Топ-100
Back

ⓘ Манастирска порта Света Троица, Киев. Манастирската порта на Света Троица е историска црква која се наоѓа во Киево-печерската лавра во Киев, Украина. Христијанс ..




Манастирска порта Света Троица (Киев)
                                     

ⓘ Манастирска порта Света Троица (Киев)

Манастирската порта на Света Троица е историска црква која се наоѓа во Киево-печерската лавра во Киев, Украина.

Христијанскиот храм бил изграден во периодот од 1106 до 1108 година, како дел од Киево-печерската тврдина. Црквата била основана од страна на внукот на Светослав II, кој подоцна се откажал од својот статус како кнез, и се замонашил на 17 ноември 1106 година.

Во 1240 година, целиот комплекс бил разрушен од страна на Монголоте. Во тоа време посебно настрадала главната катедрална Успенска црква, па Манастирската порта на Света Троица станала главна катедрала на комплексот.

Старата црква претставуваа типичен пример за киевската архитектура. По нејзиното разрушување и на неколкупати реконструирање, денеска таа е изградена во украински барок.