Топ-100
Back

ⓘ Планина - возвишување на земјината површина во одредени подрачја коe е резултат на активноста на внатрешните сили во земјината кора. Постојат многу теории за со ..




Планина
                                     

ⓘ Планина

Планина - возвишување на земјината површина во одредени подрачја коe е резултат на активноста на внатрешните сили во земјината кора.

Постојат многу теории за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи плочи на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потонато подрачје. Тогаш таму се таложат седиментите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, набирањето оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир.

                                     

1. Поделба на планините

Планините ги делиме на млади верижни и стари грамадни планини.

Првите се карактеризираат со остри врвови и најчесто се многу високи. Тие се помлади бидејќи врз нив уште не дејствувала ерозијата, која, во текот на милиони години ќе одзема материјали и ќе ги изедначува облиците, како да е планината "зарамнета", а тоа им се има случено на старите планини, кои имаат заоблени гребени, па дури и зарамнети.

                                     

2. Орогенеза

Во текот на долгата геолошка историја на Земјата имало четири големи орогенски циклуси од грчки oros =гора и genesis =создавање. Како резултат на овие циклуси дошло до создавањето на постојните планини. Последниот од овие циклуси е орогонија алпина, зошто од него се создадени Алпите во Европа, како и денешната структура на Андите во Јужна Америка или Карпестите Планини во Северна Америка.

                                     

3.1. Планината како тема во уметноста и во популарната култура Планината како тема во книжевноста

  • "Кајмакчалан" - песна на македонскиот поет Јован Котески.
  • "Откривање на огниште в планина" - песна на македонскиот поет Анте Поповски.
  • "Волшебниот рид" - роман на германскиот писател Томас Ман од 1924 година.
  • "Црн врв" - песна на македонскиот поет Јован Котески.
  • "Плачат оние планини за мене" - роман на македонскиот писател Петар Ширилов од 1965 година.
  • "Тажачка на планината по последниот рис" - песна на македонскиот поет Славко Јаневски.
  • "Планина" - песна на арапскиот поет Ибн Хефаџа.
                                     

3.2. Планината како тема во уметноста и во популарната култура Планината како тема во музиката

  • "Црната страна на планината" Black Mountain Side - песна на британската рок-група "Лед цепелин" Led Zeppelin од 1968 година.
  • "Можам да поместам планина" Move any mountain - песна на британската група "Шејмен" The Sahamen.
  • "Планинска песна" Mountain Song - песна на американската рок-група "Џејнс адикшн" Janes Addiction од 1988 година.
  • "Ноќ на диско-планината" Night On Disco Mountain - песна на американскиот музичар Дејвид Шаер David Shire од 1977 година.
  • "Планинска свирка" Mountain Jam - песна на американската блуз-група "Алман брадерс бенд" The Allman Brothers Band од 1971 година.
  • "Да одиме во планините" Hajdemo u planine - песна на југословенската група "Бијело дугме" Bijelo Dugme.
  • "Планини" Mountains - песна на американскиот пејач "Принс" Prince од 1986 година.
  • "Планина на мојата порта" Mountain at My Gates - песна на групата "Фоулс" Foals.
  • "Планини од нешта" Mountains O Things - песна на американската пејачка Трејси Чепмен Tracy Chapman од 1988 година.


                                     

3.3. Планината како тема во уметноста и во популарната култура Планината како тема во филмот

  • "Англичанецот кој се качил на рид, а слегол од планина" англиски: The Englishman Who Went Up a Hill but Came Down a Mountain - британски филм од 1995 година, во режија на Кристофер Монгер.