Топ-100
Back

ⓘ Киево-печерска камбанарија. Киево-печерската камбанарија или Големата камбанарија е главната камбанарија на античкиот пештерски манастир кој се наоѓа во Киев, У ..




Киево-печерска камбанарија
                                     

ⓘ Киево-печерска камбанарија

Киево-печерската камбанарија или Големата камбанарија е главната камбанарија на античкиот пештерски манастир кој се наоѓа во Киев, Украина.

Камбанаријата е највисоката градба во комплексот. Таа била градена во периодот од 1731 до 1745 година и дизајнирана од страна на архитектот Јохан Готфрид Шадел. Нејзината вкупна висина, со христијанскиот крст е 96.5 метри или 316 стапки.

Камбанаријата била повредена во времето на Втората светска војна во 1941 година. Во 1961 година била санирана.

Камбанаријата е составена на четири спрата, а нејзината купола е позлатена. Пречникот на најниското ниво на кулата е 28.8 метри или 94 стапки а дебелината на првиот ред ѕидови е 8 метри 26 стапки. На четвртиот спрат се наоѓа часовник, чиј механизам е еден од најточните во гртадот. Сепак, според некои неговата точност зависи од времето на годината: во текот на зимата, часовникот работи малку побавно отколку во лето.