.

Во 1980-ти години патувал насекаде во странство, при што неговите остварувања филмови и дела се здобиваат со извонредна гледаност. Во 1987 го режирал меѓународно познатиот филм, "Последниот кинески цар", кој е награден со повеќе "Оскари", меѓу кои за најдобар филм и режија. Филмот бил сниман три години, и претставува биографски филм за животот на последниот цар на Кина.

Во 1990 година, Бертолучи во Мароко го снимил филмот "Чај во пустината", додека во 1993 работел на проектот за "Малиот буда" со Киану Ривс.

Во 2007 година, Бертолучи добил "Златен лав" за животно дело на Филмскиот фестивал во Венеција.

Последниот филм на Бертолучи е Јас ти од 2012 година, адаптација на истоимената книга од Николо Аманити. Филмот требало да биде во 3Д техника.



                                     
  • Кина. Филмот е самостојно продуциран од Џереми Томас, режиран од Бернардо Бертолучи и издаден во 1987 од Columbia Pictures Љубов и Почит, Холивудски
  • филм од 1972 година во режија на Бернардо Бертолучи Bernardo Bertolucci според сценариото на Бернардо Бертолучи Франко Аркаљи Franco Arcalli и Ањес
  • италијански: Io e te е италијански драма филм од 2012 година во режија на Бернардо Бертолучи снимен врз основа на романот со истото име на Николо Аманити. Филмот
  • La commare secca - италијански филм од 1962 година во режија на Бернардо Бертолучи кој е автор и на сценариото, заедно со Пјер Паоло Пазолини. Главните
  • во театарот пред да го направи своето деби во филмот Сонувачи на Бернардо Бертолучи 2003 Таа добила меѓународно признание за нејзината улога како Сибила
  • 1969 година. Филмот е омнибус од неколку посебни делови режирани од: Бернардо Бертолучи Агонија Марко Белокио, Пјер Паоло Пазолини, Жан - Лик Годар, Елда
  • во опасност, но сепак била успешно зачувана. Италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи упатил молба архивата да биде поштедена за време на бомбардирањето
  • година - Жан - Лук Годар 1996 година - Вернер Шроетер 1997 година - Бернардо Бертолучи 1998 година - Фреди Буаш и Џо Данте 1999 година - Даниел Шмид 2000
  • година. Има барокна фасада. Манастирот Свети Павле Музеј Ломбардија Бернардо Бертолучи Џузепе Верди Артуро Тосканини Антонио да Кореџио Микеланџело Анселми
  • студентски водач 10 март - Чак Норис, американски глумец 16 март - Бернардо Бертолучи италијански режисер 23 март - Ристо Шишков, македонски глумец 29

Users also searched:

...