Топ-100
Back

ⓘ Географија на Танзанија. Географијата на Танзанија е една од најразновидните и најкарактеристичните во светот. Ја опфаќа највисоката точка во Африка, врвот на п ..




Географија на Танзанија
                                     

ⓘ Географија на Танзанија

Географијата на Танзанија е една од најразновидните и најкарактеристичните во светот. Ја опфаќа највисоката точка во Африка, врвот на планината Килиманџаро, како и разни езера, планини и многубројни природни паркови.

Североисточниот дел на Танзанија е планински. Најпознати планини во овој предел се Меру и Килиманџаро, кои се активни вулкани. Природната убавина и височината на Килиманџаро привлекува голем број на туристи.

Западно од планините се наоѓа националниот парк Серенгети, познат по годишната преселба на милиони белобради гнуа, како и поради изобилството на лавови, леопарди, слонови, носорози и биволи. Недалеку од паркот се протега клисурата Олдувај, каде се пронајдени многу од најстарите човеколики фосили и наоди. Во оваа северна област има и неколку солени езера, вклучувајќи го езерото Натрон кое претставува значајно место за размножување на фламинга и екорегион самиот по себе.

Уште позападно се наоѓа езерото Викторија, на тромеѓето Кенија–Уганда–Танзанија. Ова е најголемото езеро во Африка и извор на реката Нил. На југозапад се ноаѓа езерото Тангањика, кое ги ја Танзанија од ДР Конго. Се смета дека ова е второ по старост и длабочина во светот, по Бајкалското Езеро во Сибир. Западниот дел од земјата, помеѓу езерата Викторија, Тангањика и Малави се одликува со рамни предели кои Светскиот фонд за дива природа WWF ги смета за дел од екорегионот Среднозамбески миомбовски кории. Во појужните делови, на границата со Замбија, се сместени Каламбовските водопади, каде се пронајдени најраните наоди на употреба на дрво кај праисторискиот човек.

Во средиштето на Танзанија се издига голема висорамнина. Јужната половина е покриена со тревнати предели, кои влегуваат во екорегионот Источни миомбовски кории. Најголем дел од овие предели се дел од огромниот ловен парк Селус. На север оттука се протега обработливо земјиште и новиот главен град Додома.

Источното крајбрежје на Танзанија е топло и влажно. Тука се наоѓа најголемиот град во земјата - Дар ес Салам. Веднаш на север од градот е сместен островот Занзибар, кој е полуавтономна територија на Танзанија позната по производството на зачини. На север е помалку познатиот остров Пемба. Крајбрежјето е обраснато со Источноафриканските мангрови, кои се мангровски мочуришта, кои претставуваат важно живеалиште за копнените и водните видови.

Климата на Танзанија се движи од топла и влажна на крајбрежјето, до поумерена во извишените средишни предели. Земјата има две дождовни сезони - долга и обилна од март до мај, и пократка и посува од ноември до јануари.

Земјата се дели на 25 региони од кои 20 се копнени, три на островот Занзибар и два на островот Пемба.

                                     

1. Клима

Земјата се одликува со тропска клима. Во планинските предели температурата се движи од 10 до 20 °C студена и топла сезона. Во остатокот од земјата температурата ретко паѓа под 20 °C. Најтоплиот период трае од ноември до февруари 25-31 °C а најстудениот трае од мај до август 15-20 °C.

Танзанија има два крупни врнежни региони. Еден е еднорежимски од декември до април, а другиот е дворежимски од октомври до декември и од март до мај. Првиот регион ги опфаќа јужните, југозападните, централните и западните делови од земјата, а вториот го опфаќа северот и северното крајбрежје.

Во дворежимскиот регион дождовите од март до мај се нарекуваат долготрајни дождови или "масика", а дождовите што паѓаат од октомври до декември се нарекуваат краткотрајни дождови или "вули".

                                     

2. Податоци

Местоположба: источна Африка, се граничи со Индискиот Океан, помеѓу Кенија и Мозамбик.

Географски координати: 6°00′S 35°00′E

Картографски наводи: Африка

Површина: напомена: тука се вбројуваат островите Мафија, Пемба и Занзибар

  • копно: 886.037 км 2
  • вода: 59.050 км 2
  • вкупна: 945.087 км 2

Копнени граници:

  • соседи: Бурунди 451 км, Кенија 769 км, Малави 475 км, Мозамбик 756 км, Руанда 217 км, Уганда 396 км, Замбија 338 км, ДР Конго 473 км
  • вкупно: 3.402 км

Крајбрежје: 1.424 км

Морски поседи:

  • исклучителна стопанска зона: 200 М 370.4 км
  • територијални води: 12 нми 22.2 км

Терен: рамници долж крајбрежјето; централна висорамнина; планински предели на северот и југот

Висински крајности:

  • највисока точка: Килиманџаро 5.892 м
  • најниска точка: Индиски Океан 0 м

Природни ресурси: хидроенергија, калај, фосфати, железна руда, јаглен, дијаманти, драги камења, злато, земен гас, никел

Искористеност на земјиштето:

  • обработливо земјиште: 3%
  • друго: 18% 1993
  • трајни пасишта: 40%
  • шуми и кории: 38%
  • трајни посеви: 1%

Наводнувано земјиште: 1.550 км 2 1998

Природни опасности: мувата цеце; поплавување на централната висорамнина во дождовната сезона; суша

Животна средина - тековни проблеми: осиромашување на почвата; обесшумување; опустинување; загрозување на морските живеалишта со уништување на коралниот гребен; неодамнешните суши ги погодиле периферните земјоделски активности

Животна средина - меѓународни договори:

  • потписник на: Биоразновидност, Климатски промени, Опустинување, Загрозени видови, Опасен отпад, Морско право, Забрана за атомски проби, Заштита на озонската обвивка, Мочуришта
  • потпишани, но нератификувани: Забрана за атомски проби

Географија - напомена: Килиманџаро е највисоката точка во Африка.

                                     

3. Важни географски подрачја

  • Менајски Залив - природен резерват
  • Килиманџаро - вулканска планина
  • Умба - долина од стопанско и гемолошко значење
  • Меру - вулканска планина
  • Олдувај - клисура од антрополошко значење
                                     

4. Крајни точки

Ова е список на крајните точки на Танзанија - најоддалечените места во земјата:

  • најсеверна точка - безимено место на границата со Уганда во реката Кагера, веднаш источно од угандскиот град Кикагати регион Кагера
  • најзападна точка - безимен рт веднаш западно од Уџиџи регион Кигома
  • најисточна точка - Мнази, регион Мтвара
  • најисточна точка копнена - безимен рт веднаш источно од градот Мвамбо регион Мтвара
  • најјужна точка - безимено место на границата со Мозамбик, во реката Рувума регион Рувума