Топ-100
Back

ⓘ Институт за научни информации. Institute for Scientific Information е основан во 1960 година од Eugene Garfield. Во 1992 година ISI премина во сопственост на Th ..




                                     

ⓘ Институт за научни информации

Institute for Scientific Information е основан во 1960 година од Eugene Garfield. Во 1992 година ISI премина во сопственост на Thomson Scientific & Healthcare и беше преименуван во Thomson ISI, а денес се нарекува Thomson Scientific. Денес оваа институција претставува дел од корпорацијата Thomson Reuters.

ISI нуди пристап до повеќе референтни списанија и бази на податоци. Оваа институција е специјализирана за анализа на цитати и за библиометриска анализа – поле од науката кое е основано од Eugene Garfield. ISI во своите реферативни списанија и бази на податоци покрива неколку илјади научни списанија. Некои од најпознатите реферативни списанија на ISI се: Science Citation Index SCI, Social Science Citation Index SSCI и Arts and Humanities Citation Index AHCI. До сите овие бази на податоци се пристапува преку online сервисот Web of Knowledge. Овие бази на податоци овозможуваат научниците да дојдат до сознанија кои научни статии се почесто цитирани и кои научници ги цитираат тие статии.

Списанието Journal Citation Reports е публикација која ја издава ISI. Во ова списание се објавуваат факторите на влијание impact factor на списанијата кои се пренесуваат во реферативните списанија на ISI. Во рамките на научната заедница факторот на влијание игра важна, но контроверзна улога во определувањето на квалитетот на списанијата и нивното влијание врз научната мисла.

Повеќе од 14.000 списанија се обработуваат во реферативните списанија и базите на податоци на ISI. Списанијата обработувани од ISI треба да исполнуваат повеќе критериуми.

Како дел од библиометриската анализа која се изведува во рамките на ISI се објавуваат и податоци за истражувачи кои се многу цитирани, како и за научни статии од различни области кои имаат големо влијание врз развојот на науката.

                                     
  • опсерваторија. Институт за математика Институт за физика Институт за хемија Институт за биологија Институт за географија Институт за информатика Институт за етнологија
  • за информации Советот за радиодифузија, Европската Унија, Светската банка, агенциите на Обединетите нации и др. Институтот организира мноштво научни и
  • бројни научни придонеси во природните и техничките науки и на врвни технологии создадени врз нив. Својствена му е исклучителната способност за согледување
  • светот. За постигнатите научни резултати има добиено и многу високи признанија. Во 1974 г. е избрана за дописен член на САНУ, а во 1982 г. и за нејзин
  • полиња и придонеси кон физичката геометризација. Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Има статус на слава во заедницата на физиката
  • практика е научно списание за специјална едукација и рехабилитација на лицата со инвалидност чиишто издавачи се Институт за дефектологија при Филозофски
  • PDB е клучен извор на информации во областа на структурната биологија, како што е структурната геномика. Повеќето големи научни списанија и некои донаторски
  • пренесување на знаење да се достават релевантни информации за истражувањето на Универзитетот на ООН, тековните научни достигнувања и најдобрите практики, навремено
  • разни форми на цитатот се неправилно заслужни за тоа кој го сковал. Неговата следна книга, иновации: . Научни технолошки и социјални, која беше објавена
  • Биографски и Библиографски Ресурси, од Канцеларијата на Научни и Технички Информации сад на министерството за Енергија Нобеловата говор во превод Факултет страница
  • одговорни за главните компоненти, или за целите проекти. Инженерската анализа вклучува примена на научни аналитички принципи и процеси, за откривање на