Топ-100
Back

ⓘ Иво Ивановски. Основното образование го завршува во ОУ Коле Канински - Битола. Во 2001 година дипломирал во областа на информатиката и информатичкото инженерств ..




Иво Ивановски
                                     

ⓘ Иво Ивановски

Основното образование го завршува во ОУ "Коле Канински" - Битола. Во 2001 година дипломирал во областа на информатиката и информатичкото инженерство на државниот универзитет "Охајо Стејт" во градот Колумбус, Охајо САД. Своето образование го продолжил на универзитетот "Френклин", каде се здоби со магистерска диплома во областа на информатика во 2003 година.

                                     

1. Работно искуство

Својата кариера Ивановски ја започнал во 1997 година како специјалист за техничка поддршка на компјутерска опрема. Подоцна беше унапреден за ИТ менаџер на секторот за развој и одржување на компјутерската технологија. Неговите одговорности како ИТ менаџер беа да ги пронаоѓа најдобрите бизнис вредности на инвестирањето во информатичката технологија, да раководи со буџетот за информатичка технологија, да ги усогласува инвестициите со бизнис стратегијата на компанијата, да обезбеди високо ниво на услуги и да ги подобри целокупните оперативни способности на компанијата.

Пред да биде именуван за Министер за информатичко општество, тој беше менаџер на ИТ секторот во компанијата "Plaskolite Incorporated", еден од најголемите приватни производители на плексиглас во светот.

На 21 декември 2006 година, м-р Иво Ивановски беше именуван од Премиерот на Република Македонија и избран од Собранието на Република Македонија како министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество. На 1 август 2008, по вторпат беше избран за Министер за информатичко општество. Одлично говори англиски, српски и хрватски.

                                     

2. Други функции

Како претседател и како член се јавува на повеќе комисии и тоа:

  • Претседател на Управен одбор за Националното интегрирано гранично управување Април 2009 - денес
  • Претседател на Национален совет за информатичко општество Март 2009- денес
  • Претседател на Второстепена комисија за премер и катастар Јан. 2007 - Јуни 2010,
  • Член на Комисиајта за политички прашања Август 2008-денес
  • Комесар во Комисијата за Широкопојасен интернет, дигитален развој на Интернационална Телекомуникациска Унија Јуни 2010 – денес
  • Член на Комисијата за Човечки ресурси Јан. 2007 - денес
  • Член на советодавното тело на ICANN Corp.Интернетската Корпорација за Доделени Имиња и Броеви Септември 2009 – денес
  • Член на Управниот одбор на директори на Глобалната Алијанса за Развој на ИТ од Обединетите Нации Април 2009 – денес
  • Член на Комисиајта за политички системи Јан. 2007 - денес
                                     
  • за здравство Абдулаќим Адеми ДУИ министер за образование и наука Иво Ивановски ВМРО - ДПМНЕ министер за информатичко општество и администрација Лирим
  • ослободувањето на Битола 2014 - Трето место на Државно првенство во футсал - женски Иво Ивановски - Поранешен министер на владата на Македонија Билјана Дамјановска - Јанчевска - пејачка
  • министер за здравство Панче Кралев, министер за образование и наука Иво Ивановски министер за информатичко општество и администрација Невзат Бејта, министер
  • министер за економија Зоран Коњановски ВМРО - ДПМНЕ - министер за одбрана Иво Ивановски ВМРО - ДПМНЕ - министер за информатика Џелал Бајрами ДУИ - министер
  • Македонија и Франтишек Липка од Словaчка 2007 - македонскиот писател Србо Ивановски и украинската поетеса Љубов Василивна Голгота 2008 - академик Катица
  • сестра од Јануш Гловацки, реж. Александар Ивановски Н.Т. Велес 2005: Јоце Хамлет во Хамлет од Долногаштани од Иво Бречан, реж. Мето Јовановски, ДТС 2005:
  • П. Прерадовиќ, На родот и на јазикот Б. Миркуловска, Цвеќенца И. Ивановски Ах ти мило детенце М. Крањец, Одбрани раскази Р. Чолаковиќ, Записи
  • Димески, македонски историчар. Драган Геров, македонски новинар. Гого Ивановски македонски поет Кирил Пенушлиски, македонски фолклорист. Перо Коробар
  • кои имаат строфи со различен број стихови на пример песната од Србо Ивановски Градот на принцезата Пастрмка Метрика е должина на стихот, односно
  • Елфриде Јелинек, Пијанистка Орхан Памук, Снег Кнут Хамсун, Мистерии Иво Андриќ, Мостот на Дрина Лујџи Пирандело, Шест ликови бараат автор Семјуел
  • познанството со романскиот поет Никита Станеску, како и средбите со Пабло Неруда, Иво Андриќ и Јанис Рицос. Ги чита Фројд, Јунг и Адлер. Живеејќи во некогашната

Users also searched:

...
...
...