Топ-100
Back

ⓘ Сенека, езеро. Езерото Сенека е едно од најпознатите Прстести Езера, група долги, тесни езера што се протегаат речиси паралелно со брaновитите предели јужно од ..




Сенека (езеро)
                                     

ⓘ Сенека (езеро)

Езерото Сенека е едно од најпознатите Прстести Езера, група долги, тесни езера што се протегаат речиси паралелно со брaновитите предели јужно од езерото Онтарио. Овие езера се создале пред повеќе милион години, при крајот на последниот леден преиод, кога повеќе плитки леднички долини што се протегале во насоката север-југ, биле затрупани со морени. Сенека е второто според големината и најдлабокомеѓу Прстестите Езера, а делови од неговото корито се наоѓаат и до 54.5 метри под нивото на морето. Езерото добива вода од потоците што ги одводнуваат околните ридови, меѓу кои се потокот Кетрин и истекот на езерото Кејуге. Од него истекува реката Сенека, која истекува на исевероисточниот крај, ја прима водата од езерото Кејуга и се влева во реката Освего, која е притока на езерото Онтарио.

                                     

1. Надворешни врски

  • New York State Parks: Sampson State Park
  • "Test and evaluation of Seawolf class submarine at the Naval Undersea Warfare Center"
  • "Seneca Lake Sonar Test Facility"
  • Sampson Air Force Veterans Website
  • Sampson Naval Training Station Veterans Website
  • "Finger Lakes Underwater Preserve Association"