Топ-100
Back

ⓘ Земјоделски алатки ..




                                               

Ашов

Ашов - земјоделска и хортикултурна алатка која служи за рачна основна обработка на земјиштето, расадување, вадење на садници и копање. Постојат ашови-ријачи и ашови за вадење и расадување на садниците.

                                               

Коса (орудие)

Коса – земјоделско орудие за косење трева направено во облик на долго свиено сечиво и прицврстено на долга дрвена дршка. Покрај за трева, косата се користела и за косење житарки. Настанала во античко време и долго била најважната алатка за косење. Во текот на милениумите добивала најразлични облици.

                                               

Крлук

Крлук или кривак - овчарски стап свиткан на крајот со кој се фаќаат овците за ногата. Овците може да се хранат на пасишта кои се несоодветни за крупниот добиток или за земјоделство, вклучувајќи ги и планинските терени. Искористувањето на овие пасишта довело до сезонска селидба на стоката. Јакиот, повеќенаменски стап се користел за одржување рамнотежа, испитување на опасни грмушки и за одбрана од напади на животни. Главната намена на кривакот е фаќање на овци.

                                     

ⓘ Земјоделски алатки

  • керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Пронајдени биле и неколку земјоделски алатки од железо. Небојани Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.
  • Месен жител при орање на својата нива, открил питос во кој имало земјоделски алатки Наодите се загубени. Далечна Црква - црква и некропола од средниот
  • и раситнување разровкување на почвата на одредена длабочина со земјоделски алатки како рало или плуг прикачени на добиток или сосвремена земјоделска
  • нивите на Г. Велков и В. Лазаров биле откриени темели од објекти, земјоделски алатки српови, ножеви, мотики, секири како и римски мо нети. На западниот
  • вајар роден во Романија. Како дете станал вешт во резбање древни земјоделски алатки и подоцна студирал во Букурешт и Минхен и на Уметничкото училиште
  • да послужи и при основна обработка на лесно обработлива земја. Денес во светот постои голем број типови на алатки за обработка на земја со замавнување.
  • многу видови на ваква опрема, од рачни алатки и електронски алатки до трактори и бројни други видови на земјоделски помагала коишто тие ги влечат или работат
  • техники во новите земјоделски средини им овозможувало голем профит и со тоа производство во нови земјоделски средини. Овие земјоделски достигнувања не би
  • природните ресурси, се дел од природата. Овде влегуваат обработливите земјоделски површини, земјата како фактор врз кој се подигаат фабрички згради, патишта
  • погон на таквите алатки или за влеча на приклучни возила. Тракторскиот приклучок e алатка што се заменува за обавување на земјоделски и други видови на
Јарем
                                               

Јарем

Јарем - дрвена направа во која се впрегнуваат два вола за орање или влечење запрега. Јаремот се користел за впрегнување и на други животни, во Македонија и биволи, а во светот и други видови животни. Парот впрегнати волови се нарекува ѕевгар Постојат два вида јареми: Јареми за на глава, и Јареми за на гуша околувратни При вјармувањето кај околувратните јареми се користел жегол од надворешната страна на јаремот. Во Македонија во употреба биле јаремите за на гуша.

Остен
                                               

Остен

Остен - традиционално сточарско орудие, кое се користи за збоднување на стока, обично волови кои влечат плуг или кола; се користи и за собирање и втерување на говеда. Ова е вид на долг стап со заострен врв. Од XX век се користат и електрични остени за истата намена. Иако денес многумина се незапознаени со нив, остените се користат ширум светот со илјадници години.

Users also searched:

...
...
...