Топ-100
Back

ⓘ Марко II Цариградски наречен Ксилокарав - Вселенски патријарх од 1465 до 1466. Во 1467 тој станал охридски архиепископ, функција која ја извршувал сè до неговат ..




                                     

ⓘ Марко II Цариградски

Марко II Цариградски (наречен Ксилокарав" - Вселенски патријарх од 1465 до 1466. Во 1467 тој станал охридски архиепископ, функција која ја извршувал сè до неговата смрт.

                                     

1. Живот

Главниот извор за младоста на Марко е документ од сенатот на Венеција кој датира од 26 јуни 1466, кој налага на венецијанската влада да ги спречи Марко и неговиот татко во случај да се обидат да се засолнат на островот Крит. Од овој докумет научниците, како Лорен, заклучуваат дека всушност во јуни 1466, Марко бил патријарх, дека тој и неговото семејство претходно биле во Крит и дека се противеле на источно-западната унија на црквите основана на Советот на Фиренца и ја поддржувале Венецијанската Република.

Марко станал митрополит на Адријанопол во 1464, и есента 1465 или почетокот на 1466 тој бил избран за цариградски патријарх со поддршка од мирјанските архонти како што е хартофилкасот Џорџ Галезиот и големиот еклезијарх Мануел идниот патријарх Максим III, како и секретарот на султанот Деметриј Кириц. Од друга страна познато е дека некои владици одбиле да му оддадат почит за време на божествената литургија, како знак дека тие не го сметале за патријарх, веројатно обвинувајќи го за симонија.

Марко се судирал главно со делот од благородништвото од поранешната Трапезунтска империја, кое било приморано да се пресели во Истанбул по трапезунтското потпаѓање под османлиите во 1461. Оваа група имала свој кандидат за патријаршискиот престол, идниот патријарх Симеон I. Симеон успешно го презел престолот, давајќи 2000 парчиња злато како подарок на османлиската влада, со што започнала Симонискaта пракса која ја одбележала историјата на цариградската патријаршија наредните неколку векови. Сепак според Лорен, кој ја сместува патријаршијата на Марко по онаа на Симеон, Марко бил тој кој платил 2000 парчиња злато.

Која и да била причината, Марко бил симнат од престолот со понижување, соочувајќи се со каменување есента 1466 или почетокот на 1467. Сепак тој наскоро се рехабилитирал и бил назначен од султанот Мехмед II како охридски архиепископ. Охридската архиепископија во тоа време била полуавтономен главен религиски центар на Отоманска Бугарија. Датата за смртта на Марко е непозната.

                                     

2. Спор за редоследот

Не постои консензус помеѓу научниците во врска со редоследот на владеењето на Марко II.

Многу научници, како Кимин 2009, Рункиман 1985, Грумел 1958 и според владиката Геман Сардејски 1933–8 и Грумел 1958, како и официјалниот портал на Вселенската патријаршија ги прифаќаат хрониките на Доротеј Монемвасиски и го сместуваат владеењето на Марко II пред Симеон I, и покрај тоа што има мали разлики во предлозите за точниот период на владеење, сепак општо е прифатен периодот од 1465 до 1467.

Лорен 1968, поддржан од Подскалски 1988, верува дека судирите со Симеон започнале кога Марко сè уште бил митрополит на Адријанопол и го сместува владеењето на Симеон пред она на Марко. За споредба на главните научни тврдења, погледни го списокот на цариградски патријарси. Лорен поединечно алудира на втора кратка патријаршија на Марко по првото владеење на Дионисиј I на крајот од 1471 година.

                                     
  • Митрофан II Цариградски - епископ Кизички во Мала Азија кога бил повикан да се вклучи во делегацијата бна епископи кои ќе присуствуваат на Фиренскиот собор
  • Македониј II Цариградски починал 517 година - цариградски патријарх 495 511 За начинот на избор Погледајте Ефимиј Цариградски Во период од една или
  • Григориј III Цариградски - Вселенски патријарх за време на периодот од 1443 до 1450 година. Не се знае многу за неговиот живот. Не се знае ни неговото
  • Константин II Цариградски - Вселенски патријарх од 754 до 766 година. Тој бил сменет и затворен по откривањето на заговорот на Константин Крабостапалиот
  • Никола II Цариградски - Вселенски патријарх од 984 до 996 година. Во 980 година, за време на владеењето на императорот Василиј II кога Никола бил патриајрх
  • Антониј II Цариградски 12 февруари 901 - Вселенски патријарх од 893 до 12 февруари 901 година. Монах на возраст на 12 години, Антониј I станал свештеник
  • Софрониј II Цариградски - Вселенски патријарх по потекло од Алеп, Сирија, началствувал во периодот од 1775 до 1780 година. Бил епископ во Ерусалим и во
  • Атанасиј II Цариградски - последниот Вселенски патријарх пред падот на Цариград. Начествувал од 1450 до 1453 година.
  • Јосиф II Цариградски 1360 1439 - Вселенски патријарх од 1416 до 1439 година. Роден како син на Иван Шишман и неговата сопруга Сара во 1360 година, малку
  • Tома II Цариградски - Вселенски патријарх од 667 до 669. Thomas II Ecumenical Patriarchate of Constantinople. Посетено на 4 February 2012.
  • на султанот Мехмед II Есента 1465 или почетокот на 1466 Мануел го спонзорирал избирањето на патријаршијата на Марко II Цариградски а подоцна се спротиставил

Users also searched:

...