Топ-100
Back

ⓘ Словенечки толар или толар била официјална валута на Словенија од 1991 до 2007 година. Се состоел од 100 стотини. Бил воведен во 1991 година наместо југословенс ..




                                     

ⓘ Словенечки толар

Словенечки толар или толар била официјална валута на Словенија од 1991 до 2007 година. Се состоел од 100 стотини. Бил воведен во 1991 година наместо југословенскиот динар. Името настанало како комбинација од зборовите талер’ и долар’.

Од 2004 г. курсот на толарот бил врзан за курсот на еврото. На 1 јануари 2007 г. бил заменет со еврото, со што Словенија станала прва нова земја-членка на ЕУ која ја вовела заедничката валута. Од тој момент толарот како платежно средство важел уште само две недели, а задолжителното двојно означување на цените на производите во толари и евра престанало на 30 јуни 2007 година.

Толарите ги издавала Банката на Словенија. Инфлацијата на годишно ниво изнесувала 0.8% во 2005 година.

Толарот бил издаван во апоени во вредност од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500, 1000, 5000 и 10000 толари. На банкнотите се наоѓале познати личности од словенечката политика и историја, како Примож Трубар, Јуриј Вега, Јоже Плечник, Иван Цанкар, Јанез Вајкард Валвасор и Франце Прешерн.