Топ-100
Back

ⓘ Собрание на Македонија - претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во Македонија. Собранието е еднодомно и според Уставот на Република М ..




                                               

Влада на Оливер Спасовски

Собрание на Македонија
                                     

ⓘ Собрание на Македонија

Собрание на Македонија - претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во Македонија. Собранието е еднодомно и според Уставот на Република Македонија може да биде составено од 120 до 140 пратеници, но во сите досегашни состави биле избирани по 120 пратеници. По парламентарните избори од 2011 година, бројот на пратеници се зголемил на 123 пратеници, поради изборот на тројца пратеници од дијаспората, но во најновиот пратенички состав од 2016 година повторно има само 120 пратеници.

Пратениците се избираат на општи и непосредни избори со тајно гласање. Право да биде избран за пратеник има секој државјанин на РМ кој наполнил 18 години, има деловна способност и не се наоѓа на издржување на казна затвор за сторено кривично дело. Пратениците во Собранието на РМ ги претставуваат граѓаните во Собранието, при што одлучуваат по сопствено убедување. Мандатот на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани. Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието. Собранието заседава во Скопје. Актуелен претседател на Собранието е Талат Џафери.

                                     

1. Палата

Собранието работи во зградата на Собраниската палата, сместена во близина на Плоштад Македонија во Скопје, наспроти паркот Жена-борец. Палатата била изградена во 1938 година по проект на Виктор Худак, чешки архитект. Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, надвор во форма на петоаголник со внатрешен двор со сала. Првично се употребувала од локалната управа во тогашното Кралство СХС, сè до ослободувањето на градот Скопје во ноември 1944 година кога овде се сместува тогашната републичка власт - претседателот, Народното Собрание, Владата и Уставниот суд на ДФ Македонија.

По Скопскиот земјотрес од 1963 година, зградата била оштетена и се презеле големи зафати за нејзино санирање и реконструкција. Како дел од Скопје 2014 пред Палатата е поставен Споменик на Никола Карев, водичот на Крушевската Република. Палатата на Собранието денес располага со повеќе сали за седници, кабинети на Претседателот на Републиката, Претседателот на Собранието, на потпретседателите, како и за раководителите на комисиите, пратеничките групи, стручните служби и секторите, и за генералниот секретар на Собранието и неговите заменици. "Палата на собранието". sobranie.mk. Посетено на 26 јануари 2021.

                                     

2. Надлежности на Собранието

Собранието на Република Македонија го донесува и изменува Уставот на Македонија, донесува закони и дава автентично толкување на законите, ги утврдува јавните давачки, донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот, донесува просторен план на Републиката, ратификува меѓународни договори, одлучува за војна и мир, донесува одлуки за менување на границите на Републиката, донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави, распишува референдум, одлучува за резервите на Републиката, основа совети, избира Влада на Република Македонија, избира судии на Уставниот суд на Република Македонија, врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон, врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието, дава амнестија и врши други работи утврдени со Уставот.

                                     

3. Претседател на Собранието

Собранието е предводено од претседател на која функција во моментов служи Талат Џафери од ДУИ, избран на 27 април 2017 година, неколку минути пред да се случи упадот во Собранието. Првиот претседател на Собранието е Стојан Андов.

Во водството е вклучен и генералниот секретар на која функција од 15 јули 2017 година е Цветанка Иванова од СДСМ.

Список на претседатели Партии

ЛПМ СДСМ ДА ЛДП ВМРО-ДПМНЕ ДУИ

Статус