Топ-100
Back

ⓘ Јужнокорејски вон. Вон е валута во Јужна Кореја. Еден вон е поделен на 100 јеони, како помала парична единица. Јеоните денес не се користат во платниот промет, ..




Јужнокорејски вон
                                     

ⓘ Јужнокорејски вон

Вон е валута во Јужна Кореја. Еден вон е поделен на 100 јеони, како помала парична единица. Јеоните денес не се користат во платниот промет, туку само на курсните листи.

Еден јужнокорејски вон на 25 мај 2011 г. изнесувал 0.124676 Севернокорејски вони, според официјалната севернокорејска курсна листа.

                                     

1. Потекло на поимот

Вонот е сроден со кинескиот јуан и јапонскиот јен. Сите три имиња произлегуваат од ханча називот 圓 원, што значи "тркалезност". Toj бил поделен на 100 јеони хангул: 전; ханча: 钱; романизација: Jeon ; Мекун-Рајшауер: Chon, што значи "пари", на ханча се однесува на стари бронзени и бакарни монети.

                                     

2.1. Прв јужнокорејски вон Историјат

Вонот се употребувал илјадници години. Во периодот додека Кореја била под јапонска власт тој бил заменет, по номинална вредност, со јенот, при што се нарекувал корејски јен.

Во 1945 година, по Втората светска војна, Кореја била поделена, што резултирало со две одделни валути наречени вон, и во Јужна и во Северна Кореја. Првиот јужнокорејски вон бил поделен на 100 јеони.

Јужнокорејскиот вон првично бил врзан за американскиот долар, по стапка од 15 ₩ = 1 долар. Потоа следувала серија на девалвации, а дел од нив се должеле на Корејската војна.

                                     

2.2. Прв јужнокорејски вон Банкноти

Во 1946 година, Банката на Кореја вовела банкноти од 10 и 100 ₩, а во 1949 година банкноти од 5 до 1.000 ₩.

Во 1950 година била основана нова централна банка, Банка на Кореја, која ги презела обврските на поранешната централна банка. Биле воведени банкноти некои датирани во 1949 г. во апоени од 5, 10 и 50 јеони, 100 и 1000 вони. Во 1952 година биле воведени банкноти од 500 ₩. Во 1953 година, била издадена серија на банкноти кои, иако имале деноминации во вони, всушност биле првите примероци на јужнокорејскиот хван.

                                     

3. Втор јужнокорејски вон

Историјат

Вонот повторно бил воведен на 9 јуни 1962 година, во однос 1 ₩ = 10 хван. Неговиот ISO 4217 код е KRW. При повторното воведување во 1962 година вредноста на вонот била: 125 ₩ = $ 1. Девизниот курс на вонот помеѓу 1962 и 1980 година бил:

На 27 февруари 1980 година, биле направени напори да се воведе флуктуирачки курс, а конечно ваков курс бил воведен на 24 декември 1997 година, кога бил потпишан договор со Меѓународниот монетарен фонд. Набрзо потоа, вонот доживеал девалвација за речиси половина од својата вредност, како резултат од источноазиската финансиска криза.