Топ-100
Back

ⓘ Турска лира. По извесен период во кој лирата била врзана за британската фунта и францускиот франк, во 1946 година бил усвоен односот 2.8 лири = $1 што се одржув ..




Турска лира
                                     

ⓘ Турска лира

По извесен период во кој лирата била врзана за британската фунта и францускиот франк, во 1946 година бил усвоен односот 2.8 лири = $1 што се одржувал до 1960 година, кога валутата била девалвирана до 9 лири = $1. Од 1970 година функционирала серија на фиксни, а потоа и флуктуирачки курсеви во однос на доларот како што вредноста на лирата почнала да опаѓа.

Поради хроничната инфлација во Турција од 1970 до 1990 година, лирата имала голема депресијација на вредноста. Турција имала висока стапка на инфлација во споредба со развиените земји, но никогаш не доживела хиперинфлација. Од просечните 9 лири за 1 американски долар во доцните 1960-ти, валутата дошла во сооднос од околу 1.650.000 лири за 1 американски долар кон крајот на 2001 година. Тоа претставувало просечна инфлација од над 40% годишно.

  • 1980 - 1 САД $ = 90 лири
  • 1995 - 1 САД $ = 45.000 лири
  • 2009 - 1 САД $ = 1.48 нова лира
  • 2004 - 1 САД $ = 1.350.000 лири
  • 19 октомври 2012 - 1 САД $ = 1.79 лира
  • 2005 - 1 САД $ = 1.29 нова лира Во 2005 г. е воведена нова турска лира, на која се избришани 6 нули од турската лира
  • 1966 - 1 САД $ = 9 лири
  • 1996 - 1 САД $ = 107.000 лири
  • 1988 - 1 САД $ = 1.300 лири
  • 2001 - 1 САД $ = 1.650.000 лири
  • 2010 - 1 САД $ = 1.44 лира турската лира и новата турска лира како називи се користеле од 2005 година. Во 2010 година името повторно било заменето во турска лира, но називот нова турска лира се користел до 31 декември 2009 г.
  • 2007 - 1 САД $ = 1.26 нова лира
  • 2008 - 1 САД $ = 1.55 нова лира

Кон крајот на декември 2003 година Големото народно собрание на Турција усвоило закон со кој се овозможува отстранување на шест нули од турската лира и создавање нова валута, воведена на 1 јануари 2005 година. До 31 декември 2008 бил преодниот период од кој официјално валутата почнува да се нарекува Нова турска лира.

                                     

1. Изглед

Сите банкноти и монети на позадината го имаат ликот на Мустафа Кемал Ататурк од различни периоди од неговиот живот од 1930 година, со исклучок на некои банкноти од втората емисија 1937-1942 г. кои го имаат ликот на турскиот војсководец и политичар Мустафа Исмет Инени.