Топ-100
Back

ⓘ Земјишни облици ..




                                               

Висорамнина

Висорамнина или плато - рамнина или благо брановидна област на повисоки места, обично над 200 м. Најголеми висорамнини во Македонија се Витачево, Мариово и Пелагонија, од кои за типична се смета само Витачево.

                                               

Водопад

Водопад е место во река или поток кадешто водата паѓа од високо. Се јавуваат и кога стопената вода се истура преку работ на една санта или леден гребен. Водопадите мал пад или неговите скалести делови се нарекуваат слапови.

                                               

Глен

Глен е долина која е долга и длабока, често од ледничко потекло, во облик на буквата U. Честопати ваквата долина има вода. Зборот потекнува од ирскиот и шкотскиот гелски збор gleann. Како име на река, се смета дека зборот потекнува од велшкиот збор glan што значи "чист", или пак од gleindid што значи "чистота". Поимот "глен" честопати се јавува во географски поими како Големиот Глен во Шкотска, Гленротс во Фајф, Шкотска, Глендалох во Ирска, Глендаури во Австралија, Глен Норман во Канада и Глен Вејверли во Австралија.

                                               

Ливада

Ливада е ареал од рамен или нерамен терен каде предоминираат треви. Обично местото наречено ливада има повеќе биоразновидност отколку пасиштето бидејќи тоа содржи не само трева, туку и многубројни едногодишни, двегодишни и повеќегодишни растенија. Вечна ливада е онаа ливада каде животните околности засекогаш не им даваат на дрвенестите растенија да виреат. На пример: Пустински ливади се одржуваат со ниски количини на атмосферски врнежи Крајбрежни ливади се одржуваат со прскањето на солената вода Прерии се одржуваат со периоди на сурови суши и како такви се подложни на шумски пожари. Алпски ...

                                               

Пасиште

Пасиште - простор со бујна растителност каде се пасе копитен добиток како дел од фарма или чифлиг. Планинското пасиште се нарекува рудина. Пред механизацијата на земјоделството пасиштето било главен извор на храна за добитокот и овците. Тоа сѐ уште се употребува во голема мера, особено за природно живинарство и органско земјоделство, бидејќи пасиштето дава многу подобри животни услови за животните. Напредокот на полето на раководената интензивна испаша како и подобрувањата во технологијата на оградување довеле до обновен интерес во испашата во 1990-тите. Растенијата на едно пасиште можат д ...

                                               

Планински масив

Планински масив или само масив - место на Земјината кора со истакнати раседи или набори. При поместувањето на Земјината кора, масивот ја задржува внатрешната структура, а се поместува во целина. Поимот се однесува и на група планини составени со ваква образба. Во планинарството и алпинизмот, под "масив" се подразбира главната маса на некоја поединечна планина. Масивот е помала составна единица на кората од тектонската плоча и во геоморфологијата се смета за четврта движечка сила по големина. Зборот потекнува од францускиот поим massif, каде означува голема маса од планини или збиена група ...

                                               

Планинско седло

Седло - вдлабнато место на билото на една планина или пак меѓу два рида или планини. Претставува подрачје околу највисоката и најниската точка на линијата која ја сврзува вододелницата што ги сврзува возвишенијата. Кога е проодно, седлото е превој меѓу два масива, или најниската патека низ која се минува меѓу два врва.

                                               

Рид

Разликата помеѓу рид и планина не е секогаш јасна и честопати е субјективна. Начелно се смета дека ридот е понизок и поблаг, а планината е пострмна. Ридовите се образуваат со геоморфни појави како раседи, ерозија на поголеми земјишни облици и со седимент донесен од ледници. Во случај да е седиментен, ридот настанува поради појавата на морени и друмлини или пак со ерозија на карпите, кои со абење стануваат ридови. Заобленоста кај ридовите се јавува поради дифузивното надолно движење на почвата и реголитниот материјал. Постојат повеќе називи за разни водови на природни и вештачки ридови, зав ...

                                               

Солница

Солница - рамен предел од земјиште покриено со слој од сол и други минерали. Ова се природни појави кои се среќаваат во пустини, за разлика од соланите, кои се вештачки творби.

                                     

ⓘ Земјишни облици

  • или хоризонтални се поместувале. На овој начин настанеле крупните земјишни облици - планини и котлини. Надворешните сили како сонцето, ветерот, врнежите
  • поедини видови на топоними што се однесуваат на дадени целини или земјишни облици Такви се: ојконими - називи на населени места астионими - називи на
  • се и леднички земјишни облици кои потекнуваат од плеистоценот, кога на високите делови на Баба се наоѓале ледници. Од ледничките облици застапени се
  • Клисура на север до македонско - грчката граница на југ. Карактеристични земјишни облици се неколкуте ниски планини, котлините и клисурите. Во далечното минато
  • младите релјефи созреваат и стареат, а во секоја етапа имаат својствени земјишни облици Дејвисовиот модел препознава реки што сечат стрмни долини во облик
  • Возвишенијата и вдлабнатините претставуваат земјишни облици а сите други природни или вештачки творби се нарекуваат земјишни објекти. Возвишенијата се основни
  • структури на поширокото подрачје, особено елементи од крајбрежните земјишни облици од периодот Јура, како и офиолитните минерални образи во овој регион
  • боговите Тепуите најчесто се јавуваат како изолирани една од друга земјишни облици што ги прави наоѓалишта на уникатни видови на растенија и животни
  • време и Берхтесгаденските Алпи. Баварските алпи се одликуваат со земјишни облици како циркови, езера и типични леднички долини создадени од ледници
Ледник
                                               

Ледник

Ледник или глечер - голема маса мраз која во вид на мразни јазици, струја или река под влијание на сопствената тежина бавно се движи и по тлото. Ледниците се образуваат во областите над снежната граница.

Низина
                                               

Низина

Низина или рамнина е простран зарамнет или благо разбрануван дел на копното, обично благо наведнат во еден правец, чија надморска височина најчесто изнесува до околу 200м.

Песочен остров
                                               

Песочен остров

Песочен остров - остров кој во голема мерка е направен од песок. Најголемиот песочен остров во светот е Фрејзеровиот Остров. Други примери за големи песочни острови се Моретон, Северниот Страдброуков Остров и Брајвиевиот Остров, кои лежат јужно од Фрејзеровиот Остров, покрај источниот брег на Австралија.

Средорек
                                               

Средорек

Средорек е мал остров или место помеѓу ракави на река. Средорекот се формира со таложење седиментација на нанос во коритото, која со време се натрупува и расте или пак со таложење врз суво парче земја кое речните ракави го заобиколиле. Средореците се долги и тесни, и можат да станат постојани острови. Меѓутоа средореците можат и да еродираат: одронетиот нанос се таложи на друго место низводно и може да создаде нов средорек. Река со голем број на средореци се нарекува многурасточна река.

Users also searched:

...
...
...