Топ-100
Back

ⓘ Црква Вознесение Христово, Киев. Црквата Вознесение Христово е црква која се наоѓа во Киево-печерската лавра во Киев, Украина. Христијанскиот храм се наоѓа на п ..




Црква Вознесение Христово (Киев)
                                     

ⓘ Црква Вознесение Христово (Киев)

Црквата Вознесение Христово е црква која се наоѓа во Киево-печерската лавра во Киев, Украина.

Христијанскиот храм се наоѓа на патот кој води кон Блиските и Далечните пештери. Црквата била изградена во 1705 година во стил на барок. Двете порти околу црквата биле изградени кон почетокот на 20 век. Едната порта лежи на северниот дел а другиот на западниот.

Црквата е спомен на жртвите на војната во Авганистан 1979-1989 период.

Според некои историски извори, на ова место во 11 век за првпат била изградена црква, која уште тогаш била посветена на Христовото воскресение, во времето на владетелот на Киевска Рус, Јарослав. Во периодот од 1701-1705 година била изградена денешната црква. Во 1887 година избувнал голем пожар во регионот, каде бил зафатен и олтарот од христијанскиот храм. По ова, истиот бил поправен.

За време на Граѓанската војна во 1917 година, цркватабила делумно уништена. Во следните години црквата останала во руини а иконостасот, иконите и другите средновековни вредности биле униптени.

Во 1980-тите години, храмот бил реновиран и посветен на жртвите од војната во Авганистан.