Топ-100
Back

ⓘ Мојот свет во изведба на Каролина Гочева била македонска песна претставничка на Евровизискиот фестивал 2007 година во Хелсинки, Финска. Песната била изведена на ..




Мојот свет
                                     

ⓘ Мојот свет

Мојот свет во изведба на Каролина Гочева била македонска песна претставничка на Евровизискиот фестивал 2007 година во Хелсинки, Финска. Песната била изведена на македонски, а последниот рефрен на англиски јазик.

Песната ја компонирал Григор Копров, a текстот го напишал Огнен Неделковски, и двајцата со претходно искуство на овој музички натпревар. Каролина, исто така, имала претходно искуство на Евровизија, исполнувајќи ја Од нас зависи на Евровизија 2002. Со овој нејзин настап Македонија за првпат откако учествува на Евровизија двапати имала ист изведувач.

                                     

1. Опис

Песната е драматична балада што раскажува за моќта на музиката, велејќи дека таа "нема ниту вера ниту граница / Мојот свет се осум ноти / една душа балканска".

Песната за првпат била изведена на 24 февруари 2007 година, на националниот избор за песна на Евровизија, при што победила со максимални 144 бода од секој од 12-те гласачки региони.

Оваа песна била прилично необична во однос на другите песни поради тоа што имала 7/8 такт.

                                     

2. Настап на Евровизија 2007

Бидејќи Македонија на Евровизија 2006 не се пласирала меѓу првите десет," Мојот свет" била изведена во полуфиналето. Каролина настапила 18-та по ред и добила 97 бода, пласирајќи се на 9 место од вкупно 28 претставници, со што се квалификувала за финалето.

Во финалето, песната била изведена 6-та по ред и добила 73 бода, освојувајќи го 14 место од вкупно 24 песни, што значело повторно враќање на Македонија во полуфиналето за следниот евровизиски натпревар. Тоа била четврта последователна прилика Македонија да се квалификува директно за финалето, но и овојпат не успеала да се најде во првите десет.

                                     
  • Ти Си Мојот Живот шпански: Sos Mi Vida е хумористична аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Буенос Аирес, во текот на 2006 година, со 230 епизоди
  • на 19 место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната Мојот свет пласирајќи се како 9 - та во полуфиналето, а како 14 - та во финалето. Каролина
  • радио - телевизија МРТ Каролина Гочева ја претставуваше Македонија со песната Мојот свет која се квалификуваше од полуфиналето на натпреварот и се пласираше
  • песна од групата Бадмингтонс. Разбуди ме Јас сум твој Убав ден Господе Рај Мојот свет Ветер Оваа земја Не сум во систем Јас знам Ако ми дадеш После се
  • Мојот сосед Тоторо となりのトトロ, Tonari no Totoro е фантастичен јапонски филм од 1988 година напишан и режиран од Хајао Мијазаки во продукција на Студио
  • 2008 Очите вечерни зелени поезија, 2010 Јовановски, Милчо. Мојот живот, мојот свет Есад Бајрам www.publicitet.mk. Посетено на 2017 - 11 - 10.
  • 2002 Погоди го пијаното Járom az utam 2004 Во Мојот Свет Ez a világ nekem való 2007 Овој свет е создаден за мене Reggelig mulatok 2011 Јас
  • книга почнав да ја пишувам со цел да ја проширам картографијата на мојот литературен свет и да ја прикажам сенката што ја пушта големиот град што ги привлекува
  • песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година. Смислата на мојот живот - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година
  • свет Те сакам најмногу, драга моја татковина. Ти ми даде живот и јас пораснав во тебе. Јас ќе бидам засекогаш благодарен и верен до крајот на мојот живот
  • Свет апостол и евангелист Марко - христијански апостол и светец, сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој

Users also searched:

...
...
...