Топ-100
Back

ⓘ Самовила Македонска е поема напишана од македонскиот национален и револуционерен деец Ѓорѓија Пулевски. Поемата е напишана во 1878 година во Софија, непосредно ..




                                     

ⓘ Самовила Македонска

Самовила Македонска е поема напишана од македонскиот национален и револуционерен деец Ѓорѓија Пулевски. Поемата е напишана во 1878 година во Софија, непосредно во годината на револуционерните збиднувања со Македонското востание, Руско-турската војна во Големата источна криза и Берлинскиот конгрес. Преку песната Ѓорѓија Пулевски ги искажува силните стремежи и традиции македонскиот народ, сакајќи со силен патриотски набој да го крене македонскиот народ на ослободителна борба против поробувачите, потсетувајќи го на сопственото славно минато и историја на Македонија од времето на Филип Македонски и Александар Македонски. Оваа поема е сведоштво за свеста на македонското преродбенско ослободително движење за поврзаноста со Античките Македонци како доказ и стожер за македонската национална посебност и самобитност. Оваа поема е првата објавена поетска творба на Ѓорѓија Пулевски и истовремено е првата македонска револуционерна политичка-патриотска песна со јасна националноослободителна определба во македонската литературна историја. До крајот на XIX век, поемата била уште 2 пати објавувана. Македонскиот преродбеник Кузман Шапкарев во целост ја препечатил оваа значајна поема во пловдивскиот весник "Марица" во 1882 година. Во 1894 година во својот "Македонско-славјански зборник" оваа песна ја вклучил и видниот руски славист од бесарапско бугарско потекло Петар Драганов.

                                     

1. Делови од текстот на Самовила Македонска

Поемата е напишана на свесно архаизиран јазик, со стрикни своевидни укажувања како каде да се пее и започнува со стиховите:

Сверх планиње македонски ежедневна темнина, Дал покрила темна могла ил темен облак? Дал естество ноќ створило - темно да биде в Кралевину Македонску од времја оно до века, та в темнина току се слушат страшен викот, пљускотит? Оно не је темна могла, нито тотон, а ни топови, току је тожба самовилска сверх сви планиње.

Ѓорѓија Пулевски го дава плачот на Самовилата Македонска што ги повикува сите сестри од македонските планини за да ја чујат несреќата на Македонија, зашто:

Берлински конгрес што написа - условија не исполни, та полошо ни направи в Македонија. Македонски мајки пиштата, а Јевропу милно мољат: "О Јевропо христијанска, дал не слушаш наши плач? О Јевропо, мила мајко, што ни остави под турска власт?" Чујте, жители македонски! Назе ништо не ни чекат: од азијатци - насилије, а в туѓина - укорство. Туѓа страна је непријатна, а в туѓина ве напорки гледат И несносни прешебови свијем ни вељат.

Во поемата Пулевски исто така сожалува за неисполнетото обединување на Македонија со Кнежевство Бугарија:

На илјада осумстотини седумдесет и осмото лето; Тога Руси повладае све Отоманство, И полостров одсвоже, та Цариград обколие, Во свети Стефан се сместие и се сложие. Турчин даде свит слобода, а потврди свободител. На Кнежевство сви Бугари, да си владает. Македонци Бога молие, поживи ни избавител. Дај му Боже многу летно дејствие. Оту нас ни ослободи, во Кралевину македонску. Да се ​​соединим со еднородних заедно. А Енглиска учини пречка, крена глава најави борба. Та никому не препјатсвува, токмо само нам. Через назе да ни разделит, од нашии браќа Бугари."

Потоа доаѓа главниот родољубив македонски набој, повикувајќи ги Македонците на своето славно минато на своите цареви Александар Македонски и Филип Македонски и своето царство на античките Македонци да се кренат во борба за слобода:

Дал сте чуле, Македонци, стари људи оту говорат: От Македонци појунаци над них не било- Цар Александар Македонски тристо лета пред Христа Со Македонци сву вселену повладал Наш краљ Филип - Славјанин је, Цар Александар - Славјанин Наши баби Славјанки ги родиле. Македонци, сетите се за јунакство македонско, та спроти старих вије сега да следувате Не је страмота своје искати, ни за жал за своје умрет.

Поемата завршува со следните стихови:

Турски зулум ни презели над наша чест македонска, Јал браните си ил сви до един да изгинеме! Род браните од Аграјанци! Сви за ден живот да сложим! Зато, јунаци македонски, пробудите се! Похарно је да изгинеме в наша мила татковина, отколи оваке да гледаме свјако злосторство.
                                     
  • Стана самовила - македонска епска народна песна. Самовилата Стана бара од жителите на Кратово да ѝ дадат две дечиња, двајца јунака, две момчиња и две
  • книшки и е објавена во 1879 година во Софија. Како и во својата поема Самовила Македонска Ѓорѓија Пулевски и во ова свое дело со силен македонски патриотски
  • Марко и Јуда самовила - македонска епска песна за Крале Марко. Крале Марко оди низ шумата, а устата му подгорела од жед. Тогаш, шумата му кажува дека
  • во митологијата и во фолклорот, и тоа со различно значење. Понекогаш, самовила означува магично суштество, вклучувајќи гоблини или џуџиња, а друг пат
  • Георги Пулевски во Галичник Славјанско - маќедонска општа историја Самовила Македонска Македонска песнарка Историја на македонскиот народ, книга втора, издава
  • и дете Дукадинче македонска епска песна Марко и Јуда самовила македонска епска песна Марко и Корун разбојник македонска епска песна Марко
  • надиграат, да му ги земат црните очи, а ако ги натсвири, да му ја дадат Ѓурѓа самовила најкрајна девојка Самовилите се среќават и во други односи со луѓето:
  • скопјанка - македонска народна песна. Песната е посветена на една убава Скопјанка. Песната е од љубовен карактер. - Лична е од полична, баш самовила како сон
  • Димна Јуда македонска народна песна од регионот Пијанец, околината на градот Делчево. Насловот означува Чудесна самовила Според народните преданија
  • Муза самовила на музиката. Таа доаѓа од планетата Мелоди. Техна самовила на технологијата. Таа доаѓа од планетата Зинеф. Лејла самовила на брановите
  • Речникот од три јазика бил објавен во 1875 и напишан со азбуката: Самовила Македонска била објавена во 1878 во Софија и напишана на азбуката: Забелешка: Иако

Users also searched:

...