Топ-100
Back

ⓘ Авганистански авган е официјална валута во Авганистан. Еден авган се дели на сто пули. Симболот за авган е ؋. За првпат бил издаден во 1925 г. како замена за до ..




Авганистански авган
                                     

ⓘ Авганистански авган

Авганистански авган е официјална валута во Авганистан. Еден авган се дели на сто пули. Симболот за авган е ؋.

За првпат бил издаден во 1925 г. како замена за дотогашната валута - авганистанскa рупиja и првично содржел 9 грама сребро. По инвазијата на САД во 2002 г. воведен е нов авган.

Авганот го издава Централната банка на Авганистан Da Afghanistan Bank. Инфлацијата во текот на 2005 г. изнесувала 16.3%%.

Банкнотите се издаваат во апоени од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 500 и 1000 авгани, а монетите во апоени од 1, 2 и 5 авгани.