Топ-100
Back

ⓘ Рајна-Мајна. Метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна, често едноставно нарекувана Франкфурт Рајна-Мајна, област Франкфурт Рајна-Мајна или област Рајна-Ма ..




Рајна-Мајна
                                     

ⓘ Рајна-Мајна

Метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна, често едноставно нарекувана Франкфурт Рајна-Мајна, област Франкфурт Рајна-Мајна или област Рајна-Мајна - втората по големина метрополитенска област во Германија, со вкупно население над 5.8 милиони. Метрополитенскиот регион се наоѓа во централниот западен дел на Германија и се протега во делови на три сојузни покраини: Хесен, Рајнска област-Пфалц и Баварија, како и градовите Франкфурт на Мајна, Висбаден, Офенбах, Мајнц, Дармштат и Ашафенбург.

Полицентричниот регион е именуван по неговиот средишен град Франкфурт на Мајна и двете реки Рајна и Мајна. Областа Франкфурт Рајна-Мајна официјално е означена како европски метролитенски регион од германското сојузно министерство за транспорт, градежништво и урбанистички работи и зафаќа површина од околу 13.000 квадратни километри.

                                     

1. Поделби

Рајна-Мајна е полицентричен метрополитенски регион, но економската големина и политичката тежина на градот Франкфурт го поставува во многу моноцентричен однос со нејзиниот поширок појас. Од почетокот на 1970-тите, метрополитенската област Франкфурт на Мајна германски: Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main) - дефинирана како област, која ги опфаќа градовите Франкфурт и Офенбах и нивните непосредни соседни окрузи. Административниот округ Дармштат на покраината Хесен може да се гледа како на следна административна поделба, којшто лежи целосно во метрополитенскиот регион и понатаму ги вклучува градовите Дармштат и Висбаден и голем број на поголеми окрузи. На следното ниво, метрополитенскиот регион исто така ги вклучува градовите и окрузите на Мајнц и Ашафенбург во двете погранични сојузни покраини Рајнска област-Пфалц и Баварија.

                                     

1.1. Поделби Поголеми урбани зони

Евростат Urban Audit го дели регионот Франкфурт/Рајна-Мајна во четири поголеми урбани зони ПУЗ. Овие четири урбани зони се исклучуваат од бројот на окрузи во метрополитенската област.

                                     

2. Сообраќај

Растот на оваа област главно може да се бара во поволните комуникации, кои ги промовира раната индустријализација. Меѓутоа, денес, значењето на индустриското учество во голема мера се заменува со банкарство, трговија и логистика. Франкфурт лежи во населената Сина банана, која поминува покрај долината на Рајна и градот е отскочна штица од и до одредени делови на Швајцарија и јужна Германија. Рајна-Рур е достапна за еден час патување брзата железничка линија Келн-Франкфурт и воздушната линија Франкфурт-Берлин е најпрометната во германскиот домашен воздушен сообраќај.

Меѓународниот аеродром Франкфурт е најпрометниот аеродром за патнички сообраќај во Германија и еден од трите најпрометни аеродроми во Европа. Притоа, заедно со силните железнички врски, исто така, служи како главен транспортен центар.

                                     

3. Образование

Метрополитенскиот регион Франкфурт/Рајна-Мајан е дом на пет универзитети и повеќе од 20 делумно постдипломски колеџи, со вкупно над 200.000 студенти. Најголемиот универзитет е Универзитетот Франкфурт, а најстариот е Универзитетот Мајнц Универзитет Мајнц-Јоханес Гутенберг, првично основан во 1477 година. Други универзитети се:

  • Франкфуртска школа за финансии&менаџмент и
  • Универзитет Франкфурт на Мајна-Јохан Волфганг Гете,
  • Европска бизнис школа меѓународен универзитет Шлос Рајхартсхаузен.
  • Технолошки универзитет Дармштат,

Познати високи школи и универзитети за применети науки Fachhochschulen се:

  • Универзитет за музика и изведувачки уметности Франкфурт и
  • Универзитет за применети науки Дармштат,
  • Штеделшуле.
  • Универзитет за применети науки Франкфурт,
                                     

4. Надворешни врски

  • Економска поддршка Франкфурт
  • Frankfurt/Rhein-Main 2020 - европски метрополитенски регион
  • Сообраќај во Рајна-Мајна
  • Меѓународен аеродром Франкфурт
  • Еден регион - бескрајни можности
  • Регион Франкфурт Рајна-Мајна - Порта кон Европа
  • Planungsverband Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main Планско здружение на регионот
                                     
  • Мајна - река во Германија, 524 километри долга вклучувајќи ја Бела Мајна 574 километри и таа е една од позначајните притоки на Рајна Мајна тече низ
  • Фламанскиот дијамант и Франкфурт областа Рајна - Мајна Метрополитенската област е наречена по реките Рајна и Рур, кои ги дефинираат географските карактеристики
  • метрополитенска област Нирнберг метрополитенска област Рајна - Мајна Рајна - Некар Рајна - Рур исто го покрива Келн Бон регион Саксонски триаголник
  • Рајнските Шкрилни Планини. Опкружен е со речните долини на Рајна Мајна и Лана. Од другата страна на Рајна планините продолжуваат во ниската верига Хунсрик.
  • претставува дел од метрополскиот регион Рајна - Мајна Се граничи со окрузите Лана - Дил, Ветерау, неврзаниот град Франкфурт, Мајна - Таунус, Рајнгау - Таунус и Лимбург - Вајлбург
  • Франкфурт Рајна Мајна кој има 5.600.000 жители и е вторa најголема метрополитенска германска област. Градот е расположен на стариот брег на реката Мајна германски
  • на Хесен помеѓу реките Мајна и Рајна Рајна е и всушност југозападната граница на Хесен. Планинската верига помеѓу Мајна и Рајна се нарекува Оденвалд.
  • административниот округ Средна Франконија. Сместен на реката Пегниц и каналот Рајна - Мајна - Дунав, се наоѓа на околу 170 километри северно од Минхен и е најголем
  • окрузите Лимбург - Вајлбург, Горен Таунус, Мајна - Таунус, неврзаниот град Висбаден и окрузите Мајнц - Бинген и Рајна - Лана. Округот е создаден во 1977 со спојување
  • Бремен Бремерхафен Хамбург Хамбург Хесен Дармштат Франкфурт на Мајна Касел Офенбах на Мајна Висбаден Долна Саксонија ¹ врз основа на Законот Гетинген од
  • Градот се наоѓа на реката Рајна наспроти градот Висбаден, во западниот дел на метрополитенската област Франкфурт Рајна - Мајна во денешно време, Франкфурт

Users also searched:

...
...
...