Топ-100
Back

ⓘ Bell 206 Long Ranger. Од хеликоптерот Bell 206 JetRanger, при крајот на седумдесеттите години за цивилни потреби е развиена варијанта Long Ranger, со посилен мо ..




Bell 206 Long Ranger
                                     

ⓘ Bell 206 Long Ranger

Од хеликоптерот Bell 206 JetRanger, при крајот на седумдесеттите години за цивилни потреби е развиена варијанта Long Ranger, со посилен мотор, продолжен труп и со зголемена тежина за 500 кг во полетување. Со развојот и производството на хеликоптерот, на светскиопт пазар е понуден хеликоптер со проверена традиција, но во ново руво, за да ги задоволи потребите на купувачите ширум светот.

                                     

1. Варијанти

  • Model 206L-3 Long Ranger III - подобрена верзија со турбомлазен мотор Allison 250 C30P, со сила од 650 кс
  • Model 206L Texas Ranger - предложена воена верзија од L-2
  • Model 206L-1 Long Ranger - верзија од JetRanger III, со продолжен труп
  • Model 206L-2 Long Ranger II - подобрена L-1 верзија, со турбомлазен мотор Allison 250-C28B, со сила од 489 кс
  • Model 206L-4 Long Ranger IV - канадска верзија
  • Model 206LT Twin Ranger - канадска двомоторна верзија предложена воена верзија од L-2
  • Cardoen CB 206L-III - предложена бродска верзија за Ирак, вооружена со топ и изградена во Чиле